Европа
Медведев: Љубители на жаби, колбаси и шпагети се собраа во Киев
Поранешниот руски претседател Дмитриј Медведев со потсмев се обрати кон посетата на неколку европски лидери на Киев, нарекувајќи ги бескорисни во „твит“ со коj исмејува некои национални стереотипи.
„Европските љубители на жаби, колбаси и шпагети сакаат да го посетуваат Киев“, напиша тој на англиски, алудирајќи на францускиот претседател Емануел Макрон, германскиот канцелар Олаф Шолц и италијанскиот премиер Марио Драги.
European fans of frogs, liverwurst and spaghetti love visiting Kiev. With zero use. Promised EU membership and old howitzers to Ukraine, lushed up on gorilka and went home by train, like 100 years ago. All is well. Yet, it won’t bring Ukraine closer to peace. The clock’s ticking
— Dmitry Medvedev (@MedvedevRussiaE) June 16, 2022
Медведев беше претседател на Русија од 2008 до 2012 година, а моментно е заменик-претседател на Советот за национална безбедност. Од почетокот на руската инвазија тој на својот твитер-профил ги исмева изјавите на европските политичари.
Посетата на лидерите нема никаква корист, напиша тој.
„Тие ѝ ветија членство во ЕУ и стари хаубици на Украина, зашеметени од горилка (украински алкохолен пијалак) и патуваа со воз, како пред 100 години. Да, тоа нема да ја приближи Украина до мир. Часовникот отчукува“, порача Медведев.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Десет ранети, тројца мртви во руски ракетен напад врз Украина
Во руски ракетен напад врз источноукраинскиот град Балаклија загинаа три лица, а десет беа повредени, меѓу кои и три деца, изјави во понеделник регионален воен претставник во регионот Харков.
Нападот што се случи ноќеска го погоди центарот на градот, при што беа повредени деца родени во 2007, 2010 и 2011 година, изјави преку апликацијата за пораки Телеграм Виталиј Карабанов, началник на воената администрација на Балаклија.
Деветмина од повредените се хоспитализирани, рече тој.
фото: принтскрин
Европа
Сијарто: Брисел сака да ја преплави цела Европа со мигранти
Само патриотска влада може да ја спаси Унгарија од војната во Украина, од нелегалната миграција и родовата идеологија, изјави унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто.
Сијарто предупреди дека унгарската опозиција „ќе ја предаде Унгарија на Брисел“, објави агенцијата МТИ.
„Брисел сака ситуацијата да се влоши, војната да трае уште подолго и да ескалира понатаму. Не им е грижа што илјадници, десетици илјади луѓе умираат на фронтот и што милиони се принудени да ги напуштат своите домови. Не им е грижа што малку по малку целата земја е уништена. Не им е грижа што секој нов ден е ризик од избувнување на трета светска војна“, рече Сијарто.
Според него, парите и оружјето на европските даночни обврзници бесрамно се испраќаат во Украина за потребите на „воената мафија која не објаснила каде потрошила милијарди евра“.
– Влезот на Украина во Европската Унија би бил еквивалентен на увоз на војна, украинска мафија и жито со низок квалитет – рече Сијарто и предупреди дека „Брисел сака да ја преплави цела Европа со мигранти“.
Европа
Орбан: Европа е на работ на војна
Унгарскиот премиер, Виктор Орбан, денеска изјави дека ситуацијата е опасна и дека Европа е на работ на војна.
Граѓаните на Европа мора да го кренат својот глас, во спротивно европските лидери ќе влезат во војна, рече Орбан, додавајќи дека ги гледа „истите знаци како и пред Првата светска војна“, пренесува МТИ.
Ставот на унгарската влада не е обликуван од интересите на другите, рече Орбан, додавајќи дека се води од интересите на Унгарија и ќе ги промовира само тие интереси, дури и ако тие не се совпаѓаат со интересите на другите.
Тој повика на „искрени и длабоки разговори“, но додаде дека медиумите финансирани од странство не се суверени и не треба да се водат дискусии со нив. Орбан исто така рече дека има многу левичари со кои може да соработува околу важноста на мирот и ги повика Унгарците кои го сакаат мирот да се приклучат.
Во врска со војната во Украина, Орбан оцени дека ниту Русија ниту Украина не се подготвени за мир и дека е потребно влијание од големите сили за преговори. Според него, Украина повеќе не е суверена и преживува благодарение на западната помош.

