Свет
Медведев: Непријателите на Русија ќе се обидат да ја „скршат и потчинат“, но нема да успеат
Заменик-претседателот на рускиот совет за безбедност Дмитриј Медведев денеска изјави дека мотото на Руската Федерација за 2022 година е „нема да ги оставиме нашите сами“.
Тој рече дека Русија „нашироко ги отвори вратите на својата татковина за сите свои браќа и сестри“, пренесува Спутник.
Медведев истакна дека 2022 година беше драматична, но претставуваше и пресвртница, бидејќи Русија „веќе не можеше да го гледа геноцидот што го спроведува украинскиот режим“, пренесува Танјуг.
„За целата наша земја и секој од нас годината беше ужасно тешка и драматична. Не можевме повеќе да гледаме како режимот во Киев пука врз граѓаните на Донбас, гради блокади и негува омраза кон Русија и сè што е руско“, рече Медведев.
Тој додаде дека руските власти секогаш ќе ги штитат правата и слободите на руските граѓани и дека Русија сега стана посилна, „бидејќи сите Руси сега се заедно“.
Медведев заклучи дека непријателите на Русија ќе се обидат да ја „скршат и потчинат“, но дека никој нема да успее во тоа, како и дека „ќе се остварат целите на специјалната воена операција“, пренесе Политика.рс.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Се бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери
Голем број граѓани на Тузла денеска излегоа на улиците на градот и одржаа протест, изразувајќи го своето незадоволство поради трагедиите и скандалите што го погодија Тузланскиот кантон.
Пожарот што избувна во вторникот во Домот за пензионери во Тузла однесе 13 животи, а 12 пациенти сè уште се наоѓаат во болница. Како што беше утврдено, жртвите починале од труење со јаглерод моноксид.
Една седмица претходно, Тузланскиот кантон го потресе случајот со подведување малолетнички, за што се осомничени полициски службеник и еден професор. Нивното подведување траело неколку месеци во текот на минатата и оваа година.
Присутните граѓани од Тузла, но и оние кои допатуваа од други градови на Босна и Херцеговина, денеска побараа оставки од надлежните.
Свет
Три девојки планирале терористички напад во Париз
Девојки на возраст од 18, 19 и 21 година, беа уапсени и обвинети за терористичка завера и планирање напад во Париз, соопштија денеска истражните органи.
Како што е наведено, тие неколку недели планирале насилен терористички напад врз кафуле или концертна сала во Париз, јави РТЛ.
Апсењето и обвинението против трите жени е резултат на истрагата на Националното обвинителство за борба против тероризмот, која беше успешно завршена пред 10-годишнината од смртоносниот терористички напад на 13 ноември 2015 година во Париз.
Свет
Се запали магацин за парфеми во Турција, загинаа шест лица
Најмалку шест лица загинаа, а две се повредени во пожар што утрово избувна во магацин за парфеми во градот Диловаси, во северозападниот дел на Турција.
Според снимките што ги емитуваше турскиот канал НТВ, изгореле два ката од зградата во која се наоѓале магацинот и работилницата за производство на парфеми.
Засега нема информации за тоа што го предизвикало пожарот.

