Европа
Минатата година била досега најтоплата во Европа
Минатата година во Европа биле регистрирани највисоките температури досега, со што се продолжува рекордниот тренд на емисија на стакленички гасови, се вели во нова студија објавена по повод Денот на планетата Земја.
Според годишниот извештај на Сервисот за климатски промени на Европската Унија, „Коперник“, во Европа минатата година е забележана највисока просечна температура досега. Во извештајот исто така се нагласува дека од 12 највисоки просечни температури во Европа досега, единаесет се регистрирани од 2000 година наваму.
Директорот на агенцијата „Коперник“ оценува дека трендот на пораст на температурите најверојатно ќе продолжи и оваа година. Податоците за периодот меѓу декември 2019 и февруари годинава укажуваат дека оваа зима била досега најтоплата во Европа, објави „Ројтерс“.
Научниците посочуваат дека минатогодишните високи температури дошле и покрај отсуството на Ел Нињо, глобален атмосферско-океански феномен што обично предизвикува покачување на температурите.
Наместо тоа, високиот атмосферски притисок придонел за појава на високи температури во јуни и јули, кога земји како Франција, Германија, Белгија и Холандија забележаа топлотни бранови со рекордни температури.
Концентрацијата на гасови во атмосферата кои доведуваат до глобално затоплување, како што се јаглерод диоксид и метан, минатата година се искачила на ниво невидено на планетата милиони години наназад и истото сè уште е присутно, велат научниците.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Куче уби деветмесечно бебе во Велика Британија
Деветмесечно бебе почина во недела навечер откако беше нападнато од куче во Велс, Велика Британија. Полицијата и службите за итни случаи беа повикани на адресата во Рогиет околу 18:00 часот, но за жал детето не можеше да се спаси и беше прогласено за мртво на местото на настанот, пишува Скај њуз.
Полицијата потврди дека кучето поврзано со нападот е запленето и отстрането од имотот.
Главниот началник на полицијата во Гвент, Џон Дејвис, се обрати до јавноста.
„Разбираме дека ќе има загриженост во врска со овој инцидент, но полицајците се на местото на настанот и ќе покренат дополнителни истраги како што напредува истрагата“, рече тој. „Доколку имате какви било загрижености или информации, ве молиме контактирајте не.“
фото: принтскрин
Европа
(Фото) Русите отвораат театар на местото на едно од најстрашните злосторства
Русите во окупираниот Мариупол планираат повторно да го отворат Драмскиот театар до крајот на оваа година, истиот што го уништија со две воздушни бомби во март 2022 година.
Во нападот загинаа повеќе од 300 украински цивили кои побараа засолниште во зградата, а првата претстава на местото на ужасното злосторство треба да се одржи веќе во декември, соопшти Градскиот совет на Мариупол.

„Окупаторите тврдат дека „реконструкцијата“ на театарот е при крај. Местото на едно од најстрашните руски воени злосторства сега се трансформира во простор за руски претстави и концерти“, соопшти градскиот совет.

Службениците додадоа дека Русите го опколиле театарскиот простор по смртоносниот воздушен напад за да го сокријат отстранувањето на урнатините што содржат тела и да спречат документирање на доказите за нивните злосторства.

На 16 март 2022 година, руските сили фрлија две воздушни бомби од 500 килограми врз театарот во Мариупол. Во тоа време, зградата се користеше како засолниште за стотици цивили.

Зборот „Деца“ беше напишан со големи букви на предната и задната страна од зградата за да биде видлив од воздух и да ги предупреди пилотите дека внатре има цивили, но нападот сепак се случи.

Окупациските власти подоцна го демонтираа уништениот театар, оставајќи ја само предната фасада како „темел за реконструкција“. Во август оваа година, руските власти објавија дека ги завршиле надворешните поправки и дека преминуваат на внатрешно уредување, најавувајќи дека првата претстава ќе се одржи до крајот на 2025 година.
фото: принтскрин
Европа
Дронови забележани над воена база во Белгија: полициски хеликоптер ги следеше, па ги изгуби
Четири дронови беа видени синоќа над белгиската воена воздухопловна база Клајне-Брогел, која ја користат силите на НАТО, во најновиот од неколкуте инциденти пријавени за време на викендот.
Белгиската новинска агенција Белга ги објави видувањата, повикувајќи се на локалниот градоначалник Стивен Матеи. Полициски хеликоптер ги следеше, но на крајот исчезнаа на север кон Холандија.
Дронови беа видени и во ноќта од сабота кон недела.
„Беше користен попречувач, но се покажа како неуспешен. Полициски хеликоптер и возила го гонеа дронот, но го изгубија по неколку километри на север“, извести за инцидентот белгискиот министер за одбрана Тео Франкен.
Министерот ги опиша дроновите како големи модели и рече дека „не станува збор за редовно прелетување, туку за јасна мисија насочена кон Клајне-Брогел“. „Тие летаа на голема надморска височина“, истакна тој. Истрагите се во тек.
фото: принтскрин

