Европа
Меркел: Повеќе контакти со Русија за убиството на Грузиeцoт

Германската канцеларка, Ангела Меркел, изјави денеска дека властите во земјата остваруваат повеќе контакти отколку претходно со руската страна во врска со истрагата за убиството на грузискиот државјанин во Берлин.
Германија претходно избрка двајца руски дипломати под сомнение дека Русија учествувала во убиството.
„Ние моравме да ги протераме овие дипломати затоа што не забележавме подготвеност за соработка од руската страна“, рече Меркел обраќајќи се пред Бундестагот.
Таа истакна дека тоа му го пренела и на рускиот претседател Владимир Путин на состанокот на нормандиската четворка, пренесува ТАСС.
„Сега гледаме повеќе контакти“, истакна Меркел.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Папата помина мирна ноќ во болница, вчера дури можеше малку и да работи, извести Ватикан

Папата Франциско, кој речиси три недели е во болница со билатерална пневмонија, помина уште една мирна ноќ, соопшти денеска Ватикан. 88-годишниот папа, беше примен во римската болница Гемели на 14 февруари со тешка респираторна инфекција која бара постојан третман.
Ватикан вчера соопшти дека неговата состојба останала стабилна тој ден, што му овозможило малку да работи и да ја зголеми физиотерапијата за дишење и мобилност. Се додава дека тој немал никакви респираторни кризи, кои се случиле претходните денови.
Франциско не е виден во јавноста откако влезе во болница, што е негово најдолго отсуство откако ја презеде функцијата пред 12 години. Неговите лекари не кажаа колку долго може да трае третманот.
Папата во последните две години во неколку наврати страдаше од лоша здравствена состојба и е склон на белодробни инфекции бидејќи како млад имал плеврит и му бил отстранет дел од едното белодробно крило. Двојната пневмонија е сериозна инфекција која може да остави лузни, што го отежнува дишењето.
Европа
Европа има план да го заштити украинскиот воздушен простор, се вика „Скај Шилд“

Европското воено воздухопловство, составено од 120 борбени авиони, би можело да биде распоредено за да ги заштити Киев и западна Украина од руските напади без да предизвика поширок конфликт со Москва, според планот што го смислиле воени експерти.
Според предлогот, наречен „Скај штит“, станува збор за зона на воздушна одбрана предводена од Европа, која работи независно од НАТО, со цел пресретнување на руски ракетни и беспилотни напади врз украинските градови и инфраструктура. Овој систем би можел да биде дел од „примирјето на небото“, иницијатива предложена оваа недела од украинскиот претседател Володимир Зеленски.
„Скај Шилд“ ќе опфати три активни украински нуклеарни централи и градовите Одеса и Лавов, но нема да ја вклучи линијата на фронтот или источните делови на земјата. Според неодамна објавената анализа, таков систем за заштита би имал поголемо воено, политичко и економско влијание од распоредувањето на 10.000 европски војници на украинска територија.
Меѓу предлагачите на овој план се поранешниот врховен командант на НАТО во Европа Филип Бридлав, поранешниот британски генерал и заменик врховен командант на сојузничките сили на НАТО Сер Ричард Ширф и поранешниот полски претседател Александар Квашњевски. Планот беше поддржан и од поранешниот министер за надворешни работи на Литванија Габриелиус Ландсбергис, кој изјави: „Имплементацијата на Скај Шилд ќе биде клучен чекор во зајакнувањето на европската безбедност и обезбедување на ефикасна заштита на Украина“.
Иако варијантите на овој предлог се дискутираа од почетокот на руската инвазија во февруари 2022 година, иницијативата доби нов замав оваа недела, по бурната средба меѓу Зеленски и американскиот претседател Доналд Трамп минатиот петок.
По тој состанок, САД ја суспендираа воената помош за Украина и ограниченото споделување разузнавачки информации, што ја подигна свеста во Европа дека ќе треба да преземе водечка улога во поддршката на Украина и да и понуди безбедносни гаранции како дел од можниот мировен договор.
Планот Скај Шилд беше дизајниран од поранешни британски воени стратези во соработка со украинските вооружени сили, а беше претставен и пред европските министерства за одбрана. Но, досега немаше вистинска политичка волја меѓу европските лидери да воспостават воздушна одбрана над Украина додека трае војната.
Европа
(Видео) Кафуле во Англија го преименува „Американо“ во „Украино“: „Трамп го злоупотребува Зеленски“

Сопственичка на кафуле во Англија го преименуваше популарното кафе „Американо“ во „Украино“ во знак на протест против, како што рече, „злоупотребата“ на претседателот Володимир Зеленски за време на неговата посета на Овалната соба во Белата куќа.
Хелен Грегори, која ја води Seahorse Coffee Box на шеталиштето во Ситон Керу, приморски град во источна Англија, објасни дека тоа го направила како поддршка на украинскиот претседател.
На видеото што го сподели на социјалните мрежи, може да се види како на нејзиниот ценовник за пијалоци залепува налепница на која пишува „Украино“ над „Американо“. „Значи, нема повеќе “Американо’, од денес ќе го нарекуваме ‘Украино’“.
Таа рече дека никогаш претходно не направила вакво нешто и ги повика другите кафулиња да го следат нејзиниот пример.