Свет
Макрон патува во Русија во обид да го спаси договорот со Иран

Посетата на францускиот претседател, Емануел Макрон, на Русија неделава претставува дел од поголемите европски напори да се влијае врз рускиот претседател, Владимир Путин, во поглед на иранскиот нуклеарен договор, пренесува „Блумберг“.
Макрон в четврток ќе одржи директни разговори со Путин во врска со Иран, Сирија и Украина, а в петок ќе присуствува на економскиот форум во Санкт Петерсбург.
„Блумберг“ потенцира дека на Франција и европските сојузници сега им треба помошта од Русија за да го спасат договорот. Германската канцеларка, Ангела Меркел, веќе имаше разговори со Путин на оваа тема во Сочи минатата недела. Во понеделникот американскиот државен секретар, Мајк Помпео, излезе со листа на барања кои беа отфрлени од страна на Иран, и ги предупреди европските компании да не очекуваат олеснувања во поглед на новите американски санкции кон Техеран.
„Контекстот на патувањето се промени. Иранскиот договор овозможува шанса за Русија бидејќи сега Франција одеднаш се наоѓа на истата страна како и Русија и Иран“, изјави Татјана Катсуева-Жан, директор на рускиот центар при Францускиот институт за меѓународни односи.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Макрон: Нема разговори за прекин на воената помош за Украина за време на прекинот на огнот

Францускиот претседател Емануел Макрон јасно стави до знаење дека Франција нема да се согласи да ја суспендира воената помош за Украина, дури ни за време на евентуално 30-дневно примирје.
„Нема предуслови. Испораките на оружје за одбрана и отпор на Украина нема да престанат“, рече Макрон, обраќајќи се до претседателот Володимир Зеленски.
Тој додаде дека доколку Русија не се придржува до предложеното примирје, таа мора да ги сноси последиците. „Во тој случај, ќе следат нови, посилни санкции и дополнителна поддршка за Украина. Треба да подготвиме нов пакет санкции – тоа не смее да биде рутинска мерка, туку нешто многу порешително“, нагласи тој.
Макрон претходно беше прашан што ќе сторат Украина и нејзините сојузници доколку Русија побара прекин на воената помош како услов за прекин на огнот. Кремљ повеќе пати ја отфрли идејата за едномесечно примирје, тврдејќи дека Западот ќе го искористи за дополнително вооружување на Украина.
Европа
Кремљ: Изјавите на европските земји се контрадикторни и конфронтирачки

Кремљ ги обвини европските земји за давање контрадикторни и конфронтирачки изјави, објави новинската агенција Интерфакс, откако европските лидери го поддржаа американскиот план за 30-дневен прекин на огнот во Украина и ѝ се заканија на Русија со „масовни“ санкции доколку не го почитува договорот.
„Слушаме многу контрадикторни изјави од Европа. Тие генерално се од конфронтациска природа и не се насочени кон обид за обновување на нашите односи. Ништо повеќе од тоа“, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, според Интерфакс.
Европа
Зеленски: Имаме добар договор со Америка, помошта не запира

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Киев и САД постигнале „многу добар договор“ за продолжување на воената соработка. „Можеме да сметаме на американска поддршка, не само од владата, туку и од приватниот сектор“, рече тој.
Тој особено ја истакна улогата на поранешниот претседател Доналд Трамп.
„Трамп не ја запре испораката на воена помош или размената на разузнавачки информации, што е клучно за одбраната на нашето небо. Тој не ги укина санкциите против Русија. Веруваме дека тој ќе продолжи да ја поддржува Украина.“