Свет
Молдавија воведе црвен аларм поради опасност од прелевање на војната од Украина
Молдавија денеска воведе црвен аларм поради опасност од тероризам, што и официјално го покажа стравот од прелевање на конфликтот во Украина на нејзина територија.
Молдавската претседателка Маја Санда свика седница на Врховниот совет за безбедност поради експлозиите во Придњестровје, соопшти прес-службата на претседателската администрација.
Претходно, Министерството за внатрешни работи на непризнатата Придњестровска Молдавска Република соопшти дека во населбата Мајак во Григориополската област одекнале две експлозии како резултат на кои биле оневозможени двете најсилни антени на радиоцентарот, преку кој се емитувало руското радио.
Министерството за внатрешни работи на самопрогласеното Придњестровје, на истокот на Молдавија, соопшти дека имало две експлозии во селото Мајак, во областа Григориопол. Во експлозиите нема повредени.
В Приднестровье установлен «красный» уровень террористической опасности — решение Совбезаhttps://t.co/s3lISgnfhT
— НТВ (@ntvru) April 26, 2022
Придњестровје се наоѓа во источна Молдавија и во 1990 година се отцепи од таа држава по кратката граѓанска војна по распадот на Советскиот Сојуз. Има околу 500.000 жители, а Русија таму има околу 1.500 војници, кои служат како мировници.
Регионот го привлече вниманието на светската јавност откако вршителот на должноста командант на рускиот Централен воен округ, Рустам Минекаев, на 22 април изјави дека Русија планира целосно да ја преземе контролата врз Донбас и јужна Украина додавајќи дека тоа ќе овозможи пристап до Приднестровје.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Маж нападна полицаец со нож во Париз
Маж вооружен со нож, кој се обиде да нападне полицаец кај Триумфалната капија во Париз, беше ранет од неколку куршуми испукани кон него од друг припадник на безбедносните сили, објави агенцијата Франс прес, повикувајќи се на полициски извор.
Напаѓачот е однесен во болница. Полицијата е присутна кај Триумфалната капија, споменик во центарот на Париз во близина на Шанзелизе, за церемонија на палење факел на Гробот на непознатиот војник.
Националното обвинителство за борба против тероризмот објави дека го презема случајот.
фото/Depositphotos
Свет
Зеленски: Путин не е млад човек, нема многу време
Украинскиот претседател Володимир Зеленски верува дека само САД имаат моќ да ја принудат Русија да склучи мир.
„Да бидеме искрени, денес само Европа ѝ дава пари на Украина и ѝ помага. Само САД можат да го сопрат Путин“, изјави тој за POLITICO.
Сепак, Зеленски изрази загриженост дека Белата куќа можеби не ја разбира суштината на проблемот.
„Од она што го гледам, тие испраќаат повеќе сигнали дека Украина треба да направи компромис, а не Русија“, рече тој.
„Не мислам дека тоа е правилниот став. Секако, така е поедноставно“, додаде тој.
Осврнувајќи се на возраста на Владимир Путин, Зеленски забележа дека рускиот претседател, кој сега има 73 години, повеќе не е млад човек. „Тој нема многу време“, додаде украинскиот претседател. „Дај Боже да нема многу“, заклучи тој.
Свет
Украински министер: Не е реално војната да се заврши без Трамп
Украинскиот министер за надворешни работи, Андриј Сибиха, извести за напредокот на преговорите со Русија за прекин на инвазијата, истакнувајќи дека три од 20-те точки од мировниот план остануваат контроверзни. Тој потврди дека претходните две рунди разговори се одржаа во Абу Даби, а следната ќе се одржи следната недела во Женева.
Сибиха оцени дека преговорите „напредуваат“, пофалувајќи го лидерството на американскиот претседател Доналд Трамп. Тој експлицитно изјави дека „нереално е да се заврши оваа војна без Трамп“. И покрај ова, тој предупреди дека Русија не покажува „никакви знаци на подготвеност за сериозни преговори“.
„Паралелно, мора да продолжиме да вршиме притисок врз Русија и, мора да признаеме, сè уште имаме инструменти на влијание“, рече Сибиха.
Украинскиот министер откри дека сè уште има несогласување за три точки во мировниот план, кој содржи 20 точки. „Имаме изводливи предлози, па затоа во следната рунда навистина се надеваме дека нема да слушаме дополнителни историски предавања. Сега е време за акција, за дела и за конкретни, решителни чекори“, нагласи тој.
На неговите зборови се надоврза и францускиот министер за надворешни работи Жан-Ноел Баро, кој рече дека војната мора да заврши.
„Јасно е дека треба да ја запреме оваа војна, а со нашите сојузници и пријатели сè уште имаме механизми за да го постигнеме тоа“, рече тој.
Тој откри дека Франција и Обединетото Кралство „отишле многу далеку“ за да ги блокираат бродовите на руската „флота во сенка“, додека „користеле воени средства“.
Баро, исто така, ја нагласи важноста на претстојниот, 20-ти пакет санкции на Европската Унија, кој се очекува да биде усвоен на 24 февруари, на четвртата годишнина од почетокот на тоталната агресија. Тој, исто така, ја спомена улогата на таканаречената Коалиција на волјата во обезбедувањето идни безбедносни гаранции за Украина.
фото/Depositphotos

