Свет
Мозамбик: Банкари извршиле измама и повлекле 2 милијарди долари
Три поранешни банкари во Кредит Суис беа уапсени за наводна вмешаност во измамничка шема поврзана со фирми од Мозамбик, која ја чинеше оваа банка 2 милијарди долари, велат од американските власти.
Две други лица исто така беа уапсени а меѓу нив е и поранешниот министер за финансии на земјата.
Во обвинението се вели дека преку серија од финансиски трансакции се повлекле повеќе од 2 милијарди долари преку заеми гарантирани од страна на владата во Мозамбик.
Во изјава од банката се вели дека три поранешни вработени се обвинети од страна на САД дека ги „прескокнале внатрешните контроли“ и извршила измама во која е вмешана и владата на Мозамбик.
Од банката велат дека против нив не биле преземени никакви мерки.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Папата го предупредува Трамп додека тој го крши молчењето за „спиралата на насилство“
Папата го повика Доналд Трамп да ја запре „спиралата на насилство“ на Блискиот Исток „пред да стане непоправлива бездна!“
Папата Лав XIV му испрати силна порака на американскиот претседател додека зборуваше во Ватикан во неделата.
„Со длабока загриженост го следам она што се случува на Блискиот Исток и во Иран во текот на ова бурно време“, истакна Папата во својот говор.
Свет
Едно лице загина, а 32 се повредени во Кувајт
Министерството за здравство на Кувајт соопшти дека едно лице е убиено, а 32 се ранети „поради актуелните случувања во регионот“.
Повредените се лекуваат во болницата Ал-Адан, соопшти Министерството.
Свет
Масовно пукање во Америка, најмалку тројца мртви
Најмалку три лица се убиени, а 14 повредени во масовно пукање што се случи денеска во бар во Остин, Тексас, соопшти полицијата. Сите 14 повредени се однесени во болница, а тројца се во критична состојба.
Полицијата потврди дека осомничениот за нападот е убиен на местото на настанот во размена на оган со полицајците.
Властите сè уште не го објавија идентитетот на напаѓачот ниту коментираа за можен мотив за нападот.

