Свет
Макрон му порача на Нетанјаху: Присилното преместување на населението е воено злосторство
За време на телефонскиот разговор со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, францускиот претседател Емануел Макрон го потврди своето противење на офанзивата на израелските одбранбени сили (ИДФ) во Рафа и го предупреди дека секое принудно преместување на населението ќе претставува воено злосторство, соопшти прес-службата на соопшти Елисејската палата.
Макрон, кој повикува на итен и траен прекин на огнот во Газа, исто така ги осуди неодамнешните израелски најави за раселување, а Израел најави заплена на 800 хектари земја во долината Јордан на окупираниот Западен Брег, објави телевизијата БФМ.
Додека израелската армија од понеделникот спроведува голема операција во болничкиот комплекс „Ал Чифа“ во градот Газа, каде што тврди дека убила околу 170 борци и вети дека ќе остане додека не се најде последниот човек на Хамас, Макрон изрази длабока загриженост за операции извршени од израелската војска.
Макрон повтори дека иднината на Газа може да се обезбеди само во рамките на идната палестинска држава и под одговорност на палестинската управа.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Египет врачи протестна нота поради операцијата на Израел во Рафа
Египет врачи протестна нота до Израел, САД и европските влади, тврдејќи дека операцијата на Израел во Рафа го загрозува нивниот мировен договор, изјави за АП висок египетски функционер кој сакаше да остане анонимен.
Израелската армија (ИДФ) вчера ги повика палестинските цивили да евакуираат неколку населби од Рафа, поради операцијата насочена кон милитантната група Хамас, пишува „Д тајмс оф Израел“.
„Волстрит журнал“ во февруари објави дека египетските власти тврделе дека долгогодишниот мировен договор меѓу Египет и Израел може да биде загрозен доколку војниците на ИДФ влезат во Рафа или ако бегалците од тој град бидат принудени да се упатат на југ кон египетскиот Синајски Полуостров.
За да спречи голем прилив на бегалци, Египет постави тенкови на границата со Газа.
Свет
Ердоган: И Хитлер по позавидел на методите на Нетанјаху
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави денеска дека израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху достигнал ниво со геноцидни методи што дури и Хитлер би го направил љубоморен.
„Дали е можно да се набљудува што им прави Израел на луѓето во Газа со месеци и да се види дека е легитимно Израел да бомбардира болници, да убива деца, да угнетува цивили и да ги осудува невините луѓе на глад, жед и недостаток на лекови под различни изговори ? Што правел Хитлер во минатото? Угнетуваше и убиваше луѓе во концентрациони логори“, изјави Ердоган во интервју за грчкиот весник „Катимерини“, пренесе „Анадолија“.
Тој праша „нели Газа беше претворена во затвор на отворено, не само по 7 октомври, туку и години пред тоа“.
„Зарем луѓето таму со години не беа осудени на ограничени ресурси, речиси како во концентрационен логор? Кој е одговорен за најбруталните и најсистематски масовни убиства во Газа од 7 октомври?“, праша Ердоган.
Тој додаде дека Нетанјаху достигнал ниво што би го направило Хитлер љубоморен на неговите геноцидни методи.
„Зборуваме за тоа Израел да таргетира амбулантни возила, да ги погоди местата за дистрибуција на храна и да отвори оган врз конвоите со помош“, рече тој.
Претседателот на Турција додаде дека се прекршени правата и слободите на жителите на Газа, особено нивното право на живот.
„Ги браниме нивните права. Ние го браниме мирот. Израел, од друга страна, продолжува несовесно да ги крши резолуциите на ОН, меѓународното право и човековите права“, нагласи тој.
Ердоган рече дека палестинскиот отпор нема да биде неопходен доколку постои „суверена, независна, географски интегрирана држава Палестина, во границите од 1967 година, со источен Ерусалим како главен град“.
„Хамас исто така најави дека, доколку тоа се случи, ќе го распушти своето вооружено крило и ќе продолжи да дејствува како политичка партија. Решението за две држави е ефикасен начин за обезбедување траен и одржлив мир“, рече Ердоган, додавајќи дека палестинската група се согласила на договор за прекин на огнот, но Израел не сака примирје бидејќи сака да ја окупира цела Газа.
Свет
Силен земјотрес во близина на брегот на Мексико
Земјотрес со јачина од 6,3 степени според Рихтеровата скала е регистриран денеска во близина на брегот на мексиканската држава Чијапас, соопшти германскиот истражувачки центар за геонауки (ГФЗ).
ГФЗ соопшти дека епицентарот на земјотресот бил на длабочина од околу 10 километри.