Свет
Медведев за победата на Трамп: Тој смртно презира да троши пари на идиотски сојузници, Украина е во иста линија

Дмитри Медведев, поранешен руски претседател и актуелен заменик-шеф на рускиот Совет за безбедност, ја коментира победата на Доналд Трамп на претседателските избори во САД.
„Трамп има една карактеристика што ни користи: како бизнисмен во душата, тој смртно презира да троши пари на разни лижачи и паразити – на идиотски сојузници, лоши добротворни проекти и алчни меѓународни организации. Токсичната Украина е во иста линија“, напиша тој на каналот „Телеграм“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Најмалку 2.065 луѓе загинаа, 3.900 се повредени, повеќе од 270 исчезнати по земјотресот во Мјанмар

Најмалку 2.065 луѓе се убиени, повеќе од 3.900 се повредени, а повеќе од 270 се водат како исчезнати, објави Ројтерс, повикувајќи се на локалната телевизија МРТВ.
Спасувачките тимови се обидуваат да пронајдат уште преживеани под урнатините на зградите во Мјанмар и Тајланд, а во заедничка петчасовна спасувачка операција спроведена од кинески, руски и локални тимови, една жена е спасена по 60 часа под урнатините на хотелот Great Wall во градот Мандалеј, јавува Ројтерс.
Обединетите нации соопштија дека брзаат да достават хуманитарна помош за околу 23.000 преживеани погодени од земјотресот во центарот на Мјанмар.
Кинеската новинска агенција Ксинхуа претходно денеска објави дека Пекинг ја испратил пратката за прва помош во Мјанмар во вредност од 100 милиони јуани (13,78 милиони долари), вклучувајќи шатори, ќебиња и комплети за прва помош.
Регион
Продолжен притворот за 10 осомничени за уривање на настрешницата во Србија

Високиот суд во Нови Сад го продолжи притворот на осомничените во истрагата за уривањето на настрешница на Железничката станица во Нови Сад на 1 ноември за уште 30 дена, соопштија од Вишиот суд во Нови Сад.
Продолжен е и куќниот притвор на сите осомничени.
На крајот на минатата година беше поднесен обвинителен акт против 13 лица.
Свет
Ле Пен осудена на четири години затвор и забрана за кандидирање на претседателските избори

Лидерката на француската крајнодесничарска партија Национален собир (РН), Марин Ле Пен, е осудена на четири години затвор, од кои две ќе бидат условни и парична казна од 100.000 евра, објави Фигаро.
Пресудата ѝ забранува на Ле Пен да учествува на изборите, што автоматски значи забрана за нејзино кандидирање за француски претседател во 2027 година, дури и ако поднесе жалба.
Ле Пен, како и осум други европратеници на РН, беа прогласени за виновни за проневера на јавни средства.
Марин Ле Пен ја напушти судницата веднаш штом судијата прочита дека и е забрането да учествува на избори, без да чека целосно да биде донесена пресудата, пренесоа француските медиуми.