Свет
,,Монсанто“ треба да плати 289 милиони долари на заболен од рак

Судот во Сан Франциско донесе одлука аграрниот концерн „Монсанто“ да плати отштета на лице заболено од рак зашто негов производ – хербицид ја предизвикал болеста.
Поротата во Сан Франциско смета дека хемиското-средство Roundup, производ на „Монсанто“, значително придонесло за појавата на рак кај тужителот Дивејн Џонсон, поради што аграрниот концерн треба да исплати отштета од околу 289 милиони долари на неизлечиво болниот поранешен хаусмајстор.
46-годишниот тужител со години бил во контакт со големи количини хербици како вработен во повеќе училишта. него бил дијагностициран рак на лимфните жлезди. Судот смета дека за тоа се одговорни хербицидите на „Монсанто“. Според нив, „Монсанто“ пропуштил да ги предупреди муштериите дека употребата на хербицидот може да предизвика рак, дејствувајќи „подмолно“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
(Видео) Црна Гора: Пожарникар повреден при експлозија, повеќе семејства евакуирани по пожарите

Денеска низ Црна Гора се регистрирани повеќе големи пожари, а во Горни Рогами неколку семејства се евакуирани откако огнот се приближил до нивните домови. Во текот на гаснењето дошло до експлозија во која е повреден еден пожарникар.
Пожарите ги гаснат пожарникари, хеликоптер и ер трактори, како и припадници на Армијата на Црна Гора.
Во Пипери гори, а густ чад се шири над Подгорица. Повеќе од 20 возила на Службата за заштита се на терен и се обидуваат да ги заштитат куќите.
Najavih juče požare. Lako je zaključiti. Kada je 35°C i više uz vjetar, svaka iskra je novi požar.
Buljarica danas. pic.twitter.com/F3Y5EL7mKz— Stanko Đuričić (@stankodjuricic) August 11, 2025
Командирот на Службата за заштита и спасување на Подгорица, Никола Бојановиќ, изјави за агенцијата МИНА дека сите расположливи екипи се испратени на терен.
Според неговите зборови, ситуацијата е прилично критична во Пипери.
Od Pipera požar se širi ka Podgorici uz jak sjeverni vjetar. Ko ima kuće na potezu od Pipera ka PG valjalo bi da ode i brani kuće. Naravno da to ne može uraditi vatrogasna sa svojim kapacitetima. Naravno da o tome ne misli Vlada, jer je ona na godišnjem odmoru. pic.twitter.com/ZBsrYyltml
— Stanko Đuričić (@stankodjuricic) August 11, 2025
При гаснење пожар во местото Рогами денеска во Црна Гора дошло до експлозија во која е повреден пожарникар, соопшти вршителот на должност командир на Службата за заштита и спасување на Главниот град, Никола Бојановиќ.
Тој истакна за порталот „Стандард“ дека пожарникарот има полесни повреди.
Како што посочи, укажана му е лекарска помош и неговата состојба е стабилна.
Црногорскиот електродистрибутивен систем соопшти дека, по барање на Пожарникарската служба, е исклучен далекуводот DV 10 kV „Пипери“ поради пожар во близина на трасата, па без струја останале повеќе села и населби.
Бојановиќ истакна дека во меѓувреме добиле дојава дека пожар избувнал и во подгоричката населба Мало Брдо, каде гори една куќа.
Гори и во Кучи, Буљарица, Чањ и Бијело Поље.
Iznad Čanja u Crnoj Gori jutros se rasplamsao požar. Vatrogasne sirene se čuju u celom naselju. Vatra je prema nezvaničnim informacijama krenula u nedelju, a tokom noći se rasplamsala. pic.twitter.com/7H7N2iOySi
— Razglas news (@razglasnews) August 11, 2025
Регион
(Видео) Црна Гора обвиткана во чад, снимка од воздух ги покажува ужасните размери на пожарот кај Буљарицa

Пожарот што избувна неодамна откако автомобил се запали на главниот пат во Буљарица се прошири на непристапен терен и стигна до областа над Чањ.
Пожарникарите од Будва, заедно со колегите од другите приморски општини, се на терен од вчера за да го изгаснат пожарот што го зафати ридот над Буљарица.
Во гаснењето на пожарот беа вклучени и авиони, хеликоптер и „Ер трактор“, пишува РТЦГ.
Денес низ цела Црна Гора беа регистрирани неколку големи пожари, а во Горњи Рогами неколку семејства беа евакуирани откако пожарот се приближи до домаќинствата.
Во текот на утрото, огромен шумски пожар избувна во ридовите над Чањ. Како што може да се види на социјалните мрежи, има многу густа зимзелена шума.
Пожарот се шири со голема брзина, а ширењето е поткрепено од силниот северен ветер.
Свет
ЕУ сака консултации со Трамп пред неговата средба со Путин за Украина

Европските лидери, кои тврдат дека Русија претставува егзистенцијална закана за континентот, бараат консултации со американскиот претседател Доналд Трамп за да ги исцртаат европските „црвени линии“ пред неговата средба со рускиот претседател Владимир Путин во петок во Алјаска, на која ќе разговараат за војната во Украина.
Барањето за формални консултации е еден од очекуваните заклучоци од вонредниот виртуелен состанок на министрите за надворешни работи на ЕУ, кој го свика високата претставничка на Унијата за надворешна политика, Каја Калас.
Калас пред состанокот изјави: „Претседателот Трамп е во право кога вели дека Русија мора да ја заврши војната против Украина. Соединетите Американски Држави имаат моќ да ја принудат Русија на сериозни преговори“.
Таа додаде дека „секој договор меѓу САД и Русија мора да ги вклучи Украина и ЕУ, бидејќи тоа е безбедносно прашање, и за Украина и за цела Европа“.
Полскиот министер за надворешни работи Радослав Сикорски, исто така, ја нагласи важноста на Европа: „Европа плаќа за одбраната на Украина и ја одржува украинската држава. Ова е прашање на егзистенцијалната безбедност на Европа. Ги цениме напорите на претседателот Трамп, но ќе носиме одлуки тука во Европа. За да се постигне праведен мир, Русија мора да ги ограничи своите воени цели.“
Белата куќа вели дека целта на состанокот во Алјаска е да се утврди дали Путин е подготвен да направи отстапки за мир, вклучително и прифаќање на западните безбедносни гаранции за Украина, што би значело признавање на долгорочниот легитимитет на владата во Киев предводена од Зеленски.
Трамп, кој во последните месеци станува сè понетрпелив со рускиот лидер, долго време тврди дека нема да има прекин на огнот сè додека лично не се сретне со Путин.