Европа
Макрон доби ново предупредувачко писмо

„Во Франција се подготвува граѓанска војна и вие тоа добро го знаете“, напишаа активните офицери на француската армија во писмото до претседателот Емануел Макрон.
Така ги поддржаа пензионираните генерали, кои претходно напишаа отворено писмо со сличен тон, што укажува на недостиг на безбедносна и антиекстремистичка политика.
Писмото на офицерите, исто како и претходното писмо на генералите, го објави францускиот магазин „Валер актуел“. Имињата на офицерите што го напишале тоа не се објавени, но истакнато е дека тие се борци што заслужуваат почит.
„Ова се високи офицери чија чест беше изгазена претходните недели. Илјадници француски војници потпишаа отворено писмо, војници што дадоа сè од себе за да ја одбранат нашата слобода. Со нив се однесувате како со бунтовници, иако единствен грев им е што ја сакаат својата земја и жалат за нејзиниот пад“, се вели во писмото.
Во него се наведува дека се гледа „насилството во нашите градови и села“ и дека „омразата кон Франција и нејзината историја станува правило“.
„Граѓанската војна се подготвува во Франција и вие тоа добро го знаете. Време е за акција за спас на нашата татковина и овој пат станува збор за опстанокот на нашата земја“, се вели во писмото.
Претходно, истиот магазин објави писмо од повеќе од 1.000 воени службеници, меѓу кои и 20 генерали во пензија, кои бараат од Макрон и од владата да преземат мерки против опасностите од исламизмот и верскиот фанатизам за кои велат дека може да го поделат општеството и да предизвикаат граѓанска војна во државата.
Отворено писмо од група пензионирани генерали, кои бараат одбрана на Франција од исламизмот, наиде на симпатии во јавноста, напиша претходно „Дојче веле“.
Марин Ле Пен, лидерка на десничарската Национална алијанса, испрати порака до пензионираните генерали давајќи им целосна поддршка: „Ве поканувам да се вклучите во почнатата битка и битката што е над сите битки, битката за Франција. Како граѓанин и како жена политичар го споделувам вашето страдање“, наведе Марин Ле Пен.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Чешкиот претседател: Кина е на исто ниво со Русија кога станува збор за хакирање

Кина е на исто ниво со Русија кога станува збор за државно спонзорирано хакирање и шпионажа, изјави чешкиот претседател Петр Павел за „Фајненшл тајмс“.
„Пекинг и Москва се „еднакви во однос на сајбер заканата““, рече тој, додавајќи: „Сведоци сме на сајбер напади од двете страни, речиси на исто ниво“.
Минатиот месец, Чешката Република ја обвини Кина дека е одговорна за „злонамерна кибер кампања“ насочена кон мрежа што се користи за некласифицирани комуникации во нејзиното Министерство за надворешни работи.
Кина ги отфрли обвинувањата.
Европа
Путин: Мојата внука течно зборува кинески

Рускиот претседател Владимир Путин рече дека неговата внука течно зборува кинески бидејќи нејзината дадилка е од Пекинг. Путин се обидуваше да ги нагласи блиските врски меѓу Москва и Пекинг.
„Споменав дека некои од моите блиски роднини учат кинески, мислев на мојата внука, чија дадилка е од Пекинг. Таа течно зборува кинески со неа“, рече Путин за време на состанокот со странски новинари во Санкт Петербург.
„Русите покажуваат зголемен интерес за учење кинески јазик како што се продлабочуваат економските врски меѓу двете земји. Годишната трговија достигнува 240 милијарди долари“, истакна тој.
Забелешката на Путин понуди редок поглед во личниот живот на рускиот претседател и ги илустрираше блиските врски меѓу двете земји.
Кина не се придружи на меѓународните санкции што ја погодија Русија по нејзината инвазија на Украина во 2022 година, туку се позиционираше како клучен трговски партнер.
Европа
Зеленски назначи нов командант на копнените сили

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес го назначи Генадиј Шаповалов за нов командант на Копнените сили, откако неговиот претходник поднесе оставка поради рускиот напад на полигон за обука.
Шаповалов, чие назначување беше објавено со претседателски декрет, претходно беше офицер за врска во координативниот центар на НАТО во Германија.
Претходно ги водеше силите на Оперативната команда „Југ“.
Шаповалов го заменува Михаило Драпатиј на функцијата врховен командант на Копнените сили, кој поднесе оставка овој месец поради смртоносен напад на полигон за обука во југоисточна Украина.
Зеленски го премести Драпатиј на функцијата командант на здружените сили како дел од воената реконструкција.