Свет
Мултикултурниот Брисел има 3-4 пати повеќе случаи на туберкулоза од остатокот на Белгија
Според податоците на министрите од Брисел, Алан Марон и Елке ван ден Брант, белгискиот главен град има три до четири пати повеќе нови случаи на туберкулоза од остатокот на земјата, при што особено погодени се барателите на азил, пренесува РТБФ.
Просечната стапка на заболување во Белгија е 8,6 на 100,000 луѓе, но во Брисел стапката е 29,5 случаи на 100. 000лица, при што градот претставува 36 отсто од сите нови случаи на туберкулоза во земјата. Бројките постојано се зголемуваат од 2014 година.
Податоците дојдоа по барање на пратеничката Бјанка Дебет, член на Христијанско-демократската и фламанската партија (ЦД-В), која изјави:
„Секако, урбаниот контекст секогаш го зголемува ризикот од одредени заболувања, но фактот дека една третина од случаите пријавени во Белгија се концентрирани во Брисел е значајна“.
Дебет ја посочи високата застапеност на болеста кај барателите на азил кои живеат во главниот град, велејќи: „Меѓу јули 2017 и мај 2019 година, 45 случаи на туберкулоза биле дијагностицирани кај бегалците во паркот Максимилијан“.
Здравствените професионалци во Европа со години забележуваат дека туберлколозата е вистински проблем кај мигрантското население кое доаѓа во различни земји низ целиот континент.
Во 2015 година д-р Масуд Дара од СЗО изјави дека до 80 отсто од случаите на туберколоза во европските земји биле меѓу мигрантите.
„Мигрантското население, особено ако доаѓа од супсахарските африкански земји каде што стапките на инфекција со туберколоза се прилично високи – во некои држави е дури 1.000 на 100.000 жители – веројатно е носител на оваа болест“, рече тој.
Бидејќи бројот на мигрантите повторно започнува да расте, многумина се плашат дека кај нив не само што ќе има високи стапки на болести како туберкулоза или шуга, туку и ќе бидат носители на коронавирус. Италија забележа десетици нови мигранти позитивни на Ковид-19, што доведува до стравувања од втор бран на епидемија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Почина бебето кое беше извадено од утробата на мртвата мајка во Газа
Почина бебето кое во неделата со царски рез во Газа беше спасено од утробата на мртвата мајка, пишува Би-Би-Си.
Бебето е родено по итен царски рез извршен врз трудница која била убиена во израелски напад врз градот Рафа во Газа.
Освен мајката на Сабрин Ал Сакани, меѓу загинатите се и таткото на новороденото девојче и нејзината тригодишна сестра Малак.
Бебето при раѓањето тежело 1,4 килограми, а се родило во триесеттата недела од бременоста на мајката. Веднаш по царскиот рез беше сместено во инкубатор во болницата во Рафа заедно со уште едно бебе.
Но, девојчето после неколку дена почнало да има сериозни здравствени проблеми. Лекарите го реанимирале, но сепак починало вчера.
16 деца биле убиени за време на два воздушни напади на Рафа минатиот викенд, при бомбардирање на комплекс од станбени згради.
Израелските одбранбени сили (ИДФ) соопштија дека цел биле борците и инфраструктурата на Хамас и воените комплекси.
Свет
Британските разузнавачи: Русите се’ побрзо напредуваат во Украина
По заземањето на источноукраинскиот град Авдијевка, руските трупи напредуваат побрзо во областа, објави денеска британското Министерство за одбрана во своето секојдневно известување.
„Руските копнени сили навлегоа и создадоа тесен коридор на украинска територија со цел да влезат во градот Очеретин, приближно 15 километри северно од центарот на Авдијивка“, пишува на профилот на Министерството за одбрана.
Оцеретин во областа Доњецк имал околу 3.500 жители пред почетокот на војната.
И по заземањето на Авдијивка во средината на февруари, Русите се уште сметаат дека освојувањето на таа област е една од клучните операции, оценува британското Министерство за одбрана.
„Иако претрпуваат големи загуби, многу е веројатно дека руските копнени сили се во позиција континуирано да ги гаѓаат украинските позиции во областа и дека презеле контрола врз неколку помали населби“, додаваат тие.
Украина се брани од руската инвазија повеќе од две години. Британското Министерство за одбрана редовно објавува информации за напредокот на војната. Москва го обвинува Лондон за ширење дезинформации.
Европа
16-годишно момче избодено во училиште во Германија
16-годишно момче е тешко повредено кога утрово околу 8 часот било избодено од тинејџер (17) во училиште во Нојкирхен-Влуин.
На нападот наводно му претходела вербална расправија.
Постариот ученик наеднаш извадил нож и го ранил 16-годишникот во горниот дел од телото.
Момчето итно било пренесено во болница, а лекарите велат дека неговата состојба е стабилна.
По прободувањето напаѓачот побегнал од училиштето, но полицијата брзо го лоцирала и го уапсила.
Според инспекторот, немало опасност по безбедноста на другите деца во училиштето.