Европа
Министерот за одбрана на Белорусија: Не сакаме војна со Украина, ама не провоцирајте нѐ

Белорускиот министер за одбрана, Виктар Хренин, изјави дека неговата земја не сака војна со Украина или која било друга соседна земја, но истовремено предупреди на можни провокации, пренесоа белоруските медиуми.
Хренин рече дека Белорусија, една од ретките земји што ја поддржа руската инвазија на Украина, е загрижена од сугестиите дека белоруската војска може да ја нападне Украина.
„Единственото нешто што можеме да го кажеме е ова: Не провоцирајте нѐ, нема да ве нападнеме. Не сакаме да се бориме против Литванците или Полјаците, а особено не против Украинците“, рече Хренин.
Тој го предупреди Западот за можни провокации и додаде: „Вие не сакате војна со нас исто како што ние не сакаме војна со вас“.
Лукашенко денеска ја обвини Украина дека подготвува напад врз неговата земја и најави дека Минск поради ова, ќе распореди руско-белоруска воена група, но не кажа каде.
АФП пренесува дека Лукашенко рекол оти Полска, Литванија и Украина „обучуваат белоруски радикални милитанти“ за „саботажа, терористички напади и организирање бунт во армијата“. Полска, која ја дели границата со Белорусија, денеска ги повика своите граѓани да ја напуштат земјата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
(Видео) Полски европратеник си ги избриша чевлите од знамето на ЕУ, а потоа го запали

Крајнодесничарскиот европратеник и кандидат на претстојните претседателски избори во Полска, Грзегорз Браун, го запали знамето на Европската Унија во зградата на Министерството за индустрија во Катовице. Пред да го запали, си ги избриша чевлите од него.
Precz z eurokomuną! Tu jest Polska 🇵🇱 pic.twitter.com/e0PLoXlZJA
— Grzegorz Braun (@GrzegorzBraun_) May 6, 2025
Имунитетот на Браун му беше укинат во вторникот.
Tu jest Polska 🇵🇱 nie Bruksela! pic.twitter.com/MxGOoaufUe
— Grzegorz Braun (@GrzegorzBraun_) May 6, 2025
Полските власти ќе го гонат во врска со инцидентот од декември 2023 година кога како член на полскиот парламент тој ги изгасна свеќите за Ханука со противпожарен апарат како знак на протест против прославата на еврејскиот празник во Полска.
Европа
Две години по крунисувањето, објавени официјални портрети на кралот Чарлс и Камила

Две години по историската церемонија, објавени се официјалните портрети на крунисувањето на кралот Чарлс и неговата сопруга, кралицата Камила.
Портретите ги откриле самите крал и кралица за време на посетата на Националната галерија во Лондон.
Портретите ќе бидат изложени таму еден месец по што ќе бидат префрлени во Бакингемската палата, се вели во официјалното соопштение од палатата.
Европа
Украина: Русија нè бомбардира и покрај тридневниот прекин на огнот

Украинските власти рано утрово пријавија ново гранатирање и покрај едностраното примирје објавено од рускиот претседател Владимир Путин, кое наводно стапи на сила на полноќ.
Руските авиони постојано фрлаат наведувани бомби над северниот регионот Суми, соопштија украинските воздухопловни сили на Телеграм, предупредувајќи за континуирана воздушна активност во источен правец.
Во меѓувреме, рано утрово беа пријавени предупредувања и напади со беспилотни летала во регионот Липецк во западна Русија, според регионалниот гувернер Игор Артамонов.
Информациите дадени од двете страни не можеа независно да се потврдат.
Едностраното 72-часовно примирје прогласено од Москва стапи на сила веднаш по полноќ, според руската државна новинска агенција ТАСС. Путин го објави прекинот на огнот за време на годишната прослава на Денот на победата во Русија на 9 мај, со што се означува крајот на Втората светска војна во Европа.