Свет
Мајката на три деца во нејзиниот дом ја убиле нејзините сопствени кучиња
Соседите на мајката на три деца која починала откако била нападната од сопствените кучиња во британски Чешир откриле дека се обиделе да ѝ помогнат да се бори против полудените животни.
Елејн Стенли (44) била тешко повредена и починала на местото на несреќата – во нејзината дневна соба во Виднес.
Соседите велат дека била нападната од нејзините кучиња, мешанци од расата мастифи по име Били и Диџеј.
Нејзините три преплашени деца – 22-годишната ќерка Луиз и 12-годишните близнаци – не биле во собата кога кучињата ја нападнале сопственичката.

„Едвај успеав да ги тргам кучињата од неа. Тие беа огромни. Се обидов да ги тргнам со мојата алатка, но откако не успеав, фрлав тули кон нив. Успеав да ги избркам “, рече сосед со презиме Рис.
„Кучињата кратко побегнаа во градината, а јас и друг сосед се обидовме да ги покриеме отворените рани со крпи. Се обидов да ѝ дадам вештачко дишење на жената сè додека не пристигне брза помош“, додаде соседот.

Кучињата, за кои не се смета дека се забранета раса, ги бркале и полицајците кога пристигнале на местото на настанот. Едно од кучињата било застрелано со два куршума, а другото успеале да го смират. Сега е во безбедносен кафез.
Тие нема да уапсат никого затоа што кучињата биле легално купени и живеат на адреса на сопственикот. Сите соседи на убиената мајка велат дека таа била прекрасна личност и дека им е жал за нејзините деца.
Posted by Elayne Stanley on Петок, 26 јули 2019
„Ние навистина не знаеме што можеше да ги испровоцира кучињата толку да полудат. Некои велат дека слушнале расправија, но никогаш не знаете. Овие кучиња никогаш не правеле проблеми со никого “, рече друг сосед.
Случајот во моментов е под истрага.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Трамп: Земјите-членки на Одборот за мир ќе обезбедат повеќе од пет милијарди долари за Појасот Газа
Претседателот на САД, Доналд Трамп најави дека земјите-членки на новоформираниот Одбор за мир на првиот состанок в четврток же издвојат повеќе од пет милијарди долари помош за обнова на Појасот Газа.
Трамп на својата социјална мрежа „Трут соушл“ објави дека земјите-членки ветиле дека ќе испратат илјадници сили за стабилизација, одобрени од Обединетите нации и локалната полиција во палестинската енклава.
Тој наведе и дека првиот „формален состанок на групата“, ќе се одржи во Институтот за мир „Доналд Џ. Трамп“, кој Стејт департментот неодамна го преименува по претседателот.
Се очекува да присуствуваат делегации од повеќе од 20 земји, како и шефови на држави.
Свет
Во израелски напади врз Појасот Газа загинаа најмалку 11 луѓе
Во израелски напади врз Појасот Газа загинаа најмалку 11 луѓе. Израел тврди дека нападот е одговор на кршењето на примирјето од страна на Хамас.
Според палестински медицински извори, во израелскиот воздушен напад врз шаторски камп, каде се сместени раселени семејства загинале најмалку четири лица. Во друг напад врз Кан Јунис загинаа пет луѓе, а при напад во северниот дел на енклавата убиен е уште еден човек.
Портпаролот на Хамас, Хазем Касем изјави дека Израел извршил уште еден „масакр“ врз раселените Палестинци, нарекувајќи го инцидентот сериозно прекршување на прекинот на огнот неколку дена пред првиот состанок на Советот за мир на американскиот претседател Доналд Трамп.
Израелски воен претставник наведе дека нападите биле „прецизни“ и во согласност со меѓународното право, додавајќи оти Хамас постојано го крши договорот за прекин на огнот, постигнат во октомври минатата година. Според него, вооружени лица вчера излегле од тунел на израелска страна во областа Беит Ханун.
Касем ги повика учесниците на првиот состанок на новиот меѓународен Совет за мир во Појасот Газа да извршат притисок врз Израел да престане да го крши прекинот на огнот и да го спроведе договорот без одложување.
Свет
Поплави и свлечишта во јужна Италија
Јужниот дел на Италија е погодена од уште еден средоземен циклон што предизвика поплави и лизгање на земјиштето.
Поради бурата Оријана во Калабрија, Сицилија и Сардинија наредена е евакуација на населението.
Италијанската противпожарна служба соопшти дека за 72 часа добиле 2.000 повици за помош.
Оријана ја погоди Италија откако го погоди Иберискиот Полуостров. Тоа е втора бура што ја погоди јужна Италија по циклонот Хари кон крајот на јануари.

