Свет
Напаѓачот што убил десет лица во Калифорнија извршил самоубиство
Осомничениот вооружен напаѓач, кој уби 10 луѓе и рани уште 10 за време на прославата на Лунарната Нова година во паркот „Монтереј“ во Лос Анџелес, околу 12 часа по опколувањето од полицијата, извршил самоубиство, соопштија властите во Калифорнија.
Вооружениот 72-годишен маж се обидел повторно да го употреби своето огнено оружје во друг клуб, само неколку минути по првото пукање, но властите рекоа дека двајца случајни минувачи му го одзеле оружјето пред да пука и тој побегнал од тоа место, пренесува „Ројтерс“.
Шерифот на округот Лос Анџелес, Роберт Луна, го идентификува осомничениот како Хуу Кан Тран за кој рече дека пукал со огнено оружје во популарен танцов клуб со сениори во паркот „Монтереј“, источно од центарот на Лос Анџелес.
Луна не идентификува ниту една од жртвите, но рече дека се убиени пет мажи и пет жени на возраст од 50, 60 и повеќе години.
Од 10-те повредени во оваа престрелка, седум се хоспитализирани, а најмалку едно лице е во критична состојба, наведува британската агенција.
Истрагата сè уште не ги утврдила мотивите за ова злосторство, рече Луна.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Убиени и ќерката, зетот и внукот на ајатолахот Али Хамнеи, јавуваат иранските медиуми
Ќерката, зетот и внукот на врховниот лидер на Иран, Али Хамнеи, се убиени во нападите, соопшти новинската агенција “Фарс“, која е поврзана со Корпусот на Исламската револуционерна гарда, повикувајќи се на „добро информирани извори“ во канцеларијата на врховниот лидер, објави вечерва „Би-Би-Си“.
„Фарс“, исто така, соопшти дека „една од снаите на ајатолахот Хамнеи е исто така убиена во нападите“.
Извештаите за смртта на снаата и зетот на Хамнеи претходно циркулираа, но подоцна беа демантирани.
Иранските власти сè уште официјално не ја потврдија смртта на самиот врховен лидер на Иран.
Фото: ЕПА
Свет
(Видео) На улиците на Техеран, Иран, се слави убиството на Али Хамнеи
Со музика и танцување вечерва жителите на многу ирански градови слават за убиството на лидерот на Исламската Република, ајатолахот Али Хамнеи, објави на социјалните мрежи „Иран интернешнл“.
Видео од Техеран покажува насмеани луѓе излезени на улица откога ја добиле веста дека Али Хамнеи е убиен.
Во Караџ голем број граѓани танцуваат на улица, а жителите пак на Бандар Абас се излезени на улиците со автомобили и слават со сирените.
86-годишниот Али Хамнеи беше на власт речиси четири децении, од 1989 година. Имаше врховна власт, владееше со владата, со војската и со судството во шиитската Исламска Република.
Свет
(Видео) Хрват од Дубаи: Во засолниште сме, не знам што ќе биде понатаму
Хрватскиот државјанин Тони Дабиновиќ, кој моментално е во Дубаи, сведочеше за ненадејна евакуација во засолниште што се случила во текот на ноќта. Како што изјавил за хрватски Индекс, тој и другите гости на хотелот биле преместени на безбедна локација откако се вклучиле сирените за тревога.
„Се наоѓаме во засолниште. Бев во хотелот, а сега сите нè сместија во засолниште, во зграда помеѓу хотелите“, рече тој. „Сега е 1:30 часот наутро. Сите нè преместија во засолниште. Имаше сирени и сигнал за тревога преку нашите мобилни телефони што сите го добивме за да се засолниме. Не знам што ќе се случи потоа“, додаде Хрватот од Дубаи.

