Свет
Малезија заплени 1.2 тони кристален метамфетамин

Малезија ја заплени најголемата количина кристален метамфетамин во својата историја, која изнесува 1,2 тона, а била сокриена во пакувања за чај, пренесе „Ројтерс“, кој се повика на официјални извори. Пратката пристигнала од Мјанмар, а по запленувањето, уапсени се шест осомничени шверцери.
Според официјални извори, Југоисточна Азија се бори со шверц на огромни количини на овој стимулант во регионот. Индонезија и Тајланд исто така запленија рекордни количини од оваа дрога годинава.
Вкупно 1 187 килограми во вредност од 18 милиони долари биле испратени во контејнер од Јангон, Мјанмар, до пристаништето Кланг на периферијата на Куала Лумпур, изјавија директорот на царинската управа, Суброманиам Толаси.
„Ова е најголемата заплена во нашата историја во однос на вредност и маса“, изјави Толаси.
Кристалниот метамфетамин е вид метамфетамин, синтетичка дрога што создава силна зависност, а во јавноста е исто така познат и како „спид“, „шабу“, или „јаба“.
Пратката запленета на 22 мај била обележана како „храна“ и наменета за една малезиска трговска фирма од едно предградие на Куала Лумпур, додаде Толаси.
Пратката која беше спакувана во златно-жолти ќесички за ча, цариниците ја презентираа во одделот за операции со наркотици во Нилаи, во близина на Куала Лумпур. Во операцијата беа уапсени тројца жители на Мјанмар и тројца Малезијци.
„Сè уште истражуваме, но веруваме дека бандата што е вклучена во оваа пратка е поврзана со други групи во Мјанмар“, изјави директорот на Царинската управа и додаде дека царината исто така запленила и мало количество хероин и околу 1 милион цигари од лажни брендови.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Лавров: Палестинското прашање и понатаму останува нерешено

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека мировниот план за Газа на Доналд Трамп не го решава целосно израелско-палестинскиот конфликт, пренесе RT.
Тој нагласи дека Русија го оценува планот како „најдобро што моментално е на преговарачката маса“, но додаде дека „палестинското прашање со тоа не е решено“.
Лавров порача дека конечно решение би било можно само со создавање на палестинска држава во границите од 1967 година, во согласност со резолуциите на ОН, и повтори дека Москва останува посветена на решението со две држави.
Свет
Трамп: Не сум сигурен дека ќе влезам во рајот, но на многумина им го разубавив животот

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека не е сигурен дека ќе може да влезе во рајот, но додаде дека на многумина им го направил животот подобар.
Изјавата ја даде во претседателскиот авион Air Force One. За време на летот, еден од новинарите што го придружуваа 79-годишниот претседател го праша за неговите претходни коментари кои ги дал во контекст на преговорите за мировниот договор во војната меѓу Русија и Украина.
Трамп уште во август, во емисијата „Fox and Friends“, изјави: „Ако можам да спасам 7.000 луѓе неделно, мислам дека тоа е прилично добро – сакам да се обидам да влезам во рајот, ако е можно. Слушам дека не ми оди добро. Навистина сум на дното на листата. Но ако успеам да влезам во рајот, ова ќе биде една од причините“
На прашањето дали неговите шанси се подобриле по договорот меѓу Израел и Хамас, Трамп сега одговори: „Малку се шегувам. Мислам дека ништо нема да ме одведе во рајот. Можеби не сум предодреден за тоа. Можеби сум во рајот токму сега, додека летаме со Air Force One,“ рече Трамп.
Тој повторно ја обвини администрацијата на Џо Бајден за неспособност и додаде дека војната во Украина никогаш немаше да се случи доколку изборите во 2020 година не биле наместени.
Свет
Египетскиот претседател до Израелците: Претворете го овој историски момент во нов почеток

Египетскиот претседател Абдел Фатах ал-Сиси ги повика Израелците моментот на потпишување на мировниот договор за Газа да го претворат во нов почеток за поправеден и помирен живот во регионот.
„Погледнете кон подобра иднина за нашите деца,“ рече Сиси по потпишувањето на договорот во Шарм ел-Шеик.
На самитот присуствуваа Доналд Трамп и бројни меѓународни претставници. Обраќајќи му се на Трамп, Сиси додаде: „Господине претседателе, нека војната во Газа биде последната војна на Блискиот Исток.“