Европа
Макрон ги остави Тереза Меј и принцот Вилијам сами да одбележат стогодишнина од славна битка

Францускиот претседател, Емануел Макрон, се најде под жестоки критики во јавноста поради одлуката да не присуствува на церемонијата по повод одбележувањето на стогодишнината од битката кај Амјен, само за да не го наруши својот одмор на француската ривиера.
Дополнителни непријатности поради отсуството на Макрон предизвика и фактот дека британската премиерка, Тереза Меј, и принцот Вилијам, кои вчера присуствуваа на церемонијата во готската катедрала во овој француски град, беа принудени да го чекаат францускиот премиер, Едуард Филип, кој на крајот исто така не се појавил, пренесе денеска порталот „Политико“.
„Макрон веќе еднаш го прекина својот одмор во тврдината Брегансон поради Тереза Меј… Јасно е дека немал намера повторно да го прекинува“, пишува весникот „Паризјен“, осврнувајќи се на посетата на резиденцијата на францускиот претседател од страна на британската премиерка, претходно месецов, со цел тие двајца да разговараат за брегзит.
На крајот Флоранс Парли, француската министерка за одбрана, го прекинала својот годишен одмор за да присуствува на церемонијата.
Велика Британија и Франција вчера ја прославија годишнината од битката кај Амјен, која го отвори патот за победата на сојузниците во Првата светска војна. Во офанзивата учествувале речиси 100 000 австриски, британски, канадски и француски војници.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Шефот на украинската армија: Ги зајакнуваме силите во Курск

Украина го зголемува бројот на силите во областа Курск во Русија, изјави денеска украинскиот врховен командант Олександр Сирски, пренесе „Си-би-ес Њуз“.
Оваа одлука доаѓа во пресрет на клучните разговори меѓу украинските и американските претставници во Саудиска Арабија, кои ќе се одржат денеска.
Украинската војска започна офанзива во рускиот регион Курск во август, што ги изненади дури и нивните западни сојузници и зададе неочекуван удар на Кремљ. Меѓутоа, од неодамна Украина губи освоена територија, а само минатиот месец загубија две третини од територијата што некогаш ја контролираа во Курск.
„Донесов одлука да ја засилиме нашата група со потребните сили и средства, вклучително и електронско војување и беспилотни компоненти“, напиша Сирски во понеделникот на социјалните мрежи.
Москва тврди дека ја вратила контролата врз голем број села, вклучувајќи го и брзиот напредок во последните денови. Исто така, тврди дека зазеле село во украинскиот регион Суми, Новенке, кое не е далеку од витална рута за снабдување на украинските сили кои сè уште се присутни во Курск.
Рускиот напредок доаѓа откако претседателот Трамп одлучи да ја прекине американската воена помош и размена на разузнавачки информации со Украина – одлука што Белата куќа ја брани како сурова, но неопходна за „притисок“ на украинскиот претседател Володимир Зеленски да прифати прекин на огнот, пишува „Си-би-ес Њуз“.
Сирски изјави вчера дека динамиката на борбите меѓу регионите Курск и Суми е „под контрола на украинските одбранбени сили“.
Тој, исто така, се осврна на загриженоста што кружи во украинските медиуми дека руските сили би можеле да ги опколат украинските војници, велејќи дека во моментов не постои закана од опколување на нивните единици во регионот Курск.
Сепак, тој призна дека украинските сили попуштаат под зголемениот руски притисок и мора да се повлечат на позиции кои се полесни за одбрана. „Единиците ги преземаат неопходните мерки за маневрирање кон поволни одбранбени линии“, рече тој.
Европа
Зеленски нема да учествува на денешните мировни преговори меѓу украинските и американските претставници

Украинскиот претседател Володимир Зеленски нема да учествува на денешните мировни преговори меѓу украинските и американските претставници во Саудиска Арабија, но разговараше со саудискиот престолонаследник Мохамед бин Салман за време на вчерашната посета на земјата.
Зеленски го опиша разговорот како „добар“ и изрази благодарност до саудискиот престолонаследник за неговиот „мудар поглед на глобалните настани и поддршката за Украина“.
„Особено е важно да се слушнат зборовите на доверба во иднината на Украина пред да ја напуштам Саудиска Арабија“, додаде украинскиот претседател.
Саудиска Арабија како посредник во војната меѓу Украина и Русија
Владата на Бин Салман игра посредничка улога меѓу Украина и Русија, а Зеленски ја истакна важноста на Саудиска Арабија во мировните напори:
„Саудиска Арабија обезбедува клучна платформа за дипломатија и ние го цениме тоа“.
Во пресрет на преговорите во Џеда, вчера со Бин Салман се сретна и американскиот државен секретар Марко Рубио.
Европа
(Видео) Русија: Украина изврши напади со беспилотни летала врз Москва

Руските единици за противвоздушна одбрана уништија најмалку 11 украински беспилотни летала на пат кон Москва, изјави рано утрово градоначалникот на руската престолнина, додека воздухопловните власти соопштија дека ги прекинале летовите на двата аеродроми кои го опслужуваат градот.
Московскиот градоначалник Сергеј Собјанин изјави дека беспилотните летала биле соборени над областите Раменское и Домодедово во московскиот регион. И двете области се наоѓаат на околу 40 до 50 километри јужно и југоисточно од Кремљ.
„Според прелиминарните информации, нема штета или повредени“, рече Собјанин на апликацијата за пораки Телеграм.
Рускиот авијациски регулатор соопшти дека летовите на аеродромите Жуково и Домодедово се суспендирани поради загриженост за безбедноста на воздухот по извештаите за напади. Немаше коментари од Украина.
Киев честопати вели дека неговите напади во Русија се насочени кон уништување на инфраструктурата која е од клучно значење за севкупните воени напори на Москва и се одговор на континуираното руско бомбардирање на Украина од почетокот на војната пред три години.
Explosions and fire tonight across the Russian capital of Moscow, following a large-scale Ukrainian drone attack against the city. Damage has been reported to a number of high-rise apartment buildings and other locations, with Russian authorities claiming that air-defenses downed… pic.twitter.com/lwmQvG4wrK
— OSINTdefender (@sentdefender) March 11, 2025
Сепак, според снимките кои утринава се шират на Икс, во градот може да се забележат серија експлозии. Иако не е потврдено дека тоа е Москва, не би било првпат официјална Русија целосно да демантира какви било напади, додека во реалноста ситуацијата е многу поинаква.