Европа
Малта прифатила 65 мигранти од германскиот спасувачки брод

Владата на Малта, по разговорите со Европската комисија и германската влада, синоќа прифати да преземе 65 бегалци од германскиот брод на кој му е забрането да вплови во пристаништето на италијанскиот остов Лампедуза.
Воен малтешки брод ќе ги преземе мигрантите и ќе ги однесе во пристаништето во Малта.
„Сите лица кои се спасени веднаш ќе бидат испратени во други земји на ЕУ. Ниту еден од мигрантите нема да остане во Малта, бидејќи овој случај не е во надлежност на малтешкиот власти”, се вели во соопштението на нивната влада.
Одлуката да се пренасочи бродот кон Малта членовите на екипажот ја донеле само неколку часа откако бродот и покрај забраната впловил во италијанското пристаниште со 46 бегалци, а полицијата веднаш го запенила.
Германскиот брод потоа побара од властите од Малта да дозволат што побрзо и безбедно да пристигнат до пристаништето, откако на тројца од мигрантите им се слошило поради топлина. Малта одговори дека тројцата ќе бидат евакуирани веднаш.
Како знак на благодарност до Малта, членките на ЕУ ќе преземат половина од 58-те мигранти што земјата ги спасила порано.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
(Видео) Фрлени молотови коктели кај рускиот конзулат во Франција, се огласи Захарова

Рускиот конзулат во Марсеј, Франција, рано утринава бил нападнат со молотов коктел, а нема информации за жртви, јавува Anadolu.
Инцидентот се случил околу осум часот по локално време на авенијата Амброаз-Паре, улица на која се наоѓаат бројни странски конзулати, објави BFMTV.
‼️ ⚡️Une explosion a tonné à l’intérieur du consulat russe à Marseille — BFM TV
«Il y a environ 30 pompiers et policiers travaillant sur les lieux», rapportent les médias. pic.twitter.com/NgsR7Df3Jw
— Camille Moscow 🇷🇺 🌿 ☦️ (@camille_moscow) February 24, 2025
Два молотови коктели биле фрлени во дворот на конзулатот, но за среќа не е забележана штета или повредени, јавуваат медиумите повикувајќи се на полициски извори.
Во тек е истрага за мотивите за нападот.
Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова потврди дека имало експлозија кај рускиот конзулат во Марсеј, опишувајќи ја како потенцијален терористички напад.
Москва ја повикува Франција темелно да го истражи инцидентот и да ја зголеми безбедноста во руските дипломатски претставништва, рече таа.
Европа
Ватикан: Папата е во критична состојба, но имаше мирна ноќ

Папата Франциско, кој е во критична состојба и се бори со билатерална пневмонија, помина мирна ноќ во болница, спиејќи и одморајќи се, соопшти Ватикан.
88-годишниот папа беше примен во римската болница „Гемели“ на 14 февруари, откако неколку дена имаше проблеми со дишењето, а потоа му беше дијагностицирано воспаление на двете бели дробови.
Ватикан ја опиша неговата состојба како критична втор ден по ред во неделата и рече дека тој ден имал „почетни, благи знаци на откажување на бубрезите“.
Прогнозата за папата, кому во саботата му беше потребна трансфузија на две единици крв, откако доживеа „продолжена респираторна криза слична на астма“, останува неизвесна, покажуваат најновите медицински информации.
„Беше добра ноќ, папата спиеше и се одмара“, се вели во соопштението на Ватикан во една реченица објавено утрово, без дополнителни информации.
Европа
Експлозија кај рускиот конзулат во Марсеј

Експлозија утрово го потресе француски Марсеј во близина на рускиот конзулат. Пожарникарите потврдија дека имало експлозија во 8-миот арондисман.
„Експлозијата се случи во близина на рускиот конзулат во Марсеј околу 8 часот наутро“, соопштија пожарникарите.
На терен се околу 30 пожарникари и бројни полицајци. Засега не е позната причината за експлозијата, ниту пак дали има повредени.