Свет
Мишел Обама страда од депресија поради пандемијата, но и поради лицемерството на администрацијата на Трамп
Поранешната прва дама на САД, Мишел Обама, изјави дека е во почетна фаза на депресија поради пандемијата на коронавирусот, расната нееднаквост, но и поради, како што изјави, лицемерството на администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп.
Во втората епизода од својот поткаст таа изјави дека во моментот има проблеми со спиењето и одржувањето на секојдневната рутина, пренесува британски „Гардијан“.
„Знам дека се борам со некаква форма на блага депресија“, рече Мишел Обама.
Сопругата на поранешниот претседател Барак Обама го кажа тоа во поткаст објавен на „Спотифај“.
„Се будам среде ноќ затоа што сум загрижена или затоа што чувствувам притисок“, вели таа.
Мишел, која сега има 56 години, вели дека поминува низ емоционални подеми и падови што секој ги чувствува и дека тоа се моменти во кои не се препознаваме.
„Ова не е време во кое напредуваме духовно“, додава таа. „Свесна сум дека минувам низ некаква блага депресија“.
„Не само поради карантинот, туку и поради расните немири. И деморализирачки е од ден на ден да се гледа хипокризијата на оваа администрација“.
САД беа сцена на невидени антирасистички протести во последните месеци предизвикани од смртта на црнецот Џорџ Флојд, кој почина кога беше задушен од бел полицаец во мај.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
ОН свикаа итна седница на Советот за безбедност по нападите врз Иран
Советот за безбедност на ОН свика итна седница по американските и израелските напади врз Иран и одмаздничките напади од страна на Техеран.
Седницата, која треба да почне во 16 часот (21:00 по Гринич), ќе биде посветена на „ситуацијата на Блискиот Исток“, соопштија Обединетите нации.
Средбата беше побарана од Франција и Бахреин, според израелската делегација во светската организација.
Свет
Ирански вооружени сили порачаа дека САД и Израел ќе добијат невидена лекција
Портпаролот на иранските вооружени сили Аболфазл Шекарчи денеска изјави дека Иран на САД и Израел ќе им одржи лекција „каква што никогаш во историјата не доживеале“.
По утринските напади на САД и Израел врз Иран, Шекарчи рече дека иранските вооружени сили веднаш реагирале и покренале ракетни напади на секоја локација која била во служба на американската и израелската војска, пренесува агенцијата Тасним.
„Со божја помош, ќе им одржиме лекција на САД и Израел каква што не доживеале во својата историја. Израелските бази веќе се соочија со проблеми и Иран подоцна ќе им удри уште поостар шамар“, предупреди воениот функционер.
Тој го повика иранскиот народ да не се грижи, да ги игнорира гласините и да ги следи официјалните вести преку националните медиуми.
Свет
Хамас ги осуди нападите врз Иран и повика на единство
Хамас ги осуди „ционистичко-американските непријателства врз Исламската Република“, истовремено повикувајќи на единство во муслиманскиот свет.
„Додека ја потврдуваме нашата солидарност со Исламската Република Иран пред лицето на непријателствата, повикуваме на единство и солидарност во арапската и муслиманската нација за да се спречат овие непријателства“, соопшти Хамас.
Тие ги обвинуваат САД и Израел дека се обидуваат повторно да ја исцртаат мапата на регионот „за да воспостават ’Голем Израел‘ на сметка на арапските и муслиманските земји“.
Во меѓувреме, Палестинскиот исламски џихад (ПИЏ), кој аналитичарите го опишуваат како посреден сојузник на Иран, соопшти дека Иран има право „да се брани и да ги одврати противниците“ како одговор на американско-израелските напади, пренесе Тајмс оф Израел.
„Овие непријателства не се насочени само против Иран, туку против сите земји и луѓе на нашата нација и се обидуваат да наметнат доминација од страна на воени злосторници“, вели ПИЏ. „Ги повикуваме народите на нашата арапска и муслиманска нација, како и синовите на нашиот палестински народ, да се обединат против овие непријателски намери“.

