Свет
Макрон: Франција нема да испрати копнени трупи во Украина за да учествуваат во војната
Францускиот претседател Емануел Макрон најави дека денеска ќе одржи нова средба со лидерите на неколку европски и неевропски земји.
„Целта е да разговараме со сите 27 (членки на ЕУ) до крајот на неделата“, изјави Макрон за француската телевизија РТЛ откога во понеделникот во Париз собра десет лидери од клучните европски земји, Европската Унија и НАТО.
Макрон рече дека Париз во моментот не се подготвува да испрати свои копнени трупи во Украина, но истакна дека Франција размислува да испрати воени експерти или ограничен контингент надвор од зоната на конфликтот, пренесува „Танјуг“.
„Денес, Франција не се подготвува да испрати борбени копнени трупи на линијата на фронтот. Меѓу решенијата за обезбедување безбедносни гаранции за Украина можно е испраќање експерти, па дури и војници во ограничен број, надвор од која било зона на конфликтот, да ги поддржат Украинците и да покажат солидарност“, рече Макрон.
Тој додаде дека Париз го поддржува повторното вооружување на Украина, што треба да стане дел од долгорочната безбедносна стратегија.
Францускиот лидер ја спомена и можноста да се одлучи во рамките на преговорите да се одлучи за спроведување мировна операција под мандат на ОН, која би се одвивала по линијата на фронтот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Ирак: Соборен дрон кај меѓународниот аеродром во Багдад
Ирачките власти соопштија дека дрон бил соборен во близина на меѓународниот аеродром во Багдад, без жртви или материјална штета, јави Анадолу.
Во соопштение пренесено од Ирачката новинска агенција (ИНА) се наведува дека леталото било пресретнато на надворешниот периметар на аеродромот.
Генерал-потполковник Саад Маан изјавил дека станува збор за мало беспилотно летело и потврдил дека нема човечки или материјални загуби.
Овој развој на настаните доаѓа откако претходно во Ербил, на северот на Ирак, се слушнале експлозии по напад со дрон насочен кон американскиот конзулат и градскиот аеродром, каде биле активирани системите за противвоздушна одбрана. Дроновите биле пресретнати, но нема потврда за нивниот точен број.
Свет
(Видео) Нови снимки од Бејрут: Хотел тешко оштетен во израелски напад
Нови снимки од либанската престолнина Бејрут покажуваат сериозни оштетувања на хотел во населбата Хазмие, источно од центарот на градот, додека израелските напади продолжуваат.
На снимките се гледа тешко оштетена фасада на хотелската зграда по нападот.
Hazmieh now pic.twitter.com/Q1lN9MoKlC
— Pheebs (@galpalpheebs) March 4, 2026
Фото: ЕПА
Свет
Мерц: Трамп ме увери дека американската војска ќе остане во Германија
Американскиот претседател Доналд Трамп потврдил дека САД планираат да ја задржат својата воена присутност во Германија, изјави германскиот канцелар Фридрих Мерц по средбата со него во Белата куќа.
„Трамп уште еднаш ме увери дека САД имаат намера да ја задржат својата воена присутност во Германија“, изјави Мерц во Вашингтон, додавајќи дека тоа се добри вести.
Во последните месеци се шпекулираше дека, поради критичкиот став на Трамп кон Европа, би можело да дојде до повлекување на американските трупи од Германија.
Мерц рече дека со Трамп разговарале и за подобра организација на заедничкото одвраќање пред самитот на НАТО во Анкара во јули.
Тој додаде дека Трамп признал дека Германија презела водечка улога во зајакнувањето на европскиот столб на НАТО и дека САД го почитуваат германското вложување во војската.

