Свет
Мал авион се урна во Британска Колумбија, загинаа 3 лица

Еден пилот и двајца патници загинаа кога нивниот мал авион се урнал во близина на градот Смитерс во западната канадска провинција Британска Колумбија во саботата, објави „Глобал њуз“.
Претходно, беше објавено дека едно лице е загинато.
Според весникот, авионот „цесна 182“ се урнал на речиси 62 км од Смитерс со четири лица. Третиот патник бил пренесен во болница.
Канадскиот одбор за сообраќајна безбедност во моментот утврдува каде летал авионот и која била целта на патувањето. Исто така, треба да се утврдат причините за несреќата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
(Видео) Почина 99-годишна нацистичка „секретарка на злото“

Почина Ирмгард Фурхнер (99), поранешна секретарка во концентрациониот логор Штутхоф за време на нацистичката ера.
Според портпаролот на канцеларијата на државниот обвинител во Ицехо, Фурхнер починала на 14-ти јануари.
Таканаречената „секретарка на злото“ се најде во меѓународното внимание во 2022 година, кога германскиот суд ја прогласи за виновна за нејзината улога во убиството на повеќе од 10.000 луѓе за време на Втората светска војна.
Фурхнер била во доцните тинејџерски години кога работела како стенограф кај командантот на Штутхоф. Поради нејзината возраст во моментот на делото, ѝ судеше судот за малолетници, со што ѝ беше осудена условна затворска казна од две години.
Адвокатот тврдеше дека обвинителите не успеале да докажат дека таа знаела за убиствата во логорот.
Но, пред две години Фурхнер беше прогласена за виновна за нејзината улога во убиството на 10.505 луѓе во концентрациониот логор Штутхоф, кој се наоѓа во денешна Полска.
Германските медиуми ја опишаа пресудата како веројатно последна пресуда за учесниците во нацистичката машина на смртта, бидејќи повеќето од инволвираните починале или не се способни да им се суди поради нивната напредна возраст.
Нејзиниот адвокат тврдеше дека обвинителите не успеале да докажат дека таа знаела за убиствата во логорот, но германскиот суд во градот Лајпциг го отфрли тој аргумент.
„Нашиот аргумент беше дека административната поддршка на масовно убиство е еднакво на помагање и поттикнување убиство“, рече Томас Вил, обвинител кој ја предводи Германската Централна канцеларија за истрага на нацистичките злосторства.
Се проценува дека 100.000 луѓе биле депортирани во логорот Штутхоф за време на војната. Кампот бил опкружен со наелектризирани бодликави жици, а условите биле брутални. Многу затвореници умреле од епидемија на тифус, додека оние што чуварите ги сметале за премногу слаби или болни за да работат, биле убиени, објави Скај њуз.
Свет
(Видео) Се активираше вулкан на Филипините, пепелта се издигна на околу 4.000 метри: постои ризик од опасна ерупција

Продолжува ерупцијата на вулканот Канлаон во централниот дел на Филипините, а колоната од пепел се издигна на околу 4.000 метри височина, соопшти националната сеизмолошка агенција.
Филипинскиот институт за вулканологија и сеизмологија (Фиволкс) соопшти дека третото ниво на тревога останува во сила за областа околу планината Канлаон, објави Ројтерс.
Ниво 3, на скала од 5, значи дека постои зголемен ризик од текови на лава и ризик од опасна ерупција во следните неколку недели.
Планината Канлаон, активен вулкан лоциран помеѓу провинциите Негрос Оксидентал и Негрос Ориентал во централниот дел на Филипините, е еден од дваесетте активни вулкани во земјата.
Свет
Би-би-си: Кина не попушта пред заканите на Трамп, постојат неколку добри причини за ова

Како што пишува Би-би-си во својата анализа, Пекинг јасно става до знаење дека нема да отстапи пред најновите трговски притисоци на американскиот претседател Доналд Трамп.
Кинеското Министерство за трговија соопшти дека секој нов бран на американски царини ќе предизвика дополнителни кинески контрамерки насочени кон американските стоки. Во писмената изјава тие ја обвинија администрацијата на Трамп за „уцена“, предупредувајќи: „Ако САД истраат на овој пат, Кина ќе се бори до крај“.
Би-Би-Си истакнува дека Кина реагирала особено остро на тврдењето на Трамп дека неговите царини се „реципрочни“, нарекувајќи ги „неосновани“ и „типично еднострано насилничко однесување“.
Анализата заклучува дека е тешко да се поверува дека Трамп навистина очекувал Кина да ги повлече минатонеделните контрамерки само затоа што најавил нови. Освен што ќе го изгуби образот, не се очекува и кинеската влада, која сега отворено го нарекува американскиот претседател насилник, да попушти пред таква личност.
Според Би-би-си, Пекинг, со својот цврст став кон трговскиот хаос поттикнат од Вашингтон, може да смета на поширока политичка поддршка од меѓународната заедница, но и на нови трговски можности надвор од САД кои барем делумно би ги надоместиле загубите на американскиот пазар.
Но, аналитичарите предупредуваат дека ова не е поволен момент за трговска војна. Кинеската економија е под притисок, со слаба домашна потрошувачка, долготрајна криза во секторот на недвижности и висока невработеност кај младите.
Сега Кина се соочува со дополнителен ризик: можен колапс во трговијата со втората по големина економија во светот.
Како што пренесува Би-Би-Си, Комунистичката партија одлучила, и покрај се, да испрати сигурна порака до граѓаните. Во редакцијата во „Пиплс дејли“, официјалниот весник на партијата, се вели: „Кина има храброст и самодоверба да се соочи со последиците… таа е целосно способна да одговори на овој предизвик“.