Свет
Напаѓачот кај Ајфеловата кула обвинет за убиство поврзано со тероризам
Осомничениот напаѓач од Париз, кој минатиот викенд уби едно лице во близина на Ајфеловата кула, е обвинет за убиство и обид за убиство во врска со терористичка организација, соопшти француското обвинителство за борба против тероризмот.
Французинот идентификуван како Арманд Раџабпир-Мијандоаб во саботата уби германски турист и рани уште две лица. Тој вети верност на Исламската држава, изјави претходно обвинителот за борба против тероризмот Жан-Франсоа Рикар.
Неговиот адвокат рече дека е сместен во самица.
Раџабпир-Мијандоаб беше уапсен по смртоносниот напад на 23-годишен германско-филипински турист и ранувањето на уште две лица во саботата, недалеку од Ајфеловата кула во француската престолнина, која е домаќин на Летните олимписки игри за неколку месеци. од 26 јули до 11 август.
Претседателот Емануел Макрон рече дека станува збор за терористички напад. 26-годишникот, познат на безбедносните служби по исламски радикализам и лице со психолошки проблеми, изјавил дека реагира на прогонот на муслиманите во светот, открил извор близок до истрагата.
Според изворот, напаѓачот рекол дека ја избрал оваа локација бидејќи не можел да поднесе Ајфеловата кула да биде осветлена во боите на Израел.
Пред самиот напад тој се заколнал на верност на Исламската држава.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Нетанјаху: Ќе ги донесеме сите заложници дома
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху го коментираше враќањето на првите жени заложнички во Израел.
Тој го поздрави ослободувањето на Роми Гонен, Дорон Штајнбречер и Емили Дамари.
„Овој момент е постигнат благодарение на пожртвуваноста и борбата на нашите херојски борци – хероите на Израел“, пишува Нетанјаху на „Икс“.
„Ветувам: сите ќе ги донесеме дома!“, додаде.
Свет
Tрите девојки кои Хамас ги држеше повеќе од година во заложништво се соединија со своите мајки
На профилот на Израел на „Икс“ објавени се емотивни фотогрфии од средбата на ослободените заложнички со нивните мајки.
Тие денеска се вратија дома, како дел од договорот за прекин на огнот, кој вклучува етапно ослободување на заложниците кои Хамас ги грабна на 7 октомври 2023 година, кога го напдна Израел, по што почна војната во Газа.
There’s nothing stronger than a mother’s embrace ❤️
Welcome home Emily, Doron and Romi 🇮🇱🎗️ pic.twitter.com/FLCc4qgLbz
— Israel ישראל (@Israel) January 19, 2025
Свет
Видео од моментот на преземање на заложничките од страна на израелската војска
Објавена е снимка на која израелската армија ги презема трите заложнички кои денес ги ослободи Хамас, како дел од договорот за прекин на огнот.
Девојките се пренесени во Израел.
🔴Μια στιγμή που δεν θα ξεχάσουμε ποτέ: Η Emily, η Romi και η Doron μεταφέρονται από τον Ερυθρό Σταυρό στους IDF 🇮🇱🎗️❤️ pic.twitter.com/ndH9UJISJC
— Israel in Greece 🇮🇱🇬🇷 (@IsraelinGreece) January 19, 2025
Објавена е и фотографија од заложничката Емили Дамари. Емили има преврзана рака, но изгледа добро расположена.