Свет
(Видео) Моќна порака на кинескиот претседател во Москва: Кина е подготвена да застане зад Русија
Кинескиот претседател Шји Џјинпинг изјави денеска во Москва дека Кина е одлучно подготвена, заедно со Русија, да го поддржи меѓународниот систем, во чиј центар се ОН, во денешниот турбулентен свет и да се залага за светски поредок заснован на меѓународното право.
„Кина и Русија како големи сили и постојани членки на Советот за безбедност на ОН играат важна улога во меѓународните работи. Во свет далеку од мирен, Кина е подготвена заедно со Русија одлучно да го брани меѓународниот систем во чиј центар се ОН, да го зачува светскиот поредок заснован на меѓународното право и основните норми на меѓународните односи засновани на целите и принципите на Повелбата на ОН придржувајќи се до вистинскиот мултилатерализам, промовираат глобална мултиполарност и демократизација на меѓународните односи, промовираат развој на глобалното владеење на поправедна и порационална насока“, рече Шји по пристигнувањето во Москва.
Како што јави „РИА новости“, претседателот на Кина рече дека има намера да разговара со претседателот на Русија за важни регионални и меѓународни теми од заеднички интерес.
„За време на посетата очекувам да имам темелна размена на мислења со претседателот Владимир Путин за прашања од билатералните односи и важни регионални и меѓународни теми од заеднички интерес, како и да изложам план за развој на стратешка интеракција и практична соработка“, рече тој.
Убеден е дека неговата посета на Москва ќе биде плодна.
„Уверен сум дека посетата ќе биде плодна и ќе даде нов поттик за здрав и стабилен развој на кинеско-руските односи на сеопфатно партнерство и стратешка соработка во новата ера“, рече кинескиот претседател.
Кинескиот лидер рече дека двете земји имаат долгогодишно пријателство меѓу нивните народи. Џјинпинг до 22 март е во посета на Русија на покана на рускиот претседател Владимир Путин.
Оваа посета е негово прво патување во странство откако беше реизбран за шеф на државата трет мандат.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Трамп за апсењето на Ендрју: „Мислам дека тоа е срамота, многу е тажно“
Американскиот претседател Доналд Трамп го коментираше апсењето на Ендрју Маунтбатен-Виндзор, оценувајќи дека станува збор за срамота за британското кралско семејство.
„Мислам дека тоа е срамота. Многу е тажно. Тоа е толку лошо за кралското семејство. Навистина ми е многу, многу тажно“, изјави Трамп.
Тој изрази жалење и за последиците што случајот може да ги има врз кралот Чарлс III, за кого рече дека е фантастичен човек и дека наскоро треба да ги посети САД.
На прашање дали слични апсења може да се случат и во САД, Трамп избегна директен одговор и повтори дека е целосно ослободен од каква било вина поврзана со случајот на Џефри Епстин.
„Јас сум на некој начин експерт за тоа бидејќи сум целосно ослободен од обвиненијата“, рече Трамп, додавајќи дека аферата била искористена за да му се нанесе политичка штета.
Свет
Поранешниот принц, Ендрју, пуштен од полициски притвор, но и натаму под истрага
Ендрју Маунтбатен-Виндзор е ослободен од полициски притвор по неговото апсење под сомнение за злоупотреба на јавната функција.
Поранешниот принц беше приведен од полицајците за време на рација во 8 часот наутро во неговиот нов дом во Вуд Фарм, на имотот Сандрингем, објави „Дејли Меил“.
Полицијата појасни дека истрагата против Ендрју е во тек, иако тој е ослободен.
Поранешниот војвода од Јорк беше уапсен во врска со наводите дека му пренел чувствителни информации на осудениот финансиер и педофил, Џефри Епстин додека дејствувал како трговски претставник на британската влада.
Братот на Ендрју, кралот Чарлс III, не бил однапред предупреден за апсењето, се дозна денес. Тој изјави дека „законот мора да се почитува“ и повика на „фер судење“.
Свет
(Видео) Трамп за претседателот на Парагвај: Млад и згоден, но јас сакам жени
Денеска беше одржан првиот состанок на Одборот за мир на Доналд Трамп, на кој говореше и американскиот претседател. Покрај заканите упатени до Иран и планот за Газа, тој го коментираше и физичкиот изглед на 47-годишниот претседател на Парагвај, Сантијаго Пења.
„Млад, згоден човек. Секогаш е убаво да се биде млад и згоден. Тоа не значи дека мора да го сакаме. Не сакам млади, згодни мажи. Сакам жени. Мажите воопшто не ме интересираат“, рече Трамп.
Trump: Young, handsome guy. Always nice to be young and handsome. Doesn’t mean we have to like you. I don’t like young, handsome men. Women I like. Men I don’t have any interest. pic.twitter.com/E7P1qhExyp
— Acyn (@Acyn) February 19, 2026
За време на основачкиот состанок во Вашингтон, Трамп испрати и порака до Иран дека мора да постигне „суштински договор“ за запирање на својата нуклеарна програма или, како што рече, „ќе се случат лоши работи“.
Тој додаде дека други земји веќе придонеле со повеќе од седум милијарди долари за помош за Газа во рамки на иницијативата на Одборот за мир.

