Свет
Малезиската влада ги советува жените да работат од дома нашминкани и да не им пречат на сопрузите

Малезиското Министерство за семејство на „Фејсбук“ постави сет упатства за жените што работат од дома за време на карантинот поради коронавирусот.
Владата ги советува жените да бидат убаво облечени, нашминкани и да се однесуваат како што тоа би го правеле кога одат на работа. Тоа вклучува пристоен разговор со сопрузите и исклучува саркастични коментари или задевање што не се препорачува во оваа објава.
The women, family and community development ministry comes up with online posters on how to avoid domestic conflicts during the MCO. #FMTNews #WanitaCegahCOVID19 #Malaysia https://t.co/EoB8Ycd763
— Free Malaysia Today (@fmtoday) March 31, 2020
Жените исто така не треба да влегуваат во дискусии и расправии со сопрузите кои не сакаат да ги вршат домашните работи. Ако мажите решат да им помогнат, жените треба убаво да им објаснат што да прават, без иронични коментари. Покрај тоа, се препорачува жените кога разговараат со своите сопрузи, да се обидат да го имитираат гласот на Доремон, лик од јапонски манга-филмови.
Соопштението предизвика револт кај организациите за права на жените во Малезија, кои го осудија ваквиот потег на владата нарекувајќи го дискриминаторски и поразувачки за општеството. Во моментот Малезија е рангирана на 104. место на светската ранг-листа за еднаквост на половите.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Трамп до министрите: Вие сте задолжени за отпуштањата, ако не ги решите, тогаш Маск ќе ги реши

Американскиот претседател Доналд Трамп им кажа на членовите на неговиот кабинет дека тие се одговорни за кратењето на работните места, а не Илон Маск, бидејќи продолжуваат прашањата за улогата на милијардерот во големите промени во федералната влада.
Трамп рече дека им кажал на своите министри на состанок зад затворени врати на кој присуствувале повеќето членови на кабинетот, како и Маск.
Во исто време, Илон Маск на приватни состаноци со републиканските пратеници изјави дека не е виновен за масовните отпуштања на федералните работници што предизвикаа бес низ САД. Според Асошиетед прес, во разговори со конгресмени кои се под притисок на гласачите незадоволни од отпуштањата на илјадници работници, вклучително и воени ветерани, Маск рекол дека одделни федерални агенции носат одлуки за отпуштање.
„Не сакам да видам големи отпуштања каде што многу добри луѓе ќе ги загубат своите работни места. Сакам министрите да ги задржат добрите луѓе, а оние кои не работат добро, на кои не може да се смета, кои не доаѓаат на работа и слично, тие луѓе можат да бидат отпуштени“, им рече Трамп на новинарите во Овалната соба.
„Ако министрите можат да ги направат кратењата, тоа е подобро. И ако не ги направат кратењата, тогаш Илон ќе ги направи“, рече Трамп.
Маск е јавното лице на напорите на администрацијата на Трамп да ги намали федералните трошоци и бројот на вработени преку Одделот за владина ефикасност, познат по својот акроним DOGE, кој, и покрај неговото име, не е вистинска федерална агенција. Сепак, Белата куќа останува на ставот дека Маск не е шеф на DOGE, туку „специјален државен службеник“ кој го советува претседателот и нема овластување да поставува политика.
Нејаснотијата околу тоа кој раководи со DOGE и каква власт всушност има Маск поттикна критики и правни предизвици поврзани со DOGE и масовните отпуштања во бројни агенции. Трамп ја додаде конфузијата кога во обраќањето пред Конгресот оваа недела рече дека DOGE е „воден“ од Маск, пренесува медиумот.
Трамп ги даде коментарите откако пратениците од двете партии изразија загриженост дека министрите, а не Маск, треба да носат одлуки за вработување и отпуштање.
Во вторникот, лидерот на мнозинството во Сенатот, Џон Тун, републиканецот од Јужна Дакота, изјави за Си-Ен-Ен дека целите на Маск се здрави, но дека раководителите на агенциите „веројатно се поинформирани за индивидуалните програми“.
Администрацијата на Трамп планира нови големи намалувања на бројот на вработени во федералната администрација.
„Златното доба на Америка штотуку започна. Во последните шест недели, нашата администрација ги исполни ветувањата какви што немаше, секогаш ставајќи ја Америка на прво место. Сега кога е формиран мојот кабинет, им наложив на министрите и раководството да работат со ДОГЕ на различни мерки за намалување на трошоците и кадровски прашања. Како министрите ќе ги запознаваатлуѓето во различните министерства и ќе ја сфатат нивната работа, ќе можат многу прецизно да видат кој останува а кој заминува Велиме „скалпел“, а не секира. Заедно со Елон, ДОГЕ и други големи луѓе ќе успееме да постигнеме историски резултати.
Само што имавме средба со повеќето министри, Илон и другите, и беше многу позитивна средба. Многу е важно да се намали бројот на вработени на вистинско ниво, но подеднакво е важно да се задржат најдобрите и најпродуктивните луѓе. Овие состаноци ќе ги продолжиме на секои две недели додека не се заврши оваа многу важна работа. Односите меѓу сите во таа соба се извонредни. Сите сакаат да стигнат до истата цел, а тоа е, едноставно, Америка да ја направиме повторно голема“, напиша Трамп на својата мрежа.
Свет
(Видео) Се урна мост во Белгија: бетонот повлече работници и кранови, има загинати и повредени

Едно лице загина, а две се повредени при уривање на мост на автопат во близина на градот Ла Лувиер, на југот на Белгија, соопштија властите.
Градоначалникот Жак Гобер изјави за Ројтерс дека еден работник на мостот загинал кога се урнал, додека други двајца се повредени.
Derrumbe puente de La Louvière, Bélgica.#Lalouvière #Belgium #Belgica #puente #Accidente pic.twitter.com/YDe4fOVeJx
— BryStt (@bry_stt) March 6, 2025
Се појавија застрашувачки снимки од моментот кога се урна дел од мостот.
На видеото се гледа како се урива тротоарот на дел од мостот, повлекувајќи два крана зад него, додека сообраќајот продолжува на другиот дел од мостот. Огромен облак од прашина потоа се издигна над Е42.
Повредените работници се пренесени во болница и еден од нив е тешко повреден, додека други двајца полесно.
Инцидентот се случил вчера попладне во моментот кога на мостот работеле 12 работници, а коловозните ленти биле полни со возила.
Свет
Трамп оди во Саудиска Арабија, сака договор од трилиони долари

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера изјави дека најверојатно ќе го направи своето прво странско патување во Саудиска Арабија за да склучи договор со Ријад за инвестирање повеќе од 1 трилион долари во американската економија, вклучително и купување на воена опрема.
Говорејќи пред новинарите во Овалната соба, Трамп рече дека најверојатно ќе отпатува таму во текот на следниот месец и половина. Тој истакна дека првото патување во странство од неговиот прв мандат беше во Ријад во 2017 година за да ги објави саудиските инвестиции проценети на 350 милијарди долари во тоа време.
„Овој пат тие станаа побогати, сите ние остаревме“, рече Трамп.
Тој рече дека, под негови инструкции, Саудијците биле подготвени да инвестираат трилион долари во текот на четири години во американски компании, вклучително и купување на американска воена опрема.
„И тие се согласија да го направат тоа, па јас ќе одам таму и имам одличен однос со нив, а тие беа многу љубезни“, рече Трамп.
Саудиска Арабија презема сè позначајна улога во американската надворешна политика. Специјалниот пратеник на Трамп за Блискиот Исток, Стив Виткоф, им изјави на новинарите дека Саудијците ќе бидат домаќини на американско-украинскиот состанок следната недела на кој ќе се разговара за прекин на огнот во украинската војна.
Во февруари, Трамп се состана со претставници од PGA Tour и LIV Golf во саудиска сопственост, за да разговараат за надминување на јазот меѓу двете компании.
Џаред Кушнер, зет на претседателот и советник за Блискиот Исток за време на неговиот прв мандат, основаше приватна компанија која доби 2 милијарди долари саудиски инвестиции откако Трамп ја напушти функцијата.