Свет
Основачот на „Белите шлемови“ паднал од балкон во Истанбул
Еден од основачите на невладината организација „Бели шлемови“, Британецот Џејмс ле Мезјуре, е пронајден мртов во близина на својот дом во Истанбул, пренесува „Индипендент“ повикувајќи се на неименувани извори.
Засега не е позната причината за неговата смрт, односно дали станува збор за убиство или самоубиство, а според непотврдени информации, тој паднал од балконот на својот стан во Бејоглу.
Турскиот весник „Созџу“ исто така пишува за смртта на поранешниот агент на МИ6 наведувајќи дека пред смртта Ле Мезјуре извесен период пиел антидепресивни средства.

„Сабах“, уште еден голем турски весник, исто така објави, повикувајќи се на извори во полицијата, дека полицијата смета оти самоубиство е најверојатната причина за смртта на Ле Мезјуре и дека поранешниот шпион можеби скокнал од балконот на својот стан на третиот кат. На неговото тело не биле пронајдени прострелни рани или рани од нож.
Русија претходно бараше од Велика Британијае обаснувања по наводите дека Џејмс ле Мезјуре соработувал со Ал каеда додека бил активен во Косово.
Организацијата „Бели шлемови“, која е масовно позната и поддржана на Запад, го прогласи за своја цел спасувањето цивили во воените зони, но сириските власти ги обвинуваат за поврзаност со екстремистите и за спроведување непријателски пропагандни активности и ги означија како терористичка група и пропагандно крило на Ал-Нусра.
„Индипендент“ пишува дека Ле Мезјуре одиграл главна улога во создавањето на оваа организација во Турција во 2013 година. Тој во 2016 година дури беше и награден со витешки орден на Британската Империја.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Се бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери
Голем број граѓани на Тузла денеска излегоа на улиците на градот и одржаа протест, изразувајќи го своето незадоволство поради трагедиите и скандалите што го погодија Тузланскиот кантон.
Пожарот што избувна во вторникот во Домот за пензионери во Тузла однесе 13 животи, а 12 пациенти сè уште се наоѓаат во болница. Како што беше утврдено, жртвите починале од труење со јаглерод моноксид.
Една седмица претходно, Тузланскиот кантон го потресе случајот со подведување малолетнички, за што се осомничени полициски службеник и еден професор. Нивното подведување траело неколку месеци во текот на минатата и оваа година.
Присутните граѓани од Тузла, но и оние кои допатуваа од други градови на Босна и Херцеговина, денеска побараа оставки од надлежните.
Свет
Три девојки планирале терористички напад во Париз
Девојки на возраст од 18, 19 и 21 година, беа уапсени и обвинети за терористичка завера и планирање напад во Париз, соопштија денеска истражните органи.
Како што е наведено, тие неколку недели планирале насилен терористички напад врз кафуле или концертна сала во Париз, јави РТЛ.
Апсењето и обвинението против трите жени е резултат на истрагата на Националното обвинителство за борба против тероризмот, која беше успешно завршена пред 10-годишнината од смртоносниот терористички напад на 13 ноември 2015 година во Париз.
Свет
Се запали магацин за парфеми во Турција, загинаа шест лица
Најмалку шест лица загинаа, а две се повредени во пожар што утрово избувна во магацин за парфеми во градот Диловаси, во северозападниот дел на Турција.
Според снимките што ги емитуваше турскиот канал НТВ, изгореле два ката од зградата во која се наоѓале магацинот и работилницата за производство на парфеми.
Засега нема информации за тоа што го предизвикало пожарот.

