Свет
Москва го осуди нападот врз претседателот на Венецуела
Официјална Москва остро го осудува обидот за атентат на претседателот на Венецуела, Николас Мадуро, тврдејќи дека се работи за чекори насочени кон дестабилизација на државата. Ова го соопшти руското МНР.
„Апсолутно е неприфатливо да се користат методи на терористи како средство на политичка борба“ се наведува во соопштението на руското МНР, пренесе Тас.
Како што се наведува, очигледно е дека тие чекори се насочени кон дестабилизирање н ситуацијата во таа земја, по неодамнешната седница на Обединетата социјалистичка партија на Венецуела, на која како приоритет е истакнат економската обнова на државата.
„Убедени сме дека политичките несогласувања би требало да се решаваат само со мирни и демократски средства“ се додава во соопштението.
За време на говорот на претседателот Мадуро беше изврешн обид за атентат со дронови.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Иран започна нов напад врз Израел
Нови сирени се огласија низ јужен Израел поради ирански напад со балистички ракети. Во централен Израел, медицинските лица велат дека скенираат откако добиле извештаи за места каде што паднале фрагменти од ракети.
Засега нема извештаи за повредени.
Свет
Цел на напади била и иранската државна телевизија
Иранската државна телевизија соопшти дека била цел на напади откако серија моќни експлозии го потресоа Техеран, иако не била прекината.
„Техничкиот тим ја проценува штетата“, соопшти радиодифузерот, кој исто така беше цел на напади за време на 12-дневната војна меѓу САД и Израел против Иран во јуни.
Свет
Во напад врз женско училиште во Иран убиени се 165 ученички
Сто шеесет и пет ученички се убиени во женско училиште во Минаб, Иран, објавија иранските државни медиуми.
Иран вели дека училиштето било погодено во израелски напад. Израел негира дека извршил напади во областа.
Иранските медиуми велат дека 96 лица биле ранети во нападот.

