Свет
Наводна снимка од синот на Трамп стана вирална: „Требаше да испратиме пари во Русија“; Тој: Лажна е
На социјалните мрежи кружи видео во кое Доналд Трамп Јуниор, најстариот син на американскиот претседател Доналд Трамп, наводно отворено ја поддржува Русија во епизода од својот поткаст Triggered.
Се работи за лажна снимка, објави Трамп Јуниор, а тоа го потврдија и двајца негови соработници.
🚨🇺🇦 NEW: President Trump’s son, Donald Trump Jr., on the Ukraine war:
“I honestly can’t imagine anyone in their right mind picking Ukraine as an ally when Russia is the other option… the US should’ve been sending weapons to Russia” pic.twitter.com/BahY111lUD
— Politics US (@PolitlcsUS) February 26, 2025
Таа епизода од Triggered with Donald Trump Jr. не постои на „Спотифај“.
Дру Линч, извршен продуцент на шоуто на Трамп Јуниор, потврди дека видеото е лажно. „Ова аудио е апсолутно, 100 % лажно“, изјави тој за Mediaite.
This is 100% fake AI generated audio, but I’m sure that won’t stop anti-Trump resistance accounts from continuing to dishonestly spread it. https://t.co/rwx6Ci1Udg
— Andrew Surabian (@Surabees) February 26, 2025
Ендрју Сурабијан, соработник и советник на Трамп Јуниор, исто така потврди дека видеото е лажно. „Ова е 100 % лажен звук генериран од вештачка интелигенција, но сигурен сум дека тоа нема да ги спречи сметките против Трамп да продолжат да го шират“, објави тој на „Икс“.
Што има на снимката?
„Искрено, не можам да замислам некој со здрав ум да ја избере Украина за сојузник кога Русија е другата опција“, вели лице за кое се тврди дека е Трамп Јуниор на неговиот поткаст.
„Замислете, огромна нуклеарна сила, полна со природни ресурси насекаде, буквално најголемата земја во светот. А потоа, ха ха, тука е Украина, која има кучиња отпорни на радијација и Чернобил… А администрацијата на Бајден рече – о да, тоа е сојузникот што го сакаме. Одиме да ги фрлиме сите пари на нив. Искрено, ако ништо друго, САД требаше да испратат пари во Русија“, се вели во снимката.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Момче во Германија повлекло девојка под воз што доаѓал од спротивен правец, двајцата се мртви
Во Хамбург во четврток, две лица загинаа на метро станицата Вандсбек Маркт откако маж влечеше жена на шините пред воз што доаѓаше од спротивната насока. Полицијата се сомнева во убиство и започна истрага, а според првичните информации, сторителот и жртвата не се познавале, пишува Шпигел.
Според досегашните сознанија на полицијата, жртвата е 18-годишна девојка која чекала на перонот воз во правец на центарот на градот.
Сторителот, 25-годишен маж по потекло од Јужен Судан, стоел одвоено од неа. Во еден момент, тој одеднаш ѝ се приближил, ја зграпчил и, од сè уште непознати причини, ја влечел на шините, точно пред возот што влегувал во станицата. Двајцата починале на местото на несреќата.
Свет
46 жртви во железничката несреќа во Шпанија
Смртта на 43-годишна жена која била на одделот за интензивна нега во болницата Реина Софија во Кордоба го зголеми бројот на жртви во железничката несреќа кај Адамуз, која се случи на 18 јануари, на 46, соопштија владини извори.
Дваесет и осум од вкупниот број жртви биле од провинцијата Уелва, пренесе „Паис“.
Жртвата, жителка на Ла Палма дел Кондадо, била меѓу патниците на возот Алвија од Мадрид. Во моментот на несреќата се враќала по полагање испит за затворски чувар. По несреќата била на интензивна нега поради сериозни проблеми со белите дробови.
Од вчера, 16 од 126-те повредени патници и понатаму се во болниците во Андалузија, од кои двајца се на интензивна нега. Андалузиската здравствена служба извести за уште едно отпуштање од болница и за еден пациент кој го напуштил одделот за интензивна нега.
Поради смртта на најновата жртва, шпанската влада одлучи да ја одложи државната комеморација закажана за денеска. Шпанскиот премиер Педро Санчез вети дека државата ќе продолжи со истрагата и ќе им дава поддршка на семејствата погодени од трагедијата.
Свет
Пак загинати во израелски напади во Газа
Најмалку 12 Палестинци утрово загинаа во израелски напади на јужниот и северниот дел на Појасот Газа, соопштија болниците во Газа.
Ова е еден од израелските напади со најголем број жртви откако стапи во сила примирјето во Појасот Газа на 10 октомври.
Во нападите се погодени локации на северот и југот на Појасот Газа, вклучувајќи станбена зграда во градот Газа и шатор во Кан Јунис, рекле официјални претставници на болниците. Тие навеле дека меѓу жртвите има две жени и шест деца.
Министерството за здравство на Газа, кое е под контрола на Хамас, соопшти дека повеќе од 500 Палестинци се убиени во израелски напади од почетокот на примирјето на 10 октомври.

