Европа
Меркел: Ќе го победиме овој вирус, невозможно е нешто да се постигне ако се гледа црно на работите
Германската канцеларка, Ангела Меркел, денеска повика на зголемено производство на вакцини против коронавирусот во самата Европска Унија и го бранеше заедничкиот пристап на Унијата во борбата против пандемијата.
„И покрај сите тешкотии со кои се соочивме мислам дека за време на пандемијата повторно се покажа дека е добро што ја имаме Европската Унија“, им рече Меркел на пратениците во Бундестагот.
Таа експлицитно ја истакна важноста на механизмот за заедничка набавка на вакцини.
Во исто време ја истакна потребата да се зголеми производството на вакцини против коронавирусот во самата Европска Унија.
„Во Велика Британија се произведува за Велика Британија. САД не извезуваат своја вакцина. Затоа, долгорочно сме зависни од тоа што го произведуваме во ЕУ“, рече Меркел додавајќи дека ова се однесува и на годините што доаѓаат.
Во моментот, како што рече канцеларката, покрај Германија, и други делови на Европа се во средиштето на третиот пандемиски бран.
„Натамошното ширење на инфекцијата мора да се запре додека е сè уште можно“, порача таа.
На почетокот на своето обраќање во име на владата Меркел ги повика сите државни истанции да бидат поуспешни во борбата против пандемијата.
„Ако се опуштиме врз основа на досега постигнатото, тоа нема да биде доволно. Мора да бидеме пофлексибилни и побрзи каде што тое е можно“, предупреди канцеларката алудирајќи на бавниот процес на вакцинација и тестирање во Германија.
Во исто време таа повика и на поголем оптимизам во борбата против пандемијата.
„Невозможно е да се постигне нешто ако гледаме само црно. Ќе го победиме овој вирус“, рече Меркел и додаде дека кога станува збор за процесот на вакцинација, таа ја гледа светлината на крајот од тунелот.
Таа исто така предупреди на промената што ја носи третиот пандемиски бран.
„90-годишни лица нема веќе да лежат на одделенијата за интензивна нега, туку пациенти на возраст од 50 и 60 години, кои имаат уште многу години пред себе“, рече германската канцеларка.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Уапсени двајца тинејџери во Франција: планирале терористички напад
Двајца 16-годишници беа уапсени претходно оваа недела во северна Франција под сомнение за планирање напади врз трговски центар или концертна сала, соопшти канцеларијата на францускиот обвинител за антитероризам во петокот.
Апсењата спречија планиран напад, соопшти канцеларијата, пренесува Ројтерс.
Обвинителот за антитероризам рече дека еден од двајцата малолетници почнал да следи џихадистичка пропаганда. Имињата на уапсените не беа објавени.
Европа
Мерц реизбран за лидер на ЦДУ
Германската владејачка партија, Христијанско-демократската унија (ЦДУ), денес го реизбра Фридрих Мерц за свој лидер.
Мерц беше поддржан од 878 од 963 членови на партијата на националната партиска конференција во југозападниот град Штутгарт.
Резултатот е негов втор најдобар досега.
Во 2022 година, тој беше избран со 94,6 проценти од гласовите на онлајн партиска конференција, а подоцна беше потврден со гласање по пошта со 95,3 проценти од гласовите. Во 2024 година, тој доби 89,8 проценти од гласовите.
Дводневниот партиски состанок доаѓа на почетокот на предизвикувачка година за ЦДУ, која се соочува со избори во пет федерални држави во март и септември.
Според анкетите, крајната десница ги надминува конзервативците во две источни држави.
Мерц на митингот изјави дека ЦДУ мора „да спречи враќање на крајнодесничарскиот радикализам на власт во федералните држави на Германија“.
Европа
Уште тројца скијачи загинаа во лавини во Австрија
Уште тројца скијачи загинаа во лавини во Австрија денес, соопштија властите, во најновиот смртоносен инцидент оваа зима.
Две лица се пронајдени мртви по лавина во скијачкиот центар Санкт Антон ам Арлберг.
„Жртвите беа извлечени од снегот, но не беше можно да се спасат“, изјави портпаролот на полицијата. Уште три лица се повредени. Властите првично не дадоа никакви детали за идентитетот, возраста или националноста на жртвите.
Претходно, 42-годишен германски скијач загина во лавина во тиролскиот скијачки центар Наудерс. Мажот скијал надвор од стазата со својот 16-годишен син, кој преживеал со сериозни повреди, соопшти полицијата. Тие се обидувале да ја преминат северната падина кога се откинала плоча од снег широка околу 400 метри, носејќи ги околу 200 до 300 метри надолу.
До 40 сантиметри свеж снег паднале во делови од Тирол во последните денови. Властите предупредија дека ризикот од понатамошни лавини останува висок. Само во среда во Тирол беа регистрирани повеќе од 30 лавини.

