Свет
Медведев: Сите прашања за гасот со Украина се решени

Сите прашања за гасот со Украина се решени, меѓусебните побарувања се прекинати, а транзитот на гас ќе продолжи под услови што ги задоволуваат двете страни, изјави рускиот премиер Дмитриј Медведев, напоменувајќи дека и за најтешките прашања може да се постигне договор, пренесува „Спутник“.
„Договорот за гас за следните пет години меѓу Русија и Украина претставува компромис што мораше да се пронајде“, напиша Медведев на својата страница на Фејсбук.
Според него, владата на Русија и „Газпром“ долго време работеле на решавање на проблемот со Украина како на билатерално, така и на трилатерално ниво.
Русија и Украина вчера потпишаа пакет-спогодба за продолжување на транзитот на гас низ Украина, вклучувајќи и петгодишен транзитен договор според кој „Газпром“ гарантира пумпање 65 милијарди кубни метри гас првата година и по 40 милијарди кубни метари во следните четири години.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Украина потврди напад врз најголемиот руски нафтен терминал на Балтикот

Украинскиот претседател Володимир Зеленски потврди дека специјалните единици на украинската служба за безбедност (СБУ) нанеле значителна штета на најголемиот руски нафтен терминал на Балтичкото Море во Приморск.
„Најефикасните санкции се пожарите во руските рафинерии и терминали. Го ограничивме рускиот нафтен сектор, а со тоа и нивната воена машина“, изјави Зеленски во своето вечерно обраќање.
Зеленски се заблагодари на украинските специјални сили за „одлично завршената работа“ и најави натамошно јакнење на домашното производство на оружје.
Нападот, кој се случи на 12 септември, резултираше со пожар во нафтенoто пристаниште Приморск, а според медиумските извештаи, оштетени се и два руски танкери.
Регион
Невреме ја зафати Србија, два авиони кружат на небото чекајќи подобри услови за слетување

Силна бура со грмотевици го погоди Белград, поради што два авиона не можат да слетаат веќе некое време. Станува збор за летови од Виена и Анкара, а овие два авиона кружат над Смедерево.
Бурата придружена со грмотевици и дождови ја погоди цела Србија, а потоа и Белград. Црни облаци се надвиснаа над главниот град. Републичкиот хидрометеоролошки завод предупредува дека се очекува силен град и бурни ветрови, пишува „Телеграф“.
Србија е под влијание на циклони и студени фронтови, кои носат посилна промена на времето, со дожд и грмежи.
Свет
Катар: Ќе продолжиме да се бориме за мир и покрај израелското дивјаштво

Катар остро го осуди најновиот израелски напад во Доха, при што загинаа шест лица, меѓу нив и катарски безбедносен функционер, но истовремено вети дека нема да се повлече од посредничките напори за прекин на војната во Газа.
„Израелското дивјачко однесување нема да нѐ поколеба да ги продолжиме искрените напори заедно со Египет и Соединетите Држави за ставање крај на овој војна“, изјави катарскиот премиер и министер за надворешни работи Мохамед бин Абдулрахман Ал Тани на состанокот на високи дипломати од арапските и исламските земји во Доха.
Ал Тани предупреди дека нападот може да ги поткопа преговорите за примирје и ослободување на заложниците, кои со месеци се во ќор-сокак.
Во неделата во Доха се собраа министрите за надворешни работи на Арапската лига и Организацијата за исламска соработка (ОИС) во пресрет на итниот самит што ќе се одржи во понеделник. Целта е усогласување заеднички став околу израелскиот напад врз Катар, кој предизвика глобална осуда и дури ретки критики од американскиот претседател Доналд Трамп.
„Овој самит ја отсликува пошироката арапска и исламска солидарност со Катар во соочувањето со израелската кукавичка агресија“, изјави портпаролот на катарското Министерство за надворешни работи, Маџид ал-Ансари.
Според катарските медиуми, лидерите на самитот ќе разгледуваат неколку можности – од недвосмислена осуда на нападот и координиран дипломатски притисок врз Израел на меѓународните форуми, па сè до економски мерки што би можеле да прераснат и во бојкот.
Израел, според официјалните извори, целел врз лидерите на Хамас во егзил. Меѓу жртвите е и синот на Халил ал-Хаја, една од највлијателните личности на Хамас во странство, како и неговиот началник на штаб.
Хамас соопшти дека врвното раководство го преживеало обидот за атентат, но нападот остави сериозни последици врз регионалните дипломатски иницијативи и дополнително ја заостри кризата околу војната во Газа.