Контакт

Европа

Меј ќе бара четврто гласање за договорот за брегзит

Објавено пред

Британската премиерка, Тереза Меј и членовите на нејзиниот кабинет бараат начин договорот за брегзит да го стават на гласање по четврти пат во Долниот дом на парламентот, пренесе „Би-би-си“.

dobivaj vesti na viber

Во овој момент не е познато кога би можело да дојде до тоа, но извесно е дека пратениците в понеленик повторно ќе организираат незадолжително гласање за начинот на кој земјата би можела да излезе од кризата. Претходното, таканаречено, индикативно гласање не даде резултат, бидејќи ниту еден од осумте предлози не доби мнозинство гласови.

Лидерот на опозициските лабуристи, Џереми Корбин не сакаше да каже дали в понеделник ќе побара да се гласа и за можноста Британија да остане во Европската Унија, но додаде дека е очигледен избор задржувањето на одличните економски односи со Унијата.

По третиот пораз во Долниот дом, премиерката вчера доби мала причина за надеж, бидејќи загуби со разлика од 58 гласови, за разлика од првото гласање кога загуби со 23о гласови и со 149 на второто гласање.

Извори од владата изјавиле за „Би-би-си“ дека Меј верува оти напорите одат во добар правец и ќе продолжи со обидите да го обезбеди мнозинството во Долниот дом.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа

Кремљ: Путин ќе разговара со Трамп

Објавено пред

Кремљ потврди дека специјалниот пратеник на американскиот претседател Доналд Трамп, Стив Виткоф, се сретнал со рускиот претседател Владимир Путин за време на вчерашната посета на Москва.

dobivaj vesti na viber

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека рускиот претседател и Виткоф се согласиле за потребата од разговор меѓу Трамп и Путин, но точниот датум сѐ уште не е договорен.

„Точното време на разговорот меѓу двајцата претседатели сѐ уште не е одредено“, изјави Песков за новинарите.

„Откога господинот Виткоф ќе му ги пренесе на својот претседател сите информации што ги добил во Москва, тогаш ќе одредиме време за разговор“, додаде тој.

Песков исто така за новинската агенција ТАСС изјави дека двете страни „разбираат дека е неопходен разговор меѓу претседателите“.

Прикажи повеќе...

Европа

ЕУ ќе ги продолжи санкциите кон Русија и покрај унгарските закани

Објавено пред

Високи дипломати на Европската Унија утринава се согласија да ги продолжат санкциите против речиси 2.000 руски граѓани, вклучително и претседателот Владимир Путин, многу високи политичари и бизнисмени.

dobivaj vesti na viber

Санкциите, кои мора да се обновуваат едногласно на секои шест месеци, остануваат во сила до 15 септември 2025 година.

По заканата на Унгарија дека ќе стави вето на списокот, четири лица беа отстранети од списокот, а три лица, кои неодамна починаа, исто така беа избришани, велат извори од ЕУ.

Банкарскиот и енергетски тајкун Михаил Фридман, кој делумно ја доби правната битка против санкциите на ЕУ минатиот април, останува на листата, велат изворите.

Прикажи повеќе...

Европа

Американското разузнавање: Путин нема намера да се откаже од освојување на Украина

Објавено пред

Рускиот претседател Владимир Путин не се откажува од својата цел да ја контролира Украина и покрај напорите на САД да посредуваат за прекин на огнот, објави „Вашингтон пост“ повикувајќи се на извори запознаени со доверливите извештаи на американските разузнавачки служби.

dobivaj vesti na viber

Според еден американски функционер, Путин и понатаму има „долгогодишна желба да ја обнови мајката Русија и останува решен да воспостави контрола над Киев. Оваа процена беше меѓу разузнавачките извештаи дистрибуирани до администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп на 6 март.

Некои официјални лица веруваат дека дури и ако Русија се согласи на привремен прекин на огнот, Москва би ја искористила паузата за повторно да се вооружи, да го прекрши договорот и да изврши провокации, кои потоа ќе ѝ ги припише на Украина.

Пред три дена, за време на преговорите во Џеда, Украина се согласи на 30-дневен прекин на огнот под услов и Русија да го стори тоа. Овој договор го поттикна Вашингтон да ја обнови воената и разузнавачката поддршка за Киев.

Путин вчера изјави дека Русија е подготвена да го прифати американскиот предлог за прекин на огнот, но само доколку Украина ги прекине мобилизацијата, воената обука и увозот на оружје.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ги отфрли условите на Путин како руска манипулација и повика на построги санкции против Москва.

Трамп, кој претходно предупреди на погубни финансиски последици за Русија доколку војната се одолжува, вчера изјави дека изјавата на Путин е „многу ветувачка“, но „не е целосна“.

Европски разузнавач изјави за „Вашингтон пост“ дека Москва го гледа Трамп како слаб, непринципиел и потенцијално подложен на манипулации врз основа на неодамнешните разузнавачки информации.

Ако се постигне траен прекин на огнот, Русија, најверојатно, ќе се врати на хибридните методи, пропагандата, економскиот притисок и сајбер-нападите што ги користеше против Украина пред нејзината инвазија во 2022 година, додаде функционерот.

Американските власти и понатаму се внимателни во процената на можните мировни услови што Путин би можел да ги прифати, но тие не гледаат индикации дека тој се откажал од своите напори да го врати Киев под руско влијание.

Западни безбедносни извори претходно за „Блумберг“ изјавија дека Путин поставил максималистички барања во врска со територијалните отстапки, мировните сили и украинската неутралност, свесен дека овие услови се неприфатливи за Киев и европските земји.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

Јахоски оди во притвор, Кривичен ја преиначи првичната одлука

Кривичниот совет при Основниот кривичен суд Скопје, постапувајќи по жалба на Основно јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција,...

Топ4 часа

Работниците копале дупка за шахта и нашле коски во дворот на амбулантата во Илинден

Коски биле најдени за време на ископ на дупка за шахта, во дворот од амбулантата во населбата Илинден. „Амбулантата во...

Македонија4 часа

Подготвителната седница за Законот за јазиците ќе се емитува во живо: „Секој граѓанин ќе гледа и слуша како ја водиме постапката“

Претседателот на Уставниот суд, Дарко Костадиновски, на брифинг со новинарите информираше за одржување на претстојната Подготвителна седница за Законот за...

Македонија6 часа

Мицкоски: Предупредив дека народот може да се самоорганизира и да протестира, желен е за правда, не правам упад во судската власт

Најавите за протести премиерот Христијан Мицкоски вели дека се предупредување за незадоволството кај народот доколку сами не се повлечат од...

Македонија6 часа

Бугарија испрати јасна политичка порака дека не се посветени на изградбата на Коридорот 8, вели Николоски, кој алармирал во банките за пренамената на средствата

Министерот за транспорт и врски Аленсандар Николоски утрово алармирал во двете банки со кои земјава има потпишано договори за кредит...

Македонија6 часа

Ќе биде потпишан договор со многу моќна европска земја и ќе се мери во милијарди, рече Мицкоски

Премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање, информира дека очекува многу добри вести за македонските граѓани во текот на април...

Свет7 часа

Tрамп: Покварениот Џо Бајден нѐ доведе во вистински хаос со Русија

Американскиот претседател Доналд Трамп го повика својот претходник, Џо Бајден, во објава на социјалните мрежи. „Покварениот Џо Бајден нè внесе...

Македонија8 часа

СДСМ: Министерката Јаневска скучила договор со „Пуцко петрол“ од 40 илјади евра

Продолжуваат партиските преписки за тоа кој, каков договор склучил со „Пуцко Петрол“, чијшто сопственик, Асмир Јахоски, е осомничен во случајот...

Европа9 часа

(Фото) Украинците оставија многу моќно оружје во Курск, Русите објавија фотографии

Кон крајот на минатиот месец, на 25 февруари, елитната руска група за беспилотни летала – Центарот за напредни беспилотни системи...

Македонија9 часа

(Видео) Стојаноски: Благодарение на СДС и ДУИ, „Пуцко петрол“ успевал за една година да го зголеми приходот 40 проценти

„Откако пред некој ден син на пратеник од ДУИ, сопственик на Пуцко петрол како мерка доби домашен притвор за случај...

Македонија9 часа

Левицата предложи 18 месеци платено породилно отсуство: Овој закон ќе ја подобри положбата на мајките и семејството и ќе создаде темели за решавање на најголемите демографски проблеми

„Во време кога Македонија се соочува со сериозна демографска криза, Левица предложи нов закон за 18 месеци платено породилно отсуство,...

Македонија11 часа

ДУИ: Секој обид за оспорување на Законот за употреба на јазиците е обид за оспорување на Охридскиот договор и уставниот поредок на Северна Македонија

„Денес ја одбележуваме четвртата годишнина од потпишувањето на Законот за употреба на јазиците – моментот кога беше заокружен легислативниот дел...

Македонија11 часа

„Судскиот совет не е приватен дуќан на кадрите на Заев и Груби – разрешените членови мора да заминат“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„ВМРО-ДПМНЕ најостро реагира на обидите на разрешените членови на Судскиот совет да ја узурпираат институцијата, спротивно на волјата на Собранието...

Македонија12 часа

„Имаме најскапи патарини во регионот, а ужасни патишта: пратениците да гласаат за нашиот предлог за 50 отсто поевтини патарини“, бара партијата Левица

„На 19 март, во Собранието ќе се гласа за предлог-законот на пратеничката група на Левица, кој предвидува намалување на патарините...

Македонија12 часа

СДСМ: Милиони во омилени фирми на власта, до кога ќе молчи Јавното обвинителство за тендерските шеми на ДПМНЕ?

СДСМ јавно прашува: До кога Јавното обвинителство ќе молчи за тендерските шеми и скандали на ДПМНЕ? „Случаите со милионските зделки...

Свет12 часа

Венс: Би бил шокиран доколку Трамп сака да го премести нуклеарното оружје подалеку на исток во Европа

Потпретседателот на САД, Џеј Ди Венс рече дека би бил шокиран доколку претседателот Доналд Трамп сака нуклеарното оружје да го...

Македонија12 часа

„Огромен интерес и внимание за македонската делегација на глобалниот самит во Баку“: Сиљановска и Божиновска во центарот на глобалните дискусии

Огромен интерес за македонската делегација на XII Global Baku Forum – присуството на македонската делегација, официјалните и неформалните средби на...

Европа13 часа

(Видео) Погодена рафинерија во Русија, гори огромен резервоар за гас

Украинците во текот на ноќта со беспилотни летала ја нападнаа руската рафинерија Туапсе во Краснодарската територија. Според руските канали на...

Свет13 часа

(Видео) Џеј-Ди Венс исвиркан на концертот на Националниот симфониски оркестар во Вашингтон

Американскиот потпретседател Џеј Ди Венс беше пречекан со свирежи и негодувања од публиката по пристигнувањето на концертот на Националниот симфониски...

Свет14 часа

Кина, Иран и Русија почнаа разговори за иранските нуклеарни прашања

Високи дипломати од Иран, Русија и Кина се собраа денеска во Пекинг на разговори за нуклеарните прашања на Техеран, објави...