Свет
Над 500 тела ексхумирани од масовни гробници во Рака

Локален функционер во Рака изјавил дека повеќе од 50 тела до сега се ексхумирани од една од најголемите масовни гробници отркиена во близина на сирискиот град, некогашен главен град на калифатот на екстремистичката Исламска држава.
По повеќе од еден месец кога почна копањето на масовните гробници во Панорама, форензичарски тимови продолжија да ископуваат тела закопани за време на четиримесечната кампања за ослободување на градот Рака.
Се проценува дека таму биле погребани околу 1.500 луѓе, пренесе АП.
„До сега се ексхумирани 516 тела“, рекол локалниот функционер вклучен во работата на ексхумацијата, Хамуда ел-Шавака.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Шефот на руското разузнавање разговарал со директорот на ЦИА

Шефот на руската надворешна разузнавачка служба Сергеј Наришкин синоќа остварил телефонски разговор со директорот на американската ЦИА Џон Ретклиф, јави денеска руската агенција Интерфакс.
Тие разговараа за соработката меѓу нивните разузнавачки агенции и кризниот менаџмент, се вели во соопштението.
Европа
Пристигна реакцијата на Лавров за можниот мировен договор со Украина

Говорејќи во контекст на можниот мировен договор со Украина, рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров во интервју изјави дека Москва ќе избегне компромиси кои ќе ги загрозат животите на луѓето, пренесоа руските новински агенции.
Лавров истакна дека Русија нема да прифати присуство на силите на НАТО во Украина под никакви околности, дури и како дел од трајно мировно решение.
Изјавата ја даде вчера, но интервјуто беше објавено дури денеска.
Европа
(Видео) Русите го нападнаа регионот на Киев со дронови, горат куќи

Руските сили синоќа со беспилотни летала го нападнаа регионот на Киев, при што запалија неколку семејни куќи.
Aftermath of a Russian attack in Kyiv region. Residential houses caught fire after being hit by deadly drones. pic.twitter.com/bYxIvhVWe4
— KyivPost (@KyivPost) March 12, 2025
Засега нема извештаи за жртви.