Свет
„Модерна“ почна тестирање на вакцината против коронавирусот кај адолесцентите
Фармацевтската компанија „Модерна“ објави дека ја дала првата доза на вакцината во вториот дел од последната фаза на тестирање кандидати што припаѓаат на возрасна група помеѓу 12 и 18 години.
Тестирањето се спроведува во соработка со биомедицинското напредно тело за истражување и развој (БАРДА), кое е дел од Министерството за здравство на САД, пренесува „Ројтерс“.
„Задоволство ни е да објавиме дека почнавме со вториот дел од последната фаза на тестирање кај здрави адолесценти во САД. Нашата цел е да собереме доволно податоци до пролетта 2021 година за да ја одобриме употребата на нашата вакцина подоцна во учебната година“, рече Стефан Бансек, извршен директор на „Модерна“, пренесува интернет-страницата „Бизнис-веир“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Цел на напади била и иранската државна телевизија
Иранската државна телевизија соопшти дека била цел на напади откако серија моќни експлозии го потресоа Техеран, иако не била прекината.
„Техничкиот тим ја проценува штетата“, соопшти радиодифузерот, кој исто така беше цел на напади за време на 12-дневната војна меѓу САД и Израел против Иран во јуни.
Свет
Во напад врз женско училиште во Иран убиени се 165 ученички
Сто шеесет и пет ученички се убиени во женско училиште во Минаб, Иран, објавија иранските државни медиуми.
Иран вели дека училиштето било погодено во израелски напад. Израел негира дека извршил напади во областа.
Иранските медиуми велат дека 96 лица биле ранети во нападот.
Свет
Трамп се согласил да разговара со новите ирански лидери
Американскиот претседател вели дека новото раководство на земјата сака да разговара со неговата администрација и дека тој планира да го стори тоа.
„Тие сакаат да разговараат и јас се согласив да разговарам, па затоа ќе разговарам со нив“, беше цитиран од списанието „Атлантик“.
„Требаше да го направат тоа порано. Требаше да го дадат она што беше многу практично и лесно да се направи порано. Чекаа предолго“, додаде Трамп.
Тој не коментираше кога ќе се одржат разговорите.

