Свет
Мечка во Словенија нападнала маж кој го шетал своето куче
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/04/опуѕх.jpg)
Во словенечката општина Шкофљица мечка утрото нападнала шетач со куче, а по инцидентот, се повлекла во шумата.
Жртвата не добила сериозни повреди, а од Општината за словенечката телевизија „Н1“ рекле дека веќе стапиле во контакт со надлежните и чекаат повратна информација.
Полициската управа во Љубљана појасни дека мечката нападнала средовечен маж, кој се шетал во шума со уште едно лице и куче.
Ногата на мажот ја повредила мечката, но според засега достапните информации, неговиот живот не е во опасност, а мечката, по инцидентот, се повлекла во шумата.
Од Општината не знаат дали се работи за истата мечка во која удри возило минатата недела во овој регион. Повредената мечка побегнала во шумата.
Ова е веќе трета средба на човек и мечка за краток период на тротоарите и патиштата, па градоначалникот на општината поведе постапка за проверка на безбедноста.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Свет
Белата куќа: Когнитивниот тест не е неопходен за Бајден
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/11/бајден.jpg)
Когнитивниот тест не е неопходен за американскиот претседател Џозеф Бајден, изјави портпаролката на Белата куќа Карин Жан-Пјер по жестоката јавна дебата за здравјето на актуелниот американски претседател.
„Тој знае како да се опорави“, рече портпаролката на прес-конференција, по неодамнешниот разочарувачки настап на Бајден во дебатата против републиканецот Доналд Трамп.
Тој настап беше означен како катастрофален.
Портпаролката на Белата куќа додаде дека нема апсолутно ништо скриено за здравјето на Бајден (81).
Лојд Догет, претставник на Американската демократска партија од Тексас, претходно денеска го повика Бајден да се повлече од трката за претседателските избори, по споменатата ТВ дебата со Трамп.
Од друга страна, високата функционерка на демократите, Ненси Пелоси денеска оцени дека е легитимно да се поставуваат прашања за здравствената состојба на Бајден, кој подолго време е под лупа на јавноста.
Свет
Во Австралија се трага по 12-годишно момче – додека пливало, било нападнато од крокодил
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/07/avtomobil.jpg)
Австралиската полиција трага по 12-годишно момче кое било нападнато од крокодил додека пливало.
Алармот бил вклучен доцна синоќа во Палумпа, оддалечен град во северната територија, јавува „Скај њуз“.
Полицијата соопшти дека 12-годишното момче последен пат било видено како плива и дека „првичните извештаи се дека било нападнато од крокодил“. Беше почната потрага во која беа вклучени официјални лица и локални жители.
„Локалните полицајци се на местото на настанот и нашите мисли се со семејството и заедницата“, рече постариот наредник Ерика Гибсон.
„Полициските службеници во моментов ја пребаруваат областа со брод и благодариме на заедницата за континуираната помош“, додаде таа.
На северната територија има повеќе од 100.000 крокодили, а некои се големи и до шест метри. Сепак, фаталните напади врз луѓето се релативно ретки.
Во таа област се присутни и морски и слатководни крокодили. Морските крокодили се поголеми, поопасни и поагресивни кон луѓето и можат да пораснат до шест метри во должина. Слатководните крокодили можат да достигнат три метри во должина, а познато е и дека ги напаѓаат луѓето.
Свет
Полицаец во Германија останал без работа откако украл сирење од превртен камион
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2017/06/germanija-policija1-860x675.jpg)
Полицаец во Германија останал без работа откако украл околу 180 килограми чедар од контејнер на превртен камион по сообраќајна несреќа.
На германскиот полицаец, кој беше отпуштен откако украде 180 килограми чедар од камион кој се преврте во сообраќајна несреќа, судот не му дозволи да се жали на пресудата.
Полицаецот, кој требало да го обезбеди местото на несреќата, му наредил на спасувачот да му даде девет пакувања од по 20 килограми сирење, чија вкупна вредност била околу 550 евра.
Тој однел некои од пакетите во својата канцеларија, но на некои пакети му се губи трагата, соопштија од судот во германскиот град Кобленц.
Се верува дека четирите пакети ги чувал за себе или за своите пријатели и роднини.
Полицаецот, кој рече дека не сака ни чедар, ја обжали пресудата.