Свет
Москва го информира Вашингтон за ограничувањата на дипломатските службеници во услови на билатерална криза
Рускиот заменик-министер за надворешни работи, Сергеј Рјабков, го известил Бартл Горман, заменик-шефот на мисијата во американската амбасада во Москва, за промените во постапката за влез на американските дипломатски службеници, соопшти руското Министерство за надворешни работи, пренесува „Спутник“.
„Москва ги информираа САД за следните чекори што ги презема Русија за да се справи со непријателските активности на Америка. На 26 април рускиот заменик-министер за надворешни работи, Рјабков, одржа состанок со американскиот вршител на должноста амбасадор во Руската Федерација. Тие разговараа за некои итни билатерални прашања“, се вели во официјалното соопштение.
Според Министерството, Горман добил нота во која се објаснети промените во тековните процедури за патување на американските дипломати во Русија.
Односите меѓу двете земји се соочуваат со криза, а американскиот амбасадор во Русија, Џон Саливан, се врати во Вашингтон на консултации.
Тензиите се зголемуваат бидејќи претседателот Џо Бајден наложи санкции против неколку руски физички лица и ентитети. Американската администрација исто така им забрани на американските банки и фондови да купуваат руски државни обврзници за време на првичните понуди откако Вашингтон ја обвини Москва за мешање во изборите во 2020 година и за извршување хакерски активности, што Русите постојано ги негираа како неосновани и апсурдни.
Како резултат на тоа, Москва протера 10 американски дипломати и воведе дополнителни мерки ветувајќи дека ќе одговори на секој санкциски бран од Вашингтон.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Борел: Земјите-членки на ЕУ поделени за палестинското прашање
Високиот претставник на Европската унија за надворешна политика и безбедност, Жосеп Борел изјави дека земјите-членки кои делуваа обединето по прашањето за украинско-руската војна, се премногу поделени кога станува збор за палестинското прашање.
Во своето обраќање во Институтот Хувер на американскиот универзитет Стенфорд, Борел рече дека е неопходно да се започне политички процес за зајакнување на палестинската администрација.
„Мораме јасно и гласно да кажеме дека постигнувањето решение за две држави е единствениот начин да се ослободиме од оваа трагедија. Колку и да е тешко, не гледам друг начин да се запре оваа трагедија која ќе остане дамка на совеста на човештвото“, рече Борељ, пренесе Анадолија.
Свет
САД драстично ги зголемија царините за кинеските производи
Белата куќа објави дека значително ги зголемува царините за кинеските производи, во вкупна вредност од 18 милијарди долари, за да ги заштити американските компании и работници од конкуренцијата која Вашингтон ја смета за нефер.
Новите тарифи се однесуваат на десет индустриски сектори кои се сметаат за „стратешки“, како што се полупроводници, ретки минерали, медицински производи, електрични возила, на кои, на пример, тарифата ќе се зголеми од 25 на 100 проценти.
Царинските тарифи што ги воведе поранешниот претседател Доналд Трамп за кинески стоки сè уште остануваат на сила, а администрацијата на претседателот Џо Бајден само дополнително ги зголеми, за електрични возила дури четири пати – и сега изнесуваат 100 проценти, објави Белата куќа.
Како објаснување, администрацијата наведе „неприфатливи ризици за американската економска безбедност“ од евтините кинески производи кои го преплавија пазарот.
Регион
Вархеји: Србија да продолжи со усогласување на визната политика со ЕУ
Еврокомесарот за добрососедска политика и проширување, Оливер Вархеји, изјави дека е важно да се продолжи со усогласување на визната политика на Србија со визната политика на Европската унија. Тој ова го изјави во Белград на средбата со вицепремиерот и министер за внатрешни работи Ивица Дачиќ.
Имајќи ја предвид улогата на МВР, како и добрата соработка со европските институции во претходниот период, министерот Дачиќ посочи дека меѓу приоритетите на Србија се сузбивањето на нерегуларната миграција и заштитата на државната граница како и борбата против шверцот и трговијата со луѓе.
Дачиќ подвлече дека Србија е подготвена да ја крене на повисоко ниво својата соработка со европските партнери, да работи на прашањето за илегалната миграција и постепено да ја усогласува својата визна политика со политиката на ЕУ.