Свет
Маж украл авион од аеродром и слетал на плажа во Калифорнија
Маж е осомничен дека украл мал авион од аеродром во близина на Сан Франциско, а потоа слетал на плажа во Калифорнија.
Луиз Густаво Аирес (50) се изјасни за невин на вчерашното рочиште, кое доби неочекуван пресврт кога тој побара да се застапува.
Судијата го одби барањето пресудувајќи дека тој не е квалификуван да дејствува како свој адвокат. Аирес е притворен со кауција од 10.000 долари. Аирес исто така се соочува со три прекршочни пријави за поседување туѓа идентификација откако властите пронајдоа кредитни картички и лични карти на други лица во неговиот ранец.
Обвиненијата доаѓаат помалку од една недела откако властите добија извештај во четвртокот вечерта за мал авион што слетал во близина или на плажа во заливот Халф Мун, мал град на брегот на Калифорнија јужно од Сан Франциско.
Кога полицајците пристигнале во областа, го нашле едномоторниот авион во чудна положба, но неоштетен и празен. Набргу пронашле и привеле 50-годишен маж од Мајами, кој одговарал на описот на лицето што се гледало како се оддалечува од авионот.
Властите велат дека авионот бил украден од аеродромот „Пало Алто“ во близина на јужниот крај на заливот Сан Франциско. Според Федералната управа за авијација, авионот е регистриран на инструктор по летање од „Пало Алто“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Техеран ја потврди смртта на врховниот лидер Али Хамнеи и објави 40 дена жалост
Иранскиот државен радиодифузер ја потврди смртта на врховниот лидер Али Хамнеи, неколку часа откако САД и Израел соопштија дека тој е убиен во вчерашните воздушни напад, објави „Иран интернешнл“.
Кратко по објавата за смртта на лидерот, иранскиот кабинет објави седумдневен државен празник и 40 дена национална жалост.
86-годишниот Али Хамнеи беше на власт речиси четири децении, од 1989 година. Имаше врховна власт, владееше со владата, со војската и со судството во шиитската Исламска Република.
Фото: ЕПА
Свет
Убиени и ќерката, зетот и внукот на ајатолахот Али Хамнеи, јавуваат иранските медиуми
Ќерката, зетот и внукот на врховниот лидер на Иран, Али Хамнеи, се убиени во нападите, соопшти новинската агенција “Фарс“, која е поврзана со Корпусот на Исламската револуционерна гарда, повикувајќи се на „добро информирани извори“ во канцеларијата на врховниот лидер, објави вечерва „Би-Би-Си“.
„Фарс“, исто така, соопшти дека „една од снаите на ајатолахот Хамнеи е исто така убиена во нападите“.
Извештаите за смртта на снаата и зетот на Хамнеи претходно циркулираа, но подоцна беа демантирани.
Иранските власти сè уште официјално не ја потврдија смртта на самиот врховен лидер на Иран.
Фото: ЕПА
Свет
(Видео) На улиците на Техеран, Иран, се слави убиството на Али Хамнеи
Со музика и танцување вечерва жителите на многу ирански градови слават за убиството на лидерот на Исламската Република, ајатолахот Али Хамнеи, објави на социјалните мрежи „Иран интернешнл“.
Видео од Техеран покажува насмеани луѓе излезени на улица откога ја добиле веста дека Али Хамнеи е убиен.
Во Караџ голем број граѓани танцуваат на улица, а жителите пак на Бандар Абас се излезени на улиците со автомобили и слават со сирените.
86-годишниот Али Хамнеи беше на власт речиси четири децении, од 1989 година. Имаше врховна власт, владееше со владата, со војската и со судството во шиитската Исламска Република.

