Свет
Маж со експлозив дошол на железничка станица: нови детали за обидот за терористичкиот напад во Москва

На железничката станица во Москва е спречен обид за терористички напад.
Како што пренесува „РИА новости“, полицијата уапсила маж што планирал да разнесе тенк на железничката станица, изјави за новинарите Јулија Иванова, помошник на началникот на Главниот директорат на Истражниот комитет во руската престолнина.
Според истрагата, мажот, роден 1983 година, „добил задача од неидентификуван соучесник“ и за пари се согласил да изврши терористички напад.
Според соопштението, осомничениот првин ја зел експлозивната материја, а потоа пристигнал на една од улиците во југозападниот административен округ, каде што го зел детонаторот, по што бил уапсен.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Експлозија во продавница за играчки во Москва, едно лице загина

Едно лице загина, а три се повредени денеска кога експлодирала плинска боца во продавница за играчки во Москва, извести ДПА.
Експлозијата се случила во московската филијала на Детски Мир, најголемиот трговец на мало со детски производи во Русија. Првичната истрага укажува дека гас истекол од боца на третиот кат од повеќекатната стоковна куќа во центарот на градот, што ја предизвикало експлозијата, објави државната новинска агенција ТАСС.
Зградата била евакуирана веднаш по инцидентот.
Властите започнаа кривична истрага, но не се прецизира кон кого е насочена.
Градоначалникот на Москва Сергеј Собјанин изјави дека се сомнева оти причина за експлозијата е технички дефект. Засега, ниту властите ниту медиумите не спомунуваат можна врска на инцидентот со тековната војна во Украина.
Регион
Вучиќ најави намалување на цените на јајцата, зеленчукот, овошјето, млечните производи…

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, објави денеска дека од идната недела ќе се ограничат маржите во трговските синџири, што ќе доведе до пониски цени за околу 3.000 производи. Според него сега ти маржи сега се и до 45,2 проценти во најголемите синџири, и дека во наредниот период до крајот на годината ќе следат сеопфатни мерки за подобрување на животниот стандард на луѓето во Србија.
Toj најави и намалување на каматите на станбените, готовинските и потрошувачките кредити што ќе важи за следните 365 денови.
Вучиќ на прес-конференција изјави дека во наредниот период ќе бидат донесени закони за трговија и заштита на потрошувачите, додека до крајот на годината се очекува донесување на законот за забрана на нефер трговски практики.
Дел од мерките тој ги претстави денеска, а дел ќе бидат дополнително претставени во средината на септември. Маржите ќе бидат ограничени за 23 групи производи, односно околу 3.000 производи, што се однесуваат на 24 компании. Oпфатени се 24 трговци на мало.
„Во наредниот период ќе донесеме закон за трговија, ќе донесеме закон за заштита на потрошувачите, каде што ќе мора да има ценовници, нема да има измами со таканаречени промоции. А, до крајот на годината ќе донесеме и закон за спречување на нефер трговски практики, каде што им помагаме на домашните бизнисмени, на нашите добавувачи“, рече Вучиќ на денешната прес-конференција во Белград.
Вучиќ најави дека регулативата за ограничување на маржите „ќе започне следната недела“.
Тој истакна дека речиси и да нема да има измама, бидејќи се е обезбедено преку регулативата, преку директна контрола и пазарна инспекција, преку сите финансиски и даночни инспекции.
„Казните ќе бидат исклучително строги, но веќе разговаравме со трговците и ќе се погрижиме добро да го разберат тоа. Сакаме тие да остварат поголем профит и веруваме дека тоа е во нивен интерес, бидејќи луѓето ќе купуваат повеќе и ќе трошат повеќе пари, бидејќи знаат дека не плаќаат за нешто што е прескапо“, рече Вучиќ.
Тој додаде дека верува оти тоа е многу важно и дека е сигурен дека луѓето ќе бидат исклучително задоволни бидејќи секој од производите ќе биде значително поевтин. Како што истакна, за секој производ максималната маржа ќе биде 20 проценти, а максималниот „оф-рабат“ ќе биде 10 проценти.
„Се обидуваме да постигнеме ограничување на маржите што ќе придонесе за големо намалување на цените, вклучени се околу 3.000 производи. За да се види зошто стандардот е повисок во ЕУ – од 13 до 15 проценти оди во просечната потрошувачка кошничка, толку оди за храна. Во нашиот случај, оди помеѓу 40,6 и 47,8 проценти, во минималната потрошувачка кошничка, толку оди за храна, а потоа малку пари остануваат за луѓето за други потреби“, рече Вучиќ.
Српскиот претседател најави намалување на цените на сапун, паста за заби, детергенти, пелени за бебиња и возрасни, ориз, безалкохолни пијалоци, солени кондиторски производи, зеленчук и овошје, замрзнати производи, оцет, тестенини, млечни производи, јајца…
„Србија има стабилен девизен курс веќе 13 години, тоа никогаш не било случај. Србија има ниска стапка на јавен долг, некаде околу 45 проценти, сите тие бројки се добри. Таму каде што ние, признавам, направивме грешка, поради разни проблеми, не обрнав доволно внимание на одредени работи што излегоа од контрола“, рече Вучиќ.
Според него, неговата грешка била кога имало две претходни акции за намалување на цените, кои не биле ограничувања на маржите за сите производи.
Во врска со каматните стапки на кредитите, претседателот на Србија рече дека целта е да се поттикне дополнителна потрошувачка. Поповолни кредити се обезбедуваат за граѓани со приход до 100.000 динари.
„Стапката на сиромаштија во Србија е најниска, но сè уште има луѓе кои се сиромашни, секоја година тој број се намалува. Но, ова се однесува на средната класа. Просечната плата во мај била 107.500 динари, медијалната плата е 83.525 динари. Околу 50 проценти од граѓаните примаат плата што е помала од 83.525 динари, имаме голем број граѓани кои имаат големи плати од над 100.000 динари. значајна стратификација, сакаме да им помогнеме на средната класа“, рече тој.
Тој тврди дека тие мерки досега „не се видени во историјата на Србија“.
„Граѓаните и пензионерите со пензија до 100.000 динари можат да земат готовински кредити до 9.000 евра. Со ваков вид пензија и плата, до вчера каматната стапка на динарските кредити беше до 11,35. Сега им кажуваме – не смее да надмине 7,5 проценти. Поштенска штедилница ќе ја намали на 5,99“, нагласи Вучиќ.
Беа објавени и измени на Законот за извршување и обезбедување (ЗИО), според кои конфискацијата на недвижен имот ќе биде невозможна, ако станува збор за единствен семеен недвижен имот, ако живеалиштето на таа адреса е регистрирано најмалку пет години пред поднесувањето на предлогот за извршување, како и ако станува збор за стан со површина до 60 квадратни метри.
Претставувајќи нов пакет економски мерки за подобрување на животниот стандард на граѓаните, тој додаде дека ќе има одредени услови, како што е постоењето на судска одлука дека станува збор за едносемејна куќа, и дека новата регулатива ќе содржи „уште некои бенефиции за должниците на извршување“.
Свет
Палестински камерман убиен во појасот Газа

Палестинската новинска агенција (ВАФА) објави дека израелските војници убиле палестински камерман во северниот дел на Појасот Газа. Камерманот Калед ал Мадхун бил смртно застрелан во близина на преминот Зиким.
Израелската армија сè уште не го коментираше инцидентот.
Во средината на август израелската армија во градот Газа уби четворица вработени во Ал Џезира.
Израелската војска ја потврди смртта на дописникот Анас ал-Шариф, наведувајќи дека 28-годишникот се претставувал како новинар на Ал Џезира додека водел терористичка ќелија за палестинската милитантна организација Хамас.
Според податоци на Комитетот за заштита на новинарите (ЦПЈ) и Меѓународната федерација на новинари (ИФЈ) од почетокот на војната во Појасот Газа, октомври 2023 до 11 август во израелските напади загинале Израел 274 новинари и медиумски работници, од кои 269 биле Палестинци.