Свет
Москва: Русија и САД не зборуваат за Украина
Рускиот заменик министер за надворешни работи Андреј Руденко денеска изјави дека Русија не води разговори со САД за Украина.
– Не, не разговаравме, кратко изјави Руденко, одговарајќи на прашање на новинар на ТАСС.
Руденко посочи дека Русија не поставува никакви предуслови за мировни преговори со Украина, но нагласи дека Киев мора да покаже добра волја за овој процес.
Од наша страна нема никакви предуслови освен главниот: Украина да покаже добра волја, изјави Руденко.
Заменик министерот за надворешни работи на Русија додаде дека Русија секогаш покажувала подготвеност да води преговори.
– Украина усвои закон со кој и се забранува мировни преговори со Русија. Тоа е нивен избор. Секогаш сме изјавувале дека сме подготвени за такви разговори, не ги условувавме, заврши Руденко,пренесе ртв.рс.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Јапонскиот аеродром Кансаи не изгубил ниту еден багаж за 30 години работа
Јапонскиот меѓународен аеродром Кансаи (КИКС) прославува 30 години работа без да изгуби ниту еден багаж, соопштија од аеродромот.
Седмиот најпрометен јапонски аеродром соопшти дека не изгубил ниту еден патнички багаж од отворањето во септември 1994 година, објави Си-Ен-Ен.
На тој аеродром годишно во просек минуваат од 20 до 30 милиони патници.
Свет
Маж со нож нападнал луѓе во центарот на Осло, полицијата веднаш го уапсила
Норвешката полиција соопшти дека уапсила маж кој избодел едно лице со два ножа и нападнал неколку лица во центарот на Осло.
Инцидентот се случил пред местото на метрото кога расправија излегла од контрола и неименуван маж на возраст од триесет години избодел еден маж во раката и нападнал уште неколку луѓе во близина.
Полицаецот потоа го извадил пиштолот и му наредил на напаѓачот да ги спушти ножевите, пренесува Ројтерс.
Полицијата смета дека нападот не бил мотивиран од тероризам.
Свет
Кулеба: Повеќе од половина од енергетскиот систем на Украина е оштетен во нападите на руските сили
Повеќе од половина од енергетскиот систем на Украина е оштетен во нападите на руските сили, изјави министерот за надворешни работи на Украина Дмитро Кулеба.
Во интервју за Форин Полиси, тој рече дека Украинците најмногу страдаат од руските ракетни напади и дека руските балистички ракети се „вистинско зло“.
Наведувајќи дека руските сили користат балистички ракети главно за напади врз енергетскиот систем на Украина, Кулеба оцени дека која било друга земја, доколку претрпи таква штета на енергетските капацитети, ќе изгледа многу полошо од Украина.