Свет
„Макрон сакаше да страдаме поради брегзитот“ – Борис Џонсон со експлозивни тврдења во своите мемоари
Францускиот претседател Емануел Макрон се обиде да ја натера Британија да страда поради напуштањето на Европската Унија, напиша поранешниот британски премиер Борис Џонсон во своите нови мемоари.
Во најновиот извадок од своите мемоари „Oслободен“, Џонсон го обвини францускиот претседател дека ја користел нередовната миграција како оружје за да го поткопа брегзитот, објави „Политико“.
Тој рече дека Макрон изгледал подготвен да замижи пред бандите што шверцуваат луѓе преку Каналот и тврди дека францускиот лидер го гледал брегзитот како „ужасно навредлив потег за ЕУ и неговиот поглед на светот“.
Двајцата лидери имаа ладен однос кога Џонсон беше на функцијата, со остри несогласувања за брегзитот, војната во Украина и правата за риболов, меѓу другите прашања.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Путин го унапреди својот поранешен телохранител во член на Советот за безбедност на Русија
Рускиот претседател Владимир Путин денеска го унапреди Алексеј Дјумин, неговиот поранешен телохранител, во член на рускиот Совет за безбедност.
„Да се вклучат следните лица како членови на Советот за безбедност на Руската Федерација: А. Г. Дјумин – помошник на претседателот, А. Л. Линка – шеф на ГУСП, Д. В. Мантурова – прв заменик претседател, В. И. Скворцова, шеф на ФМБА“, наведено е во декретот на претседателот на Русија, објави РИА Новости.
Путин го исклучи од Советот за безбедност вршителот на должноста секретар на Генералниот совет на Единствена Русија, Владимир Јакушев, кој минатата недела премина во Советот на Федерацијата.
Свет
Редакцијата на „Њујорк тајмс“ јавно ја поддржа Камала: „Таа е единствениот избор“
Уредничкиот одбот на „Њујорк Тајмс“ ја поддржа Камала Харис, нарекувајќи ја единствениот патриотски избор за претседател.
Наместо да ги наведе позитивните аспекти на Камала Харис, уводникот се фокусираше на набројување на она што го смета за дисквалификувачки аргументи против Трамп.
„Тешко е да се замисли кандидат кој е понедостоен да ја извршува функцијата претседател на Соединетите држави“, пишува во едиторијалот за Трамп.
„Оваа недвосмислена, обесхрабрувачка вистина – Доналд Трамп не е соодветен за функцијата претседател – треба да биде доволна за секој гласач кој се грижи за здравјето на нашата земја и стабилноста на нашата демократија да го оневозможи реизборот“, се вели во соопштението за печатот, потпишано од 14 новинари.
„Поради оваа причина, без оглед на политичките несогласувања што гласачите може да ги имаат со неа, Камала Харис е единствениот патриотски избор за претседател“, се додава.
Одлуката за поддршка на Харис не е изненадувачка. Редакцискиот одбор не одобрил републиканец за претседател уште од Двајт Ајзенхауер во 1956 година.
Во јули, 10 дена пред претседателот Џо Бајден да се откаже од трката, уредничкиот одбор објави остра критика во пет дела за Трамп.
Весникот ја нарекува Харис „посветен јавен службеник“ кој е „повеќе од неопходна алтернатива“. Тврдат дека нејзините планови за економијата, здравството, надворешната политика и имиграцијата се причина да ја изберат на претседателските избори во ноември.
Признаваат дека некои од тие планови не се толку детални колку што би сакале гласачите, но повторуваат дека опасноста е многу поголема од вториот мандат на Трамп. Тие посочуваат дека Трамп најавил дека ќе ја искористи владата за да ги нападне своите политички непријатели.
„Ако американските гласачи не му се спротивстават, Трамп ќе има моќ да предизвика длабока и трајна штета на нашата демократија“, предвидува уредникот, заклучувајќи дека Камала Харис е единствениот избор.
Свет
Крадци со автомобил влетаа во Луј Витон во центарот на Париз, украдоа се’ за четири минути
Четворица разбојници денеска околу 4 часот и 30 минути упаднале во продавницата на Луј Витон во центарот на Париз и за неколку минути украле повеќе од 100 предмети, јавуваат француските медиуми.
Разбојниците влегле во продавницата со автомобил возејќи во рикверц. Во рок од четири минути, според полициски извори, тие украле голем дел од робата на продавницата, вклучувајќи и повеќе од 100 луксузни предмети. Полициски извор наведува дека засега штетата се проценува на 900.000 евра.
Le magasin #LouisVuitton de Saint Germain des Près s’est fait défoncer sa grille cette nuit et voler tout le magasin pic.twitter.com/3M3gs3M6pg
— phobo74 (@phobo74) September 30, 2024
По грабежот побегнале, а полицијата трага по нив.
Француските медиуми пишуваат и дека има видео од надзорните камери кои потврдуваат дека провалниците биле во продавницата само четири минути.