Свет
Маск: Иднината ќе биде фантастична
Според сегашните резултати од претседателските избори во САД, Доналд Трамп има 265 електори.
Фокс Њуз наведува дека според нивните проекции, Доналд Трамп ќе биде 47-ми претседател на Соединетите Американски Држави.
The future is gonna be fantastic pic.twitter.com/I46tFsHxs3
— Elon Musk (@elonmusk) November 6, 2024
„Иднината ќе биде фантастична“, напиша мултимилијардерот Илон Маск на Икс.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Нетанјаху му честиташе на Трамп: Нов почеток за големиот сојуз на Израел и Америка
Премиерот на Израел Бенјамин Нетанјаху му честиташе на Доналд Трамп за изборната победа.
„Почитувани Доналд и Меланија Трамп,
Честитки за најголемиот камбек во историјата!
Вашето историско враќање во Белата куќа нуди нов почеток за Америка и обновена посветеност на големиот сојуз меѓу Израел и Америка. Ова е голема победа!
Вашите Бенјамин и Сара Нетанјаху“, напиша Нетанјаху на X.
Регион
Додик: Победата на Трамп симболизира враќање на вредностите што ги негуваме
Милорад Додик му упати честитка на Доналд Трамп:
„Му честитам на Доналд Трамп за неговата победа со надеж дека неговиот мандат ќе донесе освежен поглед на САД за односите со Босна и Херцеговина. Ова е можност за Америка да покаже дека ја почитува различноста“, рече тој.
Доналду Трампу @realDonaldTrump упућујем срдачне честитке на побједи и надам се да ће његов нови мандат донијети освјежену визију односа Сједињених Држава према свијету и БиХ. Ово је прилика да Америка покаже да поштује различитости и да своју снагу усмјери ка сарадњи и… pic.twitter.com/f5eNfwVVUr
— Милорад Додик (@MiloradDodik) November 6, 2024
„За Република Српска и мене, победата на Трамп го симболизира враќањето на вредностите кои ги негуваме – семејството, слободата на избор и правото да ги зачуваме нашите традиции. Во променливиот свет каде што поединците и државите често ги забораваат своите корени, гледам во лидерство можност за поинаков и поправеден пристап“, рече Додик.
Свет
Медведев за победата на Трамп: Тој смртно презира да троши пари на идиотски сојузници, Украина е во иста линија
Дмитри Медведев, поранешен руски претседател и актуелен заменик-шеф на рускиот Совет за безбедност, ја коментираше победата на Доналд Трамп на претседателските избори во САД.
„Трамп има една карактеристика што ни користи: како бизнисмен во душата, тој смртно презира да троши пари на разни лижачи и паразити – на идиотски сојузници, лоши добротворни проекти и алчни меѓународни организации. Токсичната Украина е во иста линија“, напиша тој на каналот Телеграм.