Свет
Маск за украинската офанзива: „Толку смрт за толку малку“
Американскиот бизнисмен Илон Маск на својата мрежа Х („Твитер“) ја коментира украинската криза накратко велејќи дека многу луѓе загинале за малиот напредок што Украина успеала да го постигне на фронтот.
„Толку смрт за толку малку“, напиша тој.
Инаку, Маск често ја коментира ситуацијата во Украина. Неговиот став е добро опишан со една неодамнешна изјава:
„Со секој изминат ден сè повеќе украински и руски млади умираат за да добијат и загубат мали парчиња земја, а границите едвај се менуваат. Ова не вреди зa нивниот живот“, изјави Маск, потсетуваат медиумите.
Минатата година, според написите, Маск беше обвинет и за објавување мировен договор, кој одеше во корист на Кремљ, во кој тој сугерира дека Украина треба да одржи референдуми за суверенитет, организирани од Русија во регионите што ги анектира.
Иако му дозволил на Киев да ги користи услугите на неговиот „Старлинк“, Маск, како што неодамна стана познато, спречил и услугите на неговите сателитски терминали да се прошират сè до Севастопол на Крим.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Во Иран убиени двајца судии од Врховниот суд
Двајца судии се убиени утрово во напад пред зградата на Врховниот суд во Техеран, јавија државните медиуми.
„Тројца судии од Врховниот суд беа мета“.
„Двајца се убиени, а еден е повреден“, објави судската веб-страница Мизан онлајн, додавајќи дека напаѓачот се самоубил.
Свет
Америка подигa бодликава жица на границата со Мексико пред инаугурацијата на Трамп
Агентите на американската гранична патрола вчера подигнаа бодликава жица меѓу градот Ел Пасо во Тексас и неговиот мексикански сосед Сиудад Хуарез, забележа репортер на АФП.
Агентите на Царината и граничната заштита (ЦБП), исто така, спроведоа безбедносни вежби во близина на меѓународниот мост што ги поврзува двата града, што беше забележано три дена пред инаугурацијата на Доналд Трамп, кој се враќа во Белата куќа во понеделник.
Минувањето на автомобили беше во прекин 40 минути.
„Ова е второ затворање што го гледам за една недела“, изјави за АФП Јадира Мартинез, корисник на меѓународниот мост.
По неговата победа, Трамп рече дека сака да прогласи национална вонредна состојба за да го спроведе својот план за масовно протерување мигранти и дека има намера да ги искористи вооружените сили за тоа.
„Закана број еден за нашата внатрешна безбедност е јужната граница со Мексико#, изјави вчера Кристи Ноем, која новоизбраниот претседател ја назначи за шеф на американското Министерство за домашна безбедност, посебно одговорна за контрола на имиграцијата.
Свет
„Тик-ток“: Утре се гаснеме во Америка
„Тик-ток“ синоќа предупреди дека ќе биде принуден да престане со работа во САД утре, освен ако не добие јасна изјава од Белата куќа за својата иднина.
Ова се случува откако Врховниот суд го потврди законот со кој се забранува Тик-ток во Соединетите држави поради национална безбедност, освен ако кинеската матична компанија „Бајт денс“ не го продаде на одобрен американски купувач, што компанијата го одбива.
Со оваа одлука, популарната апликација за кратки видеа е во опасност утре да исчезне.
Судската одлука ги фрла платформата и нејзините 170 милиони американски корисници во неизвесност, а нејзината судбина во рацете на Доналд Трамп, кој вети дека ќе го спаси ТикТок откако ќе се врати на претседателската функција во понеделник.