Свет
Мексико не ја сака помошта на Трамп во борбата со наркокартелите по убиството на американското семејство

На Мексико не му е потребна странска интервенција за да се справи со безбедносните проблеми, реагираше мексиканскиот претседател Андрес Мануел Лопез Обрадор на понудата за помош од американскиот претседател Доналд Трамп по заседата и убиството на американско семејство, пренесува РТ.
Коментарите на Лопез Обрадор се појавија веднаш откако Трамп твитна дека е време Мексико да почне војна со наркокартелите и да ги избрише од лицето на земјата со помош од САД. Во претходниот твит, Трамп рече дека картелите станале толку големи и моќни што понекогаш е потребна војска за да ја порази војската. Подоцна, откако зборуваше со Трамп, Лопез Обрадор му се заблагодари на американскиот претседател за понудата и го уверил дека владините институции на Мексико ќе обезбедат правда.
Девет члена на семејството со двојно американско-мексиканско државјанство, претежно жени и деца, биле убиени кога нивните три возила биле чекани во заседа и нападнати од криминални банди во регионот Сиера Мадре Оцидентал.
Според извештаите, нападот можел да е случај на згрешен идентитет, односно дека групата сметала дека ги нападнала своите ривали. Лопез Обрадор рече дека Мексико е подготвено да работи со ФБИ на случајот ако не се загрозува независноста на Мексико.
Минатиот месец тешко вооружени припадници на картелот го тероризираа градот Кулиакан возејќи се низ улиците со митралези поставени на возилата, а вооружените престрелки со полицијата траеја со часови. Неколку дена порано, 13 мексикански полицајци беа зачекани во заседа и убиени од вооружени лица на картелите во засебен напад.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Орбан до Западот: Не примаме наредби од неизбрани бирократи, одговараме само пред нашиот народ

Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави дека неговата земја веќе три и пол години ја плаќа цената на војната во Украина, и покрај тоа што, како што рече, „тоа не е нашa војна“.
Тој нагласи дека западните лидери се обидуваат уште подлабоко да ја вклучат Унгарија во конфликтот, но дека Будимпешта ќе продолжи да се спротивставува.
„Ќе го браниме нашиот народ, нашата слобода и ќе тежнееме кон мир,“ порача Орбан преку платформата Икс.
Тој додаде дека Европската унија е создадена да им служи на суверените нации, а не да владее со нив. „Брисел не ја контролира Унгарија. Не примаме наредби од неизбрани бирократи, одговараме само пред нашиот народ. Време е работите да се исправат,“ изјави Орбан.
Свет
Се откачи жичница во Русија, повеќе од 30 евакуирани, има загинати

На планината Елбрус, во руската република Кабардино-Балкарија, се случи несреќа со жичница при што загинаа три лица, а повеќе од 30 беа евакуирани, соопштија локалните власти.
Според првичните информации, загинале жител на Кабардино-Балкарија, жена од Дагестан и маж од Москва. Несреќата настанала кога сајлата излетала од валјак на еден од носачите.
Во моментот на инцидентот, на жичарата имало 37 луѓе, од кои 35 биле успешно евакуирани.
Свет
Поранешен израелски началник: Во Газа се убиени или повредени над 200.000 Палестинци

Поранешниот началник на израелската армија, Херци Халеви, изјави дека во војната во Газа се убиени или повредени над 200.000 Палестинци – повеќе од 10 отсто од населението.
Оваа проценка е блиска до бројките што редовно ги објавува Министерството за здравство во Газа, кои Израел често ги оспорува, иако меѓународните организации ги сметаат за доверливи. Според официјалните податоци, од 7 октомври 2023 година досега се убиени 64.718 луѓе, а повредени се 163.859.
Халеви нагласи дека „ова не е нежна војна“ и дека армијата делува „без ракавици“ уште од првиот ден, но инсистираше дека Израел постапува во рамки на меѓународното хуманитарно право. Тој додаде дека правните советници никогаш не ја ограничувале израелската војска во одлуките за операциите во Газа.