Свет
Макрон: „Путин нема да застане доколку ја порази Украина, бидете подготвени да одговорите“
Францускиот претседател Емануел Макрон ги нарече Русија и претседателот Владимир Путин противник кој нема да застане во Украина, доколку ги победи трупите на Киев во двогодишниот конфликт, апелирајќи до Европејците да не бидат „слаби“ и да бидат подготвени да одговорат.
Макрон предизвика контроверзии минатиот месец, откако рече дека не може да ја исклучи можноста за распоредување копнени трупи во Украина во иднина, при што многу лидери се оградија од тоа, додека други, особено во Источна Европа, изразија поддршка.
„Ако Русија победи во оваа војна, кредибилитетот на Европа ќе се сведе на нула“, рече Макрон во телевизиско интервју наменето главно за домашната публика, откако француската опозиција ги критикуваше неговите коментари како поттикнувачки.
Макрон рече дека „длабоко“ не се согласува со опозициските лидери.
„Денес, одлучувањето за воздржување или гласање против поддршката за Украина, тоа не е избор на мир, тоа е избор на пораз. Тоа е поинаку“, рече тој.
Главната опозициска партија на Макрон, екстремно десничарската Марин Ле Пен, беше воздржана во парламентот на гласањето, претходно оваа недела, за безбедносниот договор што Франција го потпиша со Украина, додека левичарската партија на Франција гласаше против.
„Ако војната се прошири во Европа, Русија ќе биде виновна“, додаде Макрон. „Но, ако решиме да бидеме слаби, ако решиме денес да не одговориме, тоа би било избор за губење. И јас не го сакам тоа“.
Тој рече дека е важно Европа да не повлекува црвени линии, што ќе ја сигнализира слабоста на Кремљ и ќе го охрабри да продолжи со инвазијата на Украина. Тој одби да елаборира како би можело да изгледа распоредувањето во Украина.
„Не сакам да го правам тоа. Сакам Русија да ја запре оваа војна и да се повлече од своите позиции и да дозволи мир“, рече тој. „Нема да дадам видливост на некој што ништо не ми дава. Ова е прашање за претседателот Путин. Имам причина да не бидам прецизен“, рече тој.
Макрон рече дека Франција никогаш нема да започне офанзива против Русија и дека Париз не е во војна со Москва, и покрај фактот што Русија започна агресивни напади врз француските интереси внатре и надвор од Франција.
„Режимот на Кремљ е противник“, рече тој. Тој исто така кажа дека заканите на Путин за нуклеарни напади „не се соодветни“.
Макрон рече дека Украина е во „тешка“ ситуација на теренот и дека е неопходна посилна поддршка од сојузниците.
„Мирот не значи капитулација на Украина“, рече тој. „Да се сака мир не значи пораз. Да се сака мир не значи да се напушти Украина“, рече тој.
Тој исто така додаде дека се надева дека еден ден ќе дојде време да се преговара за мир со рускиот претседател „кој и да е тоа“, за првпат предвидувајќи ја можноста Путин повеќе да не биде на чело на Русија.
Макрон, исто така, рече дека не ја откажал планираната посета на Украина од безбедносни причини.
„Така рече Русија. Не треба да им се верува“, рече тој.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Украина го осуди притисокот од Унгарија и Словачка
Министерството за надворешни работи на Украина го осуди и отфрли, како што наведува, притисокот и ултиматумите од владите на Унгарија и Словачка поврзани со снабдувањето со енергија. Од Киев велат дека ваквите потези се провокативни и неодговорни, особено во момент кога Русија извршува масовни напади врз украинската енергетска инфраструктура.
Во соопштението се наведува дека заканите од Будимпешта и Братислава ја загрозуваат енергетската безбедност на целиот регион.
„Во услови кога Москва се обидува да им ги скрати струјата, греењето и гасот на Украинците оваа реторика му помага на агресорот и истовремено им штети на енергетските компании од Унгарија и Словачка“, се вели во соопштението.
Алтернативни начини на снабдување
Украина соопшти дека е во постојан контакт со Европската комисија за последиците од руските напади и дека им доставила информации на Унгарија и Словачка за оштетувањата на нафтоводот Дружба. Работите за стабилизирање на инфраструктурата продолжуваат и покрај постојаната закана од нови ракетни удари.
Киев, исто така, понудил алтернативни начини за снабдување со неруска нафта за Унгарија и Словачка.
„Украина секогаш била, е и ќе остане доверлив енергетски партнер на Европската унија и транзитна земја за енергенси“, се вели во соопштението.
Украина најави дека може да активира Механизам за рано предупредување предвиден со Договорот за асоцијација со ЕУ, поради како што велат, неоснованите закани.
Киев ги повика владите на Унгарија и Словачка на конструктивна соработка, истакнувајќи дека ултиматумите треба да се испраќаат до Кремљ, а не до Украина.
Закани од Словачка и Унгарија
Словачкиот премиер, Роберт Фицо, порача дека ќе ја прекине итната испорака на електрична енергија за Украина ако Киев во рок од два дена не продолжи со испорака на руска нафта кон Словачка. Словачка, заедно со Унгарија, е една од ретките земји на ЕУ што сè уште зависи од руска нафта преку нафтоводот Дружба.
И унгарскиот премиер, Виктор Орбан, се закани дека Унгарија може да ја запре испораката на електрична енергија за Украина ако не се обнови транзитот на нафтата. „Ако тоа го запреме, може да се случат сериозни последици“, рече Орбан.
Прекин на испораката на нафта
Испораката на руска нафта преку нафтоводот Дружба е прекината од 27 јануари, откако според Украина, руски дрон нападнал опрема во западна Украина. Словачка и Унгарија во последните денови ја заострија својата реторика за продолжување на снабдувањето.
Од октомври минатата година, Русија го засилила нападите врз украинскиот енергетски систем, уништувајќи снабдување со струја и топлина. И покрај војната, Украина продолжува да дозволува користење на својот територија за извоз на руска енергија во Европа, иако таа е значително намалена.
Свет
Американски професор по право: Трамп ризикува нови тужби за најновите царини
Американскиот професор по право, Алан Б. Морисон, изјави дека би бил „шокиран“ ако не следуваат нови тужби против Доналд Трамп поради најновите глобални царини што американскиот претседател ги воведе за увоз во САД.
Морисон, професор на Правниот факултет на Универзитетот „Џорџ Вашингтон“, за Sky News изјави дека Трамп „се обидува да направи многу работи што според законот не може“.
„Вчера рече дека ќе воведе давачка од 10 отсто, денес е 15 отсто, утре може да биде 25 отсто“, истакна професорот.
Претходно Трамп порача дека новата глобална царина од 15 отсто за увоз стапува на сила веднаш и дека станува збор за максималната стапка што може да ја наметне според постојното законодавство.
Морисон предупреди дека претседателот има „страшна буџетска нерамнотежа“ и дека би можел да мора да врати околу 150 милијарди долари на увозниците, што би претставувало „голем проблем за него“. Парите се од претходно воведените царини кои Врховниот суд ги прогласил за незаконски, но Трамп инсистира дека нема да бидат вратени.
Професорот објасни дека Трамп можел да воведе нови царини преку други закони кои во одредени околности тоа дозволуваат, со цел да се обиде да надомести дел од загубите од претходните царини.
Свет
Трамп ги зголемува новите царини од 10 на 15%
Американскиот претседател, Доналд Трамп, изјави дека ќе воведе глобални царини од 15%, продолжувајќи да се спротивставува на одлуката на Врховниот суд со која се укинати неговите претходни царини за увоз.
Трамп во петокот изјави дека ќе ги замени царините што ги укина судот со данок од 10% на сите стоки што влегуваат во САД.
Но, сега на „Truth Social“ тој објави дека ова ќе се зголеми на 15%.
Новите царини ќе стапат на сила во вторник, 24 февруари, и можат да останат на сила само околу пет месеци пред администрацијата да мора да побара одобрение од Конгресот.

