Контакт

Свет

Мечка убила работник во зоолошка градина пред очите на посетителите

Објавено пред

Мечка уби работник во зоолошка градина во Шангај пред посетители кои го гледале нападот од автобус, пренесува Би-би-си.

dobivaj vesti na viber

Несреќата се случила во саботата во дел од зоолошката наречен „област со диви ѕверови“. Видео од инцидентот, на кое се гледа како група посетители викаат додека го гледаат нападот, се прошири на кинеската социјална мрежа „Веибо“.

Зоолошката градина во Шангај на својата веб-страница соопшти дека „им е исклучително жал што се случила ваква трагедија“, додавајќи дека „им се извинуваат на посетителите за предизвиканата непријатност“.

Зоолошката градина објави дека ќе ги засили безбедносните мерки во „областа со диви ѕверови“.

Тоа е област во зоолошката градина каде што животните шетаат слободно наоколу, а посетителите можат да влезат само со автобус.

Инцидентот предизвика бура од коментари на социјалните мрежи, а многумина тврдат дека мечката се однесувала како што се однесуваат дивите животни и дека единственото решение е затворање на зоолошките градини.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион

Осумгодишно момче падна од зграда во Сомбор

Објавено пред

Осумгодишно момче паднало од четвртиот кат на зграда во Сомбор, по што со тешки повреди било пренесено во болница во Нови Сад.

dobivaj vesti na viber

Според информациите на регионалните медиуми, момчето родено во 2017 година паднало од терасата на станот на четвртиот кат, најверојатно поради навалување, но ова според написите не е официјално потврдено.

„Детето паднало на лимениот покрив од зградата, кој се наоѓа на приземјето од зградата“, изјавил извор од истрагата.

Момчето, на кое му биле дијагностицирани тешки, животозагрозувачки повреди, по несреќата веднаш било пренесено во здравствениот центар во Нови Сад.

Момчето е во многу сериозна општа состојба, пренесува „Блиц“. Момчето е сместено во Институтот за здравствена заштита за деца и млади на Војводина, на одделот за интензивна нега на Детската хирургија.

Прикажи повеќе...

Свет

Бајру: Франција мора итно да се заштити од економска дестабилизација

Објавено пред

Францускиот премиер Франсоа Бајру изјави денес дека е неопходно итно намалување на буџетскиот дефицит за да се заштити земјата од „цунамито на дестабилизација“, кое вклучува сè поагресивна Русија, како и трговската војна иницирана од американскиот претседател Доналд Трамп.

dobivaj vesti na viber

Како што објави Ројтерс, на прес-конференција во Париз, Бајру оцени дека едностраните потези на Трамп, вклучително и воведувањето царини и нарушувањето на односите со сојузниците, сериозно ја разнишаа довербата во меѓународниот поредок.

„Претседателот на Соединетите Американски Држави започна ураган чии последици нема да завршат наскоро. Како да не беше доволна војната, светот сега е погоден од цунами на дестабилизација“, рече Бајру, пренесува Танјуг.

Иако не презентираше конкретни мерки, Бајру ја отфрли можноста за зголемување на даноците и најави дека консултациите за буџетот ќе бидат завршени пред националниот празник на 14 јули, со цел да се забрзаат фискалните реформи.

Целта на владата е да го намали буџетскиот дефицит на 5,4 проценти од БДП до крајот на годината, а потоа постепено да го спушти под 3 проценти до 2029 година, во согласност со правилата на Европската унија.

Прикажи повеќе...

Свет

Наришкин: Во случај на напад врз Русија или Белорусија први на удар ќе бидат Полска и балтичките земји

Објавено пред

Додека војната во Украина влегува во својата четврта година, тензиите меѓу Русија и нејзините западни сојузници растат. Директорот на руската служба за надворешно разузнавање, Сергеј Наришкин, изјави дека безбедносните служби на Русија и Белорусија се подготвени за превентивни мерки во случај на понатамошна ескалација.

dobivaj vesti na viber

Тој предупреди дека во случај на напад врз Русија или Белорусија, одговорот ќе биде насочен кон целиот НАТО сојуз, со посебно предупредување до Полска и балтичките држави.

„Чувствуваме и гледаме дека европските земји, особено Франција, Велика Британија и Германија, го зголемуваат нивото на ескалација околу украинскиот конфликт. Затоа мора да дејствуваме превентивно. Подготвени сме за тоа“, рече Наришкин, според руските државни агенции ТАСС и РИА Новости.

Тој повтори дека целите на Русија во Украина остануваат непроменети – демилитаризација, таканаречената „денацификација“ и признавање на сегашните руски граници, кои ги вклучуваат и анексираните украински територии.

Наришкин ја обвини Украина за намерно продолжување на конфликтот со цел да ја одржи владата на Володимир Зеленски на власт и да избегне одговорност за она што тој го нарече „криминални одлуки“.

Тој особено остро ја критикуваше Полска за милитаризацијата на границата со Русија и Белорусија, оценувајќи дека тоа дополнително ја дестабилизира безбедносната состојба во Европа. Москва има подеднакво строг став кон Естонија, Литванија и Латвија, земји од поранешниот советски блок кои исто така се плашат од руски државен удар.

„Полска не ги разбира последиците од своите постапки. Доколку има агресија од страна на НАТО, штетата сигурно ќе биде нанесена на целиот блок, но пред сè на оние кои ги туркаат овие идеи, имено политичките кругови во Варшава и балтичките престолнини. Тие ќе страдаат први и ќе страдаат повеќе“, рече тој.

Белорусија, близок сојузник на Москва, продолжува да ја поддржува руската воена кампања, а претседателот Александар Лукашенко дозволи руско нуклеарно оружје да биде стационирано на белоруска територија, што предизвика жестоки реакции од Западот. Минск веќе е исклучен од неколку меѓународни организации, а тие беа критикувани особено за депортацијата на украински деца.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

Сѐ уште не се знае кој го вандализирал споменикот на децата бегалци во центарот на Скопје – плочата е откорната, МВР работи на случајот

МВР работи на расчистување на случајот со откорнатата плоча од споменикот на децата бегалци во срцето на Скопје. Во полицијата...

Топ2 часа

Случаен минувач го нашол изгубеното 6-годишно девојче од Куманово, по грешка се качило во автобус за Скопје

Полицијата во Гази Баба информираше дека е пронајдено шестгодишното девојче од Куманово кое вчера од страна на неговата мајка беше...

Македонија3 часа

Претреси на осум локации во Прилеп поврзани со работењето на болницата

Финансиската полиција ја тресе прилепската болница, а  во тек се претреси на осум локации. „Основното јавно обвинителство Прилеп постапува во...

Македонија3 часа

Маркетите, аптеките и продавниците за техника и мебел од петок мора да ги објавуваат цените на интернет

Маркетите, аптеките и продавниците за техника и мебел од петок ќе мора да ги објавуваат цените на своите производи на...

Македонија5 часа

Приврзоците на ДУИ денес глумат глас на совеста, вели Тошковски

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, во статус на социјалните мрежи се огласи по критиките од опозициските партии за одговорноста...

Македонија5 часа

Ако има пропусти, ќе има одговорност, рече Таравари за пациентот што почина чекајќи операција на Кардиохирургија

Министерот за здравство Арбен Таравари вели дека ќе има одговорност ако бидат утврдени пропусти во случајот со смртта на пациентот...

Македонија6 часа

„Морален пораз за Тошковски и ДПМНЕ е советничка да поднесе оставка, а тој не“, велат од СДСМ

„Морален пораз за Тошковски и ДПМНЕ е советничка во Советот на општина Кочани од оваа партија да поднесе оставка од...

Македонија7 часа

ДУИ: Вистинското лице на една власт што не знае што значи одговорност, ниту министерот за внатрешни работи ниту директорот на Бирото за јавна безбедност не поднесоа оставка

„Во Република Северна Македонија постои јасна традиција: кога ќе се случи голема трагедија, министрите поднесуваат оставка – како морален чин,...

Македонија7 часа

(Видео) Партијата Левица: Радијата да имаат третман како телевизиите – порталите по еден вработен

Партијата Левица поднесе амандман во интерес на порталите и радијата по однос на Законот за медиуми. Пратеникот и портпарол на...

Свет8 часа

Претседателот на „Харвард“: Партиите не треба да диктираат што да учат универзитетите

Претседателот на Харвард, Алан Гарбер, вчера во јавно писмо напиша дека најстариот и еден од најпочитуваните универзитети во САД се...

Свет9 часа

„Харвард“ ги отфрли барањата на Трамп, губи 2,2 милијарди долари федерални пари

Администрацијата на претседателот Доналд Трамп објави дека замрзнува повеќе од 2 милијарди долари федерално финансирање за Харвард, само неколку часа...

Европа9 часа

Лавров: САД блокираа 95 отсто од трговијата со Русија, но ние не бараме милост

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека Москва не бара укинување на санкциите, но системот на американски мерки...

Македонија20 часа

(Видео) „Сите идеали не се вредни колку солзите на едно дете“ со насолзени очи советничка во Кочани си поднесе оставка

Советничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ во Општина Кочани, Кристина Атанасова Арсова, денес на седницата за избор на в.д. градоначалник си...

Регион22 часа

Бугарија бара одговор: Три месеци чекаме РСМ да одлучи дали ќе работиме или само ќе разговараме за Коридорот 8

До денес, Коридорот 8 зависи од желбата и политичката волја на Република Северна Македонија. Испративме договор таму за единственото нешто...

Свет22 часа

Медведев до Мерц: „Размисли двапати нацисту“

Заменик-шефот на рускиот Совет за безбедност, Дмитриј Медведев, го нарече новиот германски канцелар, Фридрих Мерц, нацист поради, како што рече,...

Свет1 ден

Русите се огласија по крвавиот напад на Суми: Цел ни беше состанокот на воените команданти

Еден ден по рускиот ракетен напад врз украинскиот град Суми, во кој беа убиени најмалку 34 лица, меѓу кои две...

Македонија1 ден

Во Скопје се лекуваат девет повредени во пожарот во Кочани, во странство 48

Во Скопје се лекуваат уште девет повредени од пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, а во странство 48, информира министерот...

Македонија1 ден

Палевски тврди дека не ги извршил убиствата и грабнувањата: „Ако сакав пари, ќе уценував милијардери, имав 200.000 телефонски разговори“

Љупчо Палевски, првообвинетиот за убиствата на Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски, сведочи во Основниот кривичен суд во Скопје тврдејќи...

Македонија1 ден

„Филипче, наместо Клинички центар, изгради полигон за семејни тендери, корупција и скандали“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„Филипче во улогата како министер за здравство под СДС, ја покажа неспособноста на една власт да ја разбере суштината на...

Македонија1 ден

СДСМ: Истрагата за Кочани е фарса под команда на ВМРО-ДПМНЕ и Тошковски

„Истрагата за најголемата трагедија во историјата на Македонија, која требаше и мораше да донесе правда, се претвори во фарса. И...