Свет
Мишел: ЕУ реши да започне пристапни преговори со Украина и Молдавија
Лидерите на змјите членки на ЕУ донесоа одлука за старт на преговори за членство со Украина и Молдавија, објави претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел на платформата Икс.
– Европскиот совет одлучи да отвори пристапни преговори со Украина и Молдавија, наведе Мишел.
Според него, Советот на ЕУ решил и да и додели статус на земја кандидат за членство на Грузија, додека во однос на БиХ останува условената препорака за старт на преговорите.
– ЕУ ќе ги отвори преговорите со Босна и Херцеговина, откако ќе се постигне потребниот степен на усогласеност со критериумите за членство и ја повикува Комисијата да поднесе извештај до март со цел да се донесе таква одлука, додаде Мишел во објавата.
Според него, ваквите одлуки се јасен сигнал за надеж за народите на овие земји и за европскиот континент.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
(Видео) Полицијата се судри со демонстрантите, кои се обидоа да влезат во парламентот во Абхазија
Приврзаниците на опозицијата и полицијата во Абхазија денеска се судрија кога демонстрантите се обидоа да упаднат во парламентот во главниот град Сухуми.
Полицијата формира кордон за да ги спречи демонстрантите да продолжат кон зградата откога ја урнаа оградата во близина на парламентот.
Во близина на зградата се слушнале звуци слични на истрели, пренесува „РИА новости“.
Anti-Russian riots break out in pro-Russian unrecognised #Abkhazia. #Russia
Angry protesters break into the parliament in Sukhumi, breaking through the metal fence with a car.
They demanded that the draft investment agreement with Russia be rejected. pic.twitter.com/kl3HuaYWfE
— Boris Alexander Beissner (@boris_beissner) November 15, 2024
Демонстрациите избувнаа откога парламентот го откажа разгледувањето на ратификацијата на инвестицискиот договор со Русија, што беше закажано за тој ден.
На таа одлука жестоко реагира опозицијата сметајќи дека одложувањето е чин на политичка отстапка под руски притисок.
Иако беше одлучено дискусијата да се одложи за следната недела, демонстрантите најавија дека немаат намера да се разотидат, а тензијата во главниот град ескалира, стои во написите.
Договорот, кој беше потпишан на 30 октомври во Москва, им овозможува на руските компании да инвестираат во Абхазија, која се соочува со сериозни економски предизвици, посочува агенцијата.
Шефот на комисијата за меѓународни односи на парламентот на Абхазија, Алкас Барциц, претходно изјави дека Абхазија, со оглед на нејзините економски тешкотии, нема да може да најде средства за обнова на клучните сектори во економијата, без помош од Русија.
Протестите почнаа претходно оваа недела кога беше усвоен законот за инвестициите на руските компании во Абхазија.
За време на овие протести имаше и судири со полицијата, при што беа уапсени неколку опозициски активисти.
Како одговор опозицијата блокира три моста што водат кон Сухуми, но протестот беше прекинат кога приведените демонстранти беа ослободени на 12 ноември.
Свет
Британски борбени авиони следеле руски авион во близина на воздушниот простор на Британија
Британски борбени авиони следеле руски авион, кој летал блиску до воздушниот простор на Велика Британија, соопшти денеска Кралското воздухопловство (РАФ). Ова се случи неколку дена откако Кралската морнарица откри руски воени бродови што минуваат низ Ла Манш, потсетува „Ројтерс“.
„Нашите противници не треба да се сомневаат во нашата цврста решителност и силна способност да го заштитиме ОК“, рече министерот за одбрана на Велика Британија, Лук Полард.
РАФ и Кралската морнарица редовно го следат движењето на руските воени бродови и авиони во близина на британските води и воздушниот простор.
Министерството за одбрана соопшти дека ова е вторпат во последните три месеци РАФ и Кралската морнарица да забележат руски авиони и бродови за само една недела, пренесува „Танјуг“.
Регион
Пленковиќ за апсењето на министерот за здравство: „Јас сум згрозен, ова е предавство“
Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ, денеска, по повод апсењето и разрешувањето на министерот за здравство, Вили Берош, изјави дека е згрозен и дека надлежните органи имаат целосна поддршка од него и од неговата влада.
„Лично сум згрозен што некој би искористил позиција за лично богатење, тоа е незаконски чин на министерот и некои други. Здравството е особено чувствителна тема за сите граѓани. На Берош му беше доверено да се грижи за здравствениот систем и за здравјето на граѓаните и да управува со ресурсите на легален начин. Ниту тој ниту некој друг добил мандат за злоупотреба на системот“, изјави Пленковиќ на новинарите.
Тој исто така посочи дека ова може да се смета за чин на предавство.
Пленковиќ рече дека за секое вакво однесување на правосудните органи, колку и да се непријатни за владата во моментот, тие ја имаат целосната поддршка од извршната власт и нивната поддршка.
„Граѓаните знаат дека ние како влада нема да заштитиме никого од кривично гонење, без разлика за кого станува збор“, рече Пленковиќ и додаде дека ако се докаже дека овие обвинувања против Берош се точни, тој тоа го гледа како личен чин на предавство.
Тој додаде дека на коалицискиот состанок било констатирано дека владата ужива поддршка за работа на теми многу поважни за граѓаните и економијата на државата.
Пленковиќ рече и дека нема сознанија за евентуална штета предизвикана од коруптивните активности за кои се обвинети Берош и други.
Пленковиќ уште еднаш даде целосна поддршка на ДОРХ и другите надлежни органи оценувајќи ја општата моментна состојба како многу лоша.
Хрватските медиуми пишуваат дека првоосомничен е контроверзниот претприемач Хрвоје Петрач. Но, тој не е уапсен и моментно не е во Хрватска.
„Јутарњи лист“ наведува и дека Берош е обвинет за земање поткуп од 25.000 евра за набавка на спорни апарати за вкупно 75.000 евра.