Свет
Мао Нинг: По нападот на Киев, Кина повика на деескалација во Украина
Говорејќи за време на дневниот брифинг на кинеското Министерство за надворешни работи во Пекинг, портпаролката на кинеското Министерство за надворешни работи Мао Нинг рече дека Кина ги забележала извештаите за експлозијата на мостот на Крим и ударите врз Киев, според извештаите на агенциите.
Мао ја повтори позицијата на Кина за ситуацијата во Украина, нагласувајќи дека Кина „отсекогаш тврдела дека треба да се почитуваат суверенитетот и територијалниот интегритет на сите земји“.
„Се надеваме дека сите страни ќе можат правилно да ги решат своите разлики преку дијалог и консултации. Кина, исто така, е подготвена да продолжи да игра конструктивна улога во промовирањето на деескалација на ситуацијата“, додаде Мао.
-„Се надеваме дека ситуацијата наскоро ќе се деескалира“, изјави портпаролката на министерството на редовниот брифинг со новинарите.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
(Видео) Два трамваи се судрија во Белград, неколку повредени
Вечерва се случи сообраќајна несреќа во Белград.
Околу 18 часот и 30 минути на аголот од булеварот „Крал Александар“ се судриле два трамваи.
Sudar dva tramvaja u Bulevaru izmedju Cvetka i Batutove, sad. pic.twitter.com/nFDoZI0N4P
— Biljana Lukić (@BiljanaLuki) January 31, 2025
На местото на настанот пристигнала брза помош, а како што е соопштено на Инстаграм страната „Ѕвездара вести“ има неколку повредени.
Сообраќајот беше во прекин во правец на центарот на Белград.
View this post on Instagram
Засега не се познати повеќе детали.
Свет
Германија го отфрли законот за построги мерки против мигрантите
По жестока дебата, Бундестагот денеска го отфрли предлог-законот на Христијанско-демократската унија ЦДУ/ЦСУ за намалување на приливот на мигранти.
„Законот не помина и тоа го прифаќам со жалење. Пропадна поради отпорот на социјалдемократите и зелените“, изјави претседателот на Христијанско-демократската унија (ЦДУ) и кандидатот за канцелар на ЦДУ/ЦСУ, Фридрих Мерц по гласање во Бундестагот.
Тој додаде дека се обидел да ги убеди претставниците на актуелната социјалдемократска-зелена малцинска влада да го поддржат неговиот предлог-закон со кој ќе се ограничи приливот на мигранти во Германија, но тие одбиле.
„Миграционата политика на социјалдемократите и зелените дефинитивно пропадна“, коментира Мерц.
Одлуката на Фридрих Мерц да го протурка гласањето за законот предизвика бура од контроверзии во германската политика, бидејќи се чинеше веројатно дека Мерц ќе мора да се потпре на поддршката на екстремно десничарската Алтернатива за Германија (AfD) за усвојување на законот.
Претставниците на Социјалдемократската партија на Германија (СПД) и Партијата на зелените претходно се обидоа да го одложат денешното гласање со цел да се создаде можност за компромис што ќе овозможи усвојување на законот без гласовите на десничарската популистичка АфД.
Свет
Двајца Холанѓани загинаа во лавина во Швајцарија
Двајца Холанѓани загинаа во лавина во близина на Давос, Швајцарија, соопшти швајцарската полиција.
Загинатите биле мажи на возраст од 35 и 31 година, кои биле на скијање, пишува NL Times.
Двајцата, заедно со швајцарскиот инструктор за скијање и уште едно лице, вчера наутро тргнале од селото Сертиг-Дерфли во југоисточна Швајцарија.