Контакт

Свет

Меркел: Цивилното општество во Египет има клучна улога

Објавено пред

По средбата со египетскиот претседател во Берлин, германската канцеларка посочи дека цивилното општество има клучна улога во Египет.

dobivaj vesti na viber

„Претседателот Фатах ал Сиси постојано вели дека сака да биде претседател на сите Египќани и во моментов тој ужива во својот втор мандат“, изјави Ангела Меркел на заедничката прес-конференција.

„Ние ја охрабруваме неговата идеја да развие силно цивилно општество, тоа е одлична шанса“, посочи канцеларката, но не упати критика за ситуацијата со човековите права во земјата.

Меркел се заблагодари на Египет за напорите вложени за сопирање на нелегалната имиграција во Европа.

„Египет одлично се справува со морската граница. И покрај големиот број бегалци во земјата, нема прилив на имиграција во Европа“.

За време на средбата тие исто така дискутирале и за регионалните прашања, како ситуацијата во Либија и Сирија и конфликтите на Блискиот Исток.

„Разговаравме и за Газа. И двајцата сметаме дека прашањето мора да се реши од двете страни, но е премногу комплексно поради моменталните случувања“, додава Меркел.

Ал Сиси е во работна посета на Берлин по повод конференцијата „Г20 компакт за Африка“, чиј домаќин е владата на Германија, која го поддржува приватниот инвестициски сектор и инфраструктура во Африка.

Свет

Американски генерал: „Русија нема шанси во директен конфликт со НАТО“

Објавено пред

Пензионираниот генерал Бен Хоџис, поранешен командант на американските сили во Европа, предупреди дека ако Русија започне војна против членка на НАТО, воениот одговор би бил моментален и разорен.

dobivaj vesti na viber

Тој истакна дека НАТО ќе ги уништи клучните руски воени објекти, вклучувајќи ги и оние во Калининград и Севастопол, за само неколку часа.

Хоџис зборуваше за ова во интервју за проектот „Вот Так“, нагласувајќи дека таквото сценарио не може да се спореди со војната што Русија ја води против Украина.

„Русија нема шанси во директен конфликт со НАТО. Замислете ако Русија ја нападне Полска во 2025 година по истиот образец како што ја нападна Украина. НАТО би реагирал веднаш. Воздухопловните сили и копнените сили на Алијансата би ги уништиле нејзините трупи. Калининград би бил елиминиран во првите часови од конфликтот – нема да остане ништо. Сите руски воени објекти во таа енклава би биле уништени“, рече Хоџис.

Како што додаде, истото важи и за Севастопол.

„Руските воени бази таму исто така нема да ги преживеат првите часови од непријателствата“, додаде тој.

Хоџис тврди дека Русија нема шанси во отворен конфликт со НАТО и дека затоа е погрешно да се споредува такво сценарио со војната во Украина.

Според него, на самиот почеток на големата инвазија во 2022 година, НАТО требало да заземе поцврст став, односно отворено да изјави дека целта на Западот е целосно враќање на украинската контрола врз меѓународно признатите територии и дека на украинската армија треба да ѝ се обезбедат сите потребни ресурси за ова.

„Доколку тоа беше прогласено за заедничка стратешка цел од самиот почеток, ситуацијата денес би изгледала сосема поинаку. Украина би била во подобра позиција“, вели Хоџис.

Фото: принтскрин

Прикажи повеќе...

Свет

Либерман: Ќе го затвориме клучниот премин за помош за Газа додека Хамас не ги врати телата

Објавено пред

Израелскиот опозициски лидер Авигдор Либерман рече дека сите премини за доставување хуманитарна помош во Газа треба да бидат затворени бидејќи Хамас не ги предал преостанатите тела на израелските заложници.

dobivaj vesti na viber

На платформата X, Либерман напиша дека Хамас одлучил да ги „тестира своите граници“ со кршење на договорот за прекин на огнот, кој предвидуваше сите заложници, мртви или живи, да бидат вратени до пладне вчера.

„Израел не смее да се двоуми или да губи време“, рече Либерман. „Потребен е итен и решителен одговор, вклучително и затворање на сите премини кон Газа додека нашите заложници и мртви не бидат вратени во Израел“.

Претходно, израелските власти објавија дека преминот Рафах ќе остане затворен, а протокот на помош кон Појасот Газа ќе биде дополнително намален, бидејќи Хамас сè уште не ги предал сите тела, пренесуваат светските медиуми.

Фото: принтскрин

Прикажи повеќе...

Свет

Инстаграм воведува построги мерки за заштита за лица под 18 години

Објавено пред

Инстаграм повеќе нема да прикажува содржина на тинејџери што се смета за несоодветна за лица под 13 години, моделирана според филмската оценка PG-13. Оваа промена ги проширува заштитите што беа воведени минатата година, објави Блумберг.

dobivaj vesti na viber

Платформата, во сопственост на компанијата „Мета“, користи вештачка интелигенција за да препознае дали содржината е соодветна за тинејџери. Веќе е забрането да се препорачува експлицитна и сексуално сугестивна содржина на млади луѓе, а новите правила дополнително ќе ги сокријат објавите со вулгарности, опасни предизвици и предмети поврзани со марихуана.

„Одлучивме поблиску да се усогласиме со стандардот со кој родителите се запознаени. Целта е тинејџерите да наидуваат на вакви објави што е можно поретко“, велат од компанијата.

Сметките на корисници под 18 години автоматски ќе ги имаат овие поставки, кои не можат да се менуваат без дозвола од родителите. Покрај тоа, воведена е нова опција „Ограничена содржина“ за родителите кои сакаат уште построга контрола. Исто така, на корисниците под 16 години им е забрането емитување во живо.

Друга новина е што тинејџерите повеќе нема да можат да следат адреси кои често споделуваат содржина несоодветна за нивната возраст – како што се профилите поврзани со платформата OnlyFans или оние кои отворено објавуваат содржина „18+“. Доколку веќе ги следат, повеќе нема да можат да ја видат или да реагираат на нивната содржина, според медиумот.

Фото: принтскрин

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија5 часа

„Пренеси им поздрав и порака на нашите ангели“ – родителите од Кочани сочувствуваат со смртта на Панчо

Здружението на граѓани „16 март“, формирано од некои од родителите и семејствата на загинатите деца во пожарот во дискотеката „Пулс“...

Македонија6 часа

Железничката станица не може да биде турбофолк-хаб, Ивановски ќе отстранува сѐ што не е во проектот од Кензо Танге

Железничката станица во најкус рок ќе биде исчистена од билборди, паноа и графити и ќе биде забрането да се поставуваат...

Македонија6 часа

Андоновски: Македонија добива национален центар за вештачка интелигенција – почнува проектот „Везилка“

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, денеска официјално го претстави проектот „Везилка“ – Национален центар за вештачка интелигенција, капитален проект...

Македонија8 часа

Почина Панчо од ДНК

Владимир Блажев-Панчо од дуото ДНК почина речиси седум месеци по трагедијата во Кочани во дискотеката „Пулс“, каде што доби сериозни...

Македонија9 часа

Извештаи за примени донации доставиле 35 отсто од учесниците во изборната кампања

Во согласност со Изборниот законик, учесниците во изборната кампања за локалните избори 2025 година имаат обврска да поднесат извештаи за...

Македонија9 часа

„Од 7.000 на 10.000 го зголемуваме надоместокот за новороденче“, најави Герасимовски

Кандидатот за градоначалник на општина Центар од редовите на СДСМ, Горан Герасимовски, синоќа беше на терен, на средби со граѓаните...

Македонија10 часа

„ЈО и Коцевски да одговорат дали дискотеката „Пулс“ платила 40.000 евра, дали Спасовски ја спасил од казна“, прашува ВМРО-ДПМНЕ

„ЈО и Коцевски да не молчат и да кажат на јавноста дали дискотеката Пулс платила казна од 40.000 евра или...

Свет11 часа

Трамп постигна прекин на огнот во Газа, но сега се појавуваат три големи прашања

Американскиот претседател Доналд Трамп успеа да ги донесе Израел и Хамас на преговарачка маса и да постигне прекин на огнот,...

Свет12 часа

(Видео) Трамп по враќањето од Израел: „Ова беше историски ден за светот“

На летот за Вашингтон од Израел и Египет, американскиот претседател Доналд Трамп разговараше со новинарите во авионот „Ер Форс Уан“....

Свет12 часа

Кина одговори на мерките на САД: специјални пристанишни такси за американските бродови

Кина официјално почна да наплаќа посебни пристанишни такси за бродови во сопственост, управувани, изградени или кои го пловат американското знаме,...

Свет12 часа

(Видео) Се урна рудник во Венецуела, најмалку 14 мртви

Најмалку 14 лица загинаа откако рудник за злато се урна во општината Ел Калао во јужна Венецуела по обилните дождови...

Свет12 часа

(Видео) „Спејс икс“ на Маск ја лансира единаесеттата ракета „Старшип“

„Спејс Икс“ на Илон Маск вчера ја лансираше својата единаесетта ракета „Старшип“ од „Старбејс“ во Тексас. Starship's eleventh flight test...

Европа12 часа

(Видео) Жесток руски напад врз Харков, погодена болница: 30.000 луѓе останаа без струја

Руските сили го нападнаа Харков со наведувани бомби, прекинувајќи го снабдувањето со електрична енергија на 30.000 корисници во три области,...

Свет22 часа

Трамп го потпиша мировниот договор за Газа: „Поминаа 3.000 години за да се стигне до ова“

Американскиот претседател Доналд Трамп го потпиша првиот мировен план за Газа, изјавувајќи при потпишувањето: „Поминаа 3.000 години за да се...

Македонија24 часа

ЕУ отвора центри за вештачка интелигенција во Македонија и Србија

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, денеска најави дека Европската унија ќе отвори две „ВИ фабрики“ (центри за...

Топ1 ден

Поранешен дечко со оружје дошол пред домот на девојка во Гевгелија, полицијата го спречила

Полицијата во Гевгелија денеска спречи обид за убиство на девојка од нејзиниот поранешен партнер. Според информациите на Министерството за внатрешни...

Македонија1 ден

Алиу лично е за токсиколошка проверка да биде законска за сите лекари, но не знае дали правно може да се дефинира

Министерот за здравство Азир Алиу лично смета дека треба да се додаде законска обврска за токсиколошки анализи на сите лекари...

Македонија1 ден

Јован Божиновски назначен за нов директор на Клиникaта за неврологија, соопшти Алиу

Министерот за здравство Азир Алиу, на денешната прес-конференција информираше дека за нов в.д. директор на Клиниката за неврологија е назначен...

Македонија1 ден

Ѓорѓиевски дискотеките ќе ги извади на периферијата, младите брачни двојки ќе бидат 100 % ослободени од комуналии ако градат куќа

Иднината на Скопје, кандидатот за градоначалник од ВМРО – ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски ја гледа како град кој функционира паметно, брзо...

Македонија1 ден

Новата грејна сезона официјално почнува на 15 октомври: испораката на топлинска енергија ќе зависи од атмосферските услови

Од 15 октомври, официјално почнува грејната сезона 2025/2026 година за сите потрошувачи приклучени на системот за централно греење во градот...