Свет
Над 300.000 лица избегале од немирите во Конго комплицирајќи ја борбата со еболата
Над 300.000 луѓе избегале од меѓуетничкото насилство во североисточната Демократска Република Конго од почетокот на јуни комплицирајќи го следењето и лекувањето на пациентите на ризик од ебола, објавија во вторникот агенциите за помош на Обединетите нации.
Најмалку 161 лице загинаа во една североисточна провинција на Демократска Република Конго во изминатата недела, објавија локалните власти во понеделникот.
„Се верува дека поради насилството во североисточните делови на Демократска Република Конго, раселени се повеќе од 300.000 лица од почетокот на јуни. Ситуацијата во провинцијата Итури се влоши од средината на минатата недела“, изјави портпаролот на агенцијата за бегалци на ОН, Бабар Балох.
Додека жителите на Конго бегаат од насилството во огромен број, постои страв дека уште повеќе луѓе ќе се обидат да бараат засолниште во Уганда преминувајќи го езерото Алберт, рече Балох.
Од епидемијата на ебола во Конго, која минатата недела се прошири и во Уганда, од август досега заболеле 2.168 лица, од кои починале 1.449. Провинцијата Итури имала околу 10 проценти од случаите и смртни случаи, изјави портпаролот на СЗО, Тарик Јашаревиќ, кој истакна дека секојпат кога луѓето се движат во голем број, се отежнуваат следењето на болеста, заболените и контактите што тие ги остваруваат во рок од 21 ден колку што трае периодот на инкубација.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
(Видео) Херојот на плажата Бонди се опоравува од прострелните рани во болница
Ахмед Ал Ахмед е фотографиран во болница како се опоравува од прострелните рани што ги добил за време на нападот. 43-годишниот татко на две девојчиња се сретнал со премиерот на Нов Јужен Велс, Крис Минс, во понеделник, кој го нарекол „херој од вистинскиот живот“. Минс рекол дека неговата извонредна храброст, со голем личен ризик, спасила непознат број животи.
Според неговите родители, Ахмед бил застрелан повеќе пати во рамото и сè уште е во болница, објави ABC.
❗️Shocking footage. A passerby disarmed the shooter “with bare hands” at Bondi Beach in Sydney. pic.twitter.com/UHtHFGjX7Q
— 🪖MilitaryNewsUA🇺🇦 (@front_ukrainian) December 14, 2025
Ахмед Ал Ахмед совлада еден од напаѓачите за време на нападот и му го зеде оружјето. На видеото кое се прошири на интернет го прикажува 43-годишниот сопственик на продавница за овошје Ахмед Ал Ахмед како трча кон напаѓачот и му го грабнува оружјето. Откако му го зел оружјето, тој го насочил кон него, принудувајќи го да се повлече.
Американски милијардер донира речиси 100.000 долари за херојот од Бонди Бич
Американски милијардер донираше речиси 100.000 долари – максималниот износ дозволен за онлајн донација – на човекот наречен „херојот на плажата Бонди“. Донацијата изнесува 99.999 долари, што е околу 85.000 евра.
Европа
(Видео) Украинците ја нападнаа Москва со беспилотни летала
Руската престолнина синоќа повторно беше цел на беспилотни летала, изјави градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин. Ова е втор голем напад со беспилотни летала за помалку од една недела, по големиот напад на 10 декември, објави „Киев Индепендент“.
Русите: Соборивме најмалку 18
Според Собјанин, руската воздушна одбрана собори најмалку 18 беспилотни летала што се движеа кон Москва. Тој рече дека нема извештаи за жртви или штети и дека службите за итни случаи ги расчистуваат остатоците од соборените беспилотни летала.
Taking the war to russian’s front door in Moscow tonight:
🔥Drones are attacking Moscow: explosions are heard and smoke is rising. Muscovites are panicking. Cope is real. pic.twitter.com/45Ca3Wym77
— Beefeater (@Beefeater_Fella) December 14, 2025
Руското Министерство за одбрана подоцна објави подетални податоци, тврдејќи дека вкупно 130 беспилотни летала биле пресретнати низ Русија преку ноќ. Од нив, велат тие, 25 биле соборени над Московскиот регион.
Експлозии и прекини во сообраќајот
Жителите на истринскиот округ, околу 40 километри западно од Москва, пријавија повеќе од десетина гласни експлозии, објави рускиот Телеграм канал Шот. Експлозии се слушнале и во Кашира и Коломна, јужно од главниот град.
Нападите доведоа и до привремени ограничувања на воздушниот сообраќај на московските аеродроми Жуковски и Домодедово. Претходните напади, исто така, ги прекинаа воздушните операции, приземјувајќи и одложувајќи стотици летови.
Свет
Шефицата на британскиот МИ6 предупредува: Путин е решен да извезува хаос низ целиот свет
Блез Метревели, новата шефица на британската служба за надворешно разузнавање МИ6, денес ќе предупредиза решеноста на рускиот претседател Владимир Путин да извезува хаос низ целиот свет и вели дека ова ги менува правилата на конфликтот и создава нови безбедносни предизвици.
Блез Метревели ќе го искористи своето прво јавно обраќање како шеф на британската разузнавачка служба за да каже дека Велика Британија се соочува со сè понепредвидливи и меѓусебно поврзани закани, со акцент на „агресивната експанзионистичка“ Русија, пренесуваат медиумите во регионот.
„Извозот на хаос е карактеристика, а не маана, на пристапот на Русија кон меѓународниот ангажман и треба да бидеме подготвени дека ова ќе продолжи сè додека Путин не биде принуден да ја промени својата пресметка“, ќе рече таа, според делови од говорот објавени од британското Министерство за надворешни работи, кое е контролирано од МИ6, според написите.
Минатата недела, Велика Британија воведе санкции врз голем број руски медиумски компании за наводно информациско војување и две кинески технолошки фирми за „обемни и неселективни сајбер активности“. Метревели е првата жена што ја предводи MI6 откако е основана во 1909 година.
Фото: депозитфотос

