Европа
Медиумите најавуваат страшна ерупција на вулканот на Исланд, научниците тврдат дека ги лажат луѓето

Многубројни светски медиуми ги пренесоа драматичните најави што ги објави британскиот весник „Сандеј тајмс“ за наводната скорешна ерупција на вулканот Катла на Исланд, која, пишува „Сандеј тајмс“, може да има катастрофални последици.
Во приказната што ја објави британскиот весник се тврди дека последните мерења извршени од страна на истражувачите откриле дека Катла исфрла огромно количество јаглероден диоксид и дека може да еруптира во секој момент, но еден од научниците кои работеа на студијата, Евгенија Илинскаја, ги негира овие информации и тврди дека во студијата се истакнува дека научниците не се во позиција да предвидат дали Катла ќе еруптира или во неа се акумулира магма.
Naming and shaming this scaremongering article. I said explicitly that we are in no position to say whether or not #Katla #volcano is ready to erupt; and that air traffic disruption in case of an #eruption is unlikely to be as serious as in 2010. You are lying to your readers https://t.co/zyE5hFQQDb
— Evgenia Ilyinskaya (@EIlyinskaya) September 23, 2018
Евгенија Илинскаја, научник од универзитетот во Лидс, на „Твитер“ напиша дека статијата во британскиот весник е срамна.
Професорот на Универзитетот на Исланд, Магнус Туми Гудмундсон, на „Фејсбук“ ја коментира статијата во британскиот весник велејќи дека студијата беше сосем погрешно интерпретирана во мејнстрим-медиумите.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Русија: Полјаците не ни доставија никакви докази дека дроновите се од наше потекло

Москва тврди дека Полска не доставила никакви докази што покажуваат дека беспилотните летала што биле соборени во Полска се од руско производство.
Вршителот на должноста амбасадор на Русија во Полска, Андреј Ордаш, потврди за новинската агенција „РИА новости“ дека бил повикан од полското Министерство за надворешни работи по инцидентот.
Ова е првиот коментар на Русија по инцидентот, кој се случи преку ноќ.
Европа
Објавена фотографија од руски дрон во Полска

Порталот Defence24 објавува дека руски дрон е пронајден во градот Чешники, во близина на Замошќ и на 40-ина километри од границата со Украина.
Читател ја испратил фотографијата од леталото до редакцијата, а според неофицијални информации, станува збор за дрон од типот „Гербер“, кој Русија го користи за преоптоварување на украинската воздушна одбрана.
Во текот на ноќта Русија изврши масовен напад врз Украина, а повеќе од десет дрона влегоа во полскиот воздушен простор. Полската војска потврди дека оние што претставуваа директна закана биле соборени. Бројот и начинот на движење на леталото, според Defence24, укажуваат на намерна руска провокација.
фото: принтскрин
Европа
Објавена мапа од синоќешниот руски напад врз Украина: прикажани и дроновите што влегле во Полска

Украинските медиуми објавија мапа на која се прикажани беспилотните летала што учествуваа во синоќешните руски напади врз Украина. Главни цели беа Донбас и регионите Ивано-Франкивск, Лавов, Луцк, Одеса, Виница и Житомир. Некои од беспилотните летала го напуштија украинскиот воздушен простор и влегоа во Полска. Според украински извори, дури 14 руски беспилотни летала влегоа во Полска.
Полска потврди дека повеќе од десетина беспилотни летала влегле во нејзиниот воздушен простор за време на нападот врз Украина. Оние што претставуваа непосредна закана беа соборени, а во акцијата учествуваа и неколку холандски борбени авиони „Ф-35“.
Во Полска, во регионот Лублин, беспилотно летало удри во куќа, но немаше повредени. Во источна Полска, во градот Вирики, беспилотно летало или објект сличен на беспилотно летало удри во станбена куќа – покривот беше оштетен, но исто така немаше повредени.
Полскиот премиер Доналд Туск го опиша инцидентот како чин на агресија и нагласи дека НАТО реагирал активно вклучувајќи распоредување холандски борбени авиони и привремено затворање на аеродромите, вклучувајќи го и тој во Варшава.
фото: принтскрин