Европа
Младите одговорни за новото жариште на Ковид-19 во Франција
Крајбрежниот туристички град Киберон во Бретања, регион во западниот дел на Франција, стана ново жариште на коронавирус во таа земја, а младите се одговорни за ширење на инфекцијата.
Според „Гардијан“, 72 нови случаја на коронавирус регистрирани на тоа место претежно доаѓаат од населението на возраст од 18 до 25 години, а се верува дека првиот во синџирот на инфекција бил сезонски работник во супермаркет, кој бил на забава со група млади луѓе во еден ноќен клуб.
Иако властите во Киберон тврдат дека ситуацијата е под контрола, се зголемуваат стравувањата дека епидемијата повторно ќе се разгори во Франција.
Во Киберон се појави еден вид генерациски јаз бидејќи постариот дел од населението ги обвинува младите за сè сметајќи ги за неодговорни затоа што се собирале во голем број заради ноќен провод и ја игнорирале опасноста од инфекција.
Поради тоа, едно локално диско е затворено два месеца, носењето маски за лице на отворено е задолжително на некои од најпрометните улици, а посетите на плажи и јавни паркови се забранети во текот на ноќта.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Експлозија во Москва, има загинати
Најмалку едно лице загина, а четворица се повредени во експлозија што се случи денеска во фоајето на станбениот комплекс „Пурпурни едра“ во северозападна Москва, јави ТАСС.
„Имаше експлозија во холот на првиот кат на станбениот комплекс. Оштетени се стаклен прозорец и таван. Немаше пожар“, изјави извор за руската новинска агенција.
Според информациите од оперативните служби не се очекуваат нови штети.
„Прелиминарните резултати од градежниот увид покажуваат дека конструкцијата на зградата не е оштетена. Нема да има уривање“, изјави извор од оперативните служби.
Новинската агенција Интерфакс објави дека најверојатно експлодирала граната.
Европа
(Видео) Камион удри во возила, па падна од надвозник, има загинати: страшна несреќа во Турција
Најмалку три лица загинаа, а 22 се повредени кога камион удри во три возила, а потоа падна од надвозник во градот Шанлиурфа.
Şanlıurfa'da, freni boşalan kamyonun önüne kattığı araçlarla köprüden uçmasıyla meydana gelen kazada 3 kişinin hayatını kaybettiği, 26 kişinin ise yaralandığı öğrenildi. https://t.co/vv5FX6xFdA
— Haber (@Haber) February 3, 2025
При падот, камионот повлекол и автомобил, во кој претходно удрил, јави ТРТ.
Во областа се испратени голем број амбулантни возила, пожарникари и полициски екипи.
Şanlıurfa'da üç araca çarpan kamyon, sürüklediği otomobille üst geçitten düştü.
3 kişi hayatını kaybetti, 26 kişi yaralandı. pic.twitter.com/KilqjZyd2U
— Sabah (@sabah) February 3, 2025
На социјалните мрежи се појавија ужасни снимки на кои се гледа како возилата паѓаат од надвозникот.
Европа
Француски хирург со години силувал деца под анестезија: започнува неговото судење
Поранешен хирург обвинет за злоупотреба на стотици млади пациенти, често додека тие биле под анестезија, ќе оди на суд овој месец во најголемото судење за злоупотреба на деца во историјата на Франција, јавува Би-би-си.
Ле Скуарнек (73) е обвинет за напад или силување на 299 деца, повеќето негови поранешни пациенти, меѓу 1989 и 2014 година, главно во Бретања. Тој ги призна дел од обвиненијата, но не сите.
На судењето во Ван, северозападна Франција му претходеше полициска истрага која траеше неколку години.
Џоел Ле Скуарнек, некогаш угледен хирург од еден мал град, е во затвор од 2017 година кога беше уапсен под сомнение дека ги силувал своите внуки, кои сега имаат триесет години, како и шестгодишно девојче и млад пациент. Тој беше осуден на 15 години затвор во 2020 година.
Судењето, кое започнува на 24 февруари и ќе трае до јуни, ќе се одржи во Ван, каде што се обезбедени специјални простории за стотици жртви и нивните адвокати. Дали судењето ќе биде отворено за јавноста зависи од тоа дали сите жртви ќе се согласат да се откажат од своето право на затворено судење.
Многумина веруваат дека отвореното судење би било клучно за разоткривање на судските и институционалните неуспеси што ја овозможија долгорочната криминална кампања на Ле Скуарнек.
Полицијата го претресла неговиот дом по неговото апсење и пронашла сексуални кукли со големина на дете, повеќе од 300.000 слики од злоупотреба на деца и илјадници страници детални дневници во кои Ле Скуарнек наводно ги запишал нападите што ги извршил врз своите млади пациенти во период од 25 години.
Тој негираше дека напаѓал или силувал деца, тврдејќи дека неговите дневници само ги опишале неговите фантазии. Сепак, тој во неколку наврати напишал дека е педофил. Ле Скуарнек се соочува со повеќе од 100 обвиненија за силување и повеќе од 150 обвиненија за сексуален напад.
Пред судот ќе се постави прашањето дали Ле Скуарнек бил заштитен од колегите и раководството на болниците кои го вработиле, и покрај тоа што ФБИ ги предупреди француските власти дека посетувал веб-страници со материјали за злоупотреба на деца. По опомената доби само условна казна. Наводно, членовите на неговото семејство знаеле за неговата педофилија, но не го спречиле.
„Молкот на семејството овозможи неговата злоупотреба да продолжи со децении“, изјави еден од адвокатите вклучени во случајот.
Некои од неговите поранешни пациенти, сите сега возрасни, изјавија дека се сеќаваат како хирургот ги допирал под изговор на лекарски прегледи, понекогаш дури и додека нивните родители или други лекари биле во собата.
Меѓутоа, бидејќи многу од неговите наводни жртви биле под дејство на анестетици во времето кога се случиле нападите, тие не се сеќавале на настаните и биле шокирани кога полицијата ги контактирала и ги информирала дека нивните имиња, заедно со описите на злоупотребата, наводно се забележани во дневниците на Ле Скуарнек.
Ле Скуарнек се чувствувал семоќен и уживал во чувството да флертува со опасноста преку пресметани престапи, се наведува во судскиот налог против поранешниот хирург, пишува францускиот дневен весник Le Monde. Некои од жртвите рекоа дека вознемирувачките откритија им помогнале да ги разберат необјаснетите симптоми на траума што ги мачеле цел живот.