Свет
Милитантите земаат најголем дел од хуманитарната помош на ОН за бегалците од „Рукбан“
Поголемиот дел од хуманитарната помош од ОН за внатрешно раселени лица во кампот „Рукбан“ во Сирија не стигнува до бегалците, сведочат милитантите, кои на 14 април избегале од областа Ал-Танф, се вели во заедничката изјава на седиштето за координација на Русија и Сирија, пренесува ТАСС.
Според предадените милитанти, најголемиот дел од хуманитарната помош од ОН за кампот „Рукбан“ го присвојуваат лидерите на милицијата, а цивилите се принудени сами да купуваат лекови и основни производи од бандитските групи по екстремно високи цени.
Во изјавата се истакнува дека хранењето на милитантите под маската на хуманитарна помош е неприфатливо.
Светската здравствена организација (СЗО) на штета на цивилното население во земјата лобира за интересите на Западот и на САД, особено за време на решавање на тешката епидемиолошка состојба во североисточна Сирија, се вели во заедничката изјава на Русија и Сирија.
Во документот се истакнува дека САД профитираат од тешката епидемиолошка ситуација во североисточна Сирија.
„Фактот што дури и СЗО се вклучи во оваа активност е изненадувачки и загрижувачки“, се вели во соопштението.
Според извештајот на СЗО, за ефикасно спротивставување на пандемијата треба да се вратат прекуграничните резерви на хуманитарна помош, вклучително и преку преминот Ал Јарубија.
„Во меѓувреме, можен е шверц на оружје, дрога, милитанти и зараза со коронавирус на територијата на соседните држави преку горенаведениот премин. Имајќи ги предвид овие околности, се чини дека СЗО лобира за интересите на Западот на штета на сирискиот народ и регионалната безбедност“, се истакнува во документот.
Во таа насока Русија и Сирија ги повикуваат претставниците на СЗО да ги проверат своите пристапи кон усогласеноста со основните принципи на ОН и да престанат со практиката на манипулација со јавното мислење спроведувана од западните нации.
Агресивната намера на Западот да го отвори граничниот премин Ал Јарубија е поттикната од можноста да се пренесува оружје на курдските единици и да се шверцуваат фосилни горива за американски компании.
„Вистинската цел на агресивната политика на Западот во врска со отворањето на граничниот премин Ал Јарубија во североисточна Сирија е да им испорача оружје на курдските единици контролирани од САД и да ги извади нелегално испумпаните фосилни горива, што непречено го спроведуваат компании контролирани од САД“, се наведува во соопштението.
Изјавата е потпишана од шефот на рускиот меѓусекторски координативен штаб за репатријација на сириските бегалци и началник на Националниот центар за контрола на одбраната на Русија, Михаил Мизинцев, и шефот на меѓусекторското координативно седиште за репатријација на бегалците и министер за локална самоуправа, Хусеин Маклуф.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Сали и Бегај разговараа за политичката состојба и европската интеграција на двете земји
Првиот заменик‑претседател на Владата, Беким Сали, оствари официјална средба со Претседателот на Република Албанија, Бајрам Бегај, на која се дискутираше за актуелната политичка ситуација и за соработката помеѓу двете земји.
За време на средбата, двете страни разменуваа мислења за политичките случувања и за продлабочувањето на институционалната соработка помеѓу Северна Македонија и Албанија.
Првиот заменик‑претседател на Владата, Сали, истакна дека Албанците во Северна Македонија се претставени на најдобар можен начин, играјќи активна и конструктивна улога во државните институции, придонесувајќи во донесувањето одлуки и во клучните процеси кои се поврзани со стабилноста, демократскиот развој и европската перспектива на земјата.
На средбата беше нагласено дека Република Северна Македонија и Република Албанија, покрај тоа што се соседни и пријателски земји, имаат и заеднички аспирации во процесот на европска интеграција.
Свет
Две жртви во трамвајската несреќа во Милано, истрагата насочена кон возачот
Во тешка несреќа во Милано загинаа две лица, а 39 се повредени откако трамвај излета од шините и удри во зграда на улицата „Виале Виторио Венето“, во близина на „Порта Венеција“.
Една од жртвите е 60-годишен пешак кој останал приклештен под возилото, додека вториот загинат е патник кој починал во болница од здобиените повреди.
Истрагата е насочена кон возачот, кој наводно изјавил дека му се слошило непосредно пред несреќата. Се проверува можноста за ненадејна здравствена состојба, особено затоа што трамвајот ја прескокнал последната станица пред свиокот. Првичните проверки не покажале технички дефект.
Градоначалникот на Милано, Џузепе Сала, изјави дека најверојатно причината не е механички проблем и дека станува збор за ново возило управувано од искусен возач. Отворена е истрага.
Несреќата предизвика реакции од италијанските власти, кои изразија сочувство и најавија целосно утврдување на околностите.
(Видео) Трамвај излета од шините во Милано: загина пешак, речиси 40 повредени
Свет
Бил Клинтон сведочеше за Епстин: Ништо не видов и не направив ништо погрешно
Поранешниот американски претседател Бил Клинтон сведочеше пред Одборот за надзор на Претставничкиот дом во рамки на истрагата за починатиот финансиер и осуден сексуален престапник Џефри Епстин.
Во воведното обраќање, Клинтон изјави дека ништо не видел и дека не направил ништо погрешно, нагласувајќи дека неговото познанство со Епштајн било кратко и завршило години пред злосторствата да станат јавни.
„Знам што видов и, уште поважно, што не видов. Знам што направив и, уште поважно, што не направив. Не видов ништо и не направив ништо погрешно“, рече Клинтон. Тој најави дека на дел од прашањата веројатно ќе одговори со „не се сеќавам“, бидејќи од неговите контакти со Епстин поминале повеќе од 20 години.
Сведочењето се одржува зад затворени врати во Њујорк, но се снима и најавено е објавување на снимката. Претходно сведочеше и неговата сопруга Хилари Клинтон, при што расправата меѓу демократите и републиканците доби и политичка димензија.
Демократите побараа и актуелниот претседател Доналд Трамп да сведочи, тврдејќи дека неговото име често се појавува во документите поврзани со случајот. Трамп негира каква било поврзаност со злосторствата на Епштајн.
Фото: Depositphotos

